Постојат различни радости. Постои радост што е мирна и светла, што ни дава јасна среќа, но постои и бурна радост, полна со задоволство и еуфорија.
Значи, овие две различни радости настануваат од два различни хормони. Неограничена радост и еуфорија – хормонот допамин. Спокојна и светла радост – хормонот серотонин.
Да разјасниме: Серотонинот првенствено не е хормон, туку невротрансмитер во мозокот, т.е. супстанца која пренесува импулси помеѓу мозокот и нервните клетки. Во хормон се претвора само кога ќе влезе во крвотокот.
Каде се наоѓа серотонинот? Се наоѓа во многу внатрешни органи (желудник, мускули, кардиоваскуларниот систем, итн), но голем дел од него се наоѓа токму во мозокот, каде што влијае на работата на клетките и ги пренесува информациите од еден до друг дел од мозокот.
Серотонинот ја регулира работата на клетките кои се одговорни за расположението на човекот, меморијата, социјалното однесување, сексуалната желба, способноста за работа, концентрацијата, итн. Доколку мозокот има недостаток на серотонин, симптомите кои се јавуваат се: лошо расположение, зголемена анксиозност, замор, расеаност, недостаток на интерес за спротивниот пол, депресија, вклучувајќи ги и најтешките форми.
Недостатокот на серотонин е исто така одговорен и за оние случаи во кои не можеме да се ослободиме од предметот на обожување од нашите глави, или, алтернативно, не можеме да се ослободиме од опсесивни или застрашувачки мисли.
Многу е корисно за психолозите да знаат дека сите психолошки проблеми не се решаваат со разговори, туку понекогаш е неопходно пациентот да ја поправи својата внатрешната хемија.
Всушност, ако човекот го подигне нивото на серотонин, кај него исчезнува депресијата, престанува каењето за непријатни искуства и на место на проблемите доаѓаат убави работи, добро расположение, радот за животот, прилив на сила и енергија, активности, интерес за спротивниот пол. Според сето ова, можеме да заклучиме дека серотонинот претставува антидепресив, кој ја отстранува депресијата и го прави животот на еден човек радосен и среќен.
Како да го зголемите нивото на серотонин?
Наједноставниот и најпристапниот начин е да се биде колку што е можно повеќе на светлина, под сјајните сончеви зраци, или барем во домот да се направи подобро осветлување. Ако неколку екстра светилки ги отстранат вашите депресивни мисли – тогаш веднаш треба да го направите тоа.
Друг, поевтин начин – треба да почнете да се грижите за вашата позиција. Свитканиот ‘рбет и невнимателното држење на телото предизвикува намалување на нивоата на серотонин и речиси автоматски предизвикува чувство на срам и некои чувства на вина. Правилното држење на телото предизвикува зголемено ниво на серотонин и со тоа ја зголемува самодовербата и расположението.
Третиот начин да го зголемите нивото на серотонин е во исхраната да ги користите оние производи кои ќе придонесат за негово лачење. Интересно, серотонинот како таков во производите не постои. Производите содржат аминокиселински триптофан, од кој организмот произведува серотонин.
Рекордер со содржина на триптофан е тврдото сирење. Малку помалку триптофан содржи крем сирењето. Потоа следуваат посно месо, јајца и леќа. Исто така, голема количина триптофан содржат и печурките, како и грав, просото и хмељот.
Дополнително, доколку нивото на серотонин во вашето тело е ниско, неопходни ви се витамини од Б комплекс. Тие се наоѓаат во џигер, овес, грав и зелената салата. Исто така, потребни ви се и производи кои содржат магнезиум (магнезиумот исто така го стимулира производството на серотонин). Тоа се: ориз, суви сливи, суви кајсии, алги. За да се подигне нивото на серотонин, јадете банани, дињи, смокви, тикви, портокали.
Покрај правилната исхрана, постојат и други извори на серотонин.
За зголемување на нивото на серотонин помога физичката активност. Одвоите барем 20 минути на ден за да вежбате било каков спорт (трчање, пливање, танцување, итн.), И наскоро ќе добиете добро расположение и ќе се чувствувате подобро. Ако не можете да спортувате – пешачете.
Физичката активност се дополнета со добар сон: за лачење на серотонин неоходно е да сте наспани. Свежиот воздух (и уште еднаш – сонцето) исто така помага да се зголеми нивото на серотонин. Комуницирајте повеќе со вашите пријатели и опкружувајте се со луѓе кои добро блијаат врз вашето расположение, работете ја работата што ја сакате, слушајте ја вашата омилена музика, обезбедете си повеќе пријатни моменти – ова сигурно ќе ви помогне.
Важно! Причинско – последичната врска помеѓу количината на серотонин во телото и расположението е “двонасочна”, ако се зголемува нивото на оваа супстанца, се создава добро расположение; ако се појави добро расположение – започнува да се лачи серотонин.
Agape Bio Well