За нас

За менталното здравје

Менталното здравје е важен фактор кој треба да се разгледува како капацитет, кој не е доволно само да се зачува, туку треба и да се унапредува. Пристапот кон менталното здравје укажува дека патогенезата кон факторите за болест доминира во науката, додека потрагата по факторите за здравје кои помагаат да се надминат загрозувачките случувања била запоставена. Односот кон менталното здравје и стресот е комплексен и зависи од природата на стресорот како и од самиот поединец.

Научно е докажано дека долготрајниот стрес влијае негативно врз здравјето и убавината. Кога сме среќни и задоволни од самитите себе зрачиме со позитивна енергија и истата ја пренесуваме на околината.

Центарот Agape Bio Well ви нуди спој на древните учења и науката во справување со менталните и емоционалните проблеми. Ние ви нудиме можност да се самоспознаете и да започнете проблемите во животот да ги гледате како препреки кои лесно ќе ги надминете. Современиот начин на живеење ни наметна стандарди за кои мислиме дека не интегрираат, а всушност не разделуваат. Мислиме дека не спојуваат и вртат едни кон други, а реално не отуѓуваат бидејќи го маргинализираат вистинското – човечноста, нашето вистинско ЈАС.

За здравјето и убавината

Денес со сигурност можеме да потврдиме дека сѐ што постои вибрира со некаква фреквенција. Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација и резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања и стареење.

Методите за подмладување кои се користат во традиционалната медицина и козметологија иако се успешни не можат да го спречат процесот на стареење. Многу истакнати научници низ вековите се труделе да ја откријат тајната на младоста, но оваа мистерија останала нерешена.  Денес сме на прагот на големи откритија благодарение на развојот на квантната физика и физиката на ласерите.

Методите за подмладување кои се користат во центарот Agape Bio Well влијаат на длабинска регенерација на организмот и тоа на субатомско ниво и се засноваат на квантната генетика, физиката на ласери како и на научните сознанија за водата.

За Агафи Гаџова

Агафи Гаџова е сопственик на центарот Agape Bio Well. По струка е дипломиран инженер по биохемија и физиологија.

Интересот кон квантната физика и метафизиката како и кон новите гранки во биологијата како квантна генетика, биологија на верувањето и епигенетиката, беа причина да продолжи да се развива во таа насока бидејќи на прашањето што навистина преставува свеста и кој ја дава иницијалната наредбата за започнување на метаболитичките процеси во организмот конвенционалната наука нема одговор.

Со појавата на квантната физика многу работи во науката вртоглаво почнаа да се менуваат. Квантната физика докажува дека не постои материјален свет туку дека сè е енергија, едно големо информационо поле во кое сè е поврзано надвор од времето и просторот и во кое поле сите субатомски честички меѓу себе комуницираат. Ова информационо поле се нарекува квантно поле, чиста свест, универзална интелигенција.

Соработува со следните универзитети и центри:

  1. Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика во Санкт Петерсбург на чело со д-р. Константин Коротков, професор по компјутерски науки и биофизика и е дел од тимот на компанијата Bio-Well (https://www.bio-well.com/gb/company/practitioners.html) која ја произведува Bio Well камерата, уред кој на прецизен начин го мери нивото на стрес во организмот како и можните импликации врз поединечни органи и органски системи.
  1. Центарот за подобрување на физичкото здравје Молекула Загреб (https://www.molekula-zdravlje.com/ ) кои се официјални претставници на Руската академија за медицински и технички науки, оддел за фреквентно-јазична генетика  (wave and linguistic genetic) или квантна генетика (http://eng.wavegenetic.ru/)  која користи иновативен патентиран модел за регенерацијата на организмот и спречување на процесот на стареење.
  1. Институтот за практична психологија Besser-Sigmund – Institut GmbH од Хамбург, Германија ( https://besser-siegmund.de) и е сертифициран Wingwave® тренер.
  1. Д-р Весна Даниловац од Белград (https://www.vesnadanilovac.com/ ) каде ја заврши обуката за енергетската техника Квантна Хармонизација.
  1. Маријана Јовикиќ од Белград ( https://marijanajovikic.com/ ) каде ја заврши обуката за енергетската и вербална техника Access Bars®.

Да се згази професијата не значи ништо друго, освен да се уништи својата вистинска природа. Затоа луѓето кои исправено ја носат логиката на професијата живеат смислен и достоинствен живот. Кој го прифаќа отфрлањето на правилата на професијата, или „само“ ги нарушува- го нарушува сопствениот живот.

Партнери

Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика во Санкт Петерсбург на чело со д-р. Константин Коротков, професор по компјутерски науки и биофизика и е дел од тимот на компанијата Bio-Well

https://www.bio-well.com/gb/company/practitioners.html

Центарот за подобрување на физичкото здравје Молекула Загреб https://www.molekula-zdravlje.com

Руската академија за медицински и технички науки, оддел за фреквентно-јазична генетика  (wave and linguistic genetic) или квантна генетика http://eng.wavegenetic.ru.

Институтот за практична психологија Besser-Sigmund – Institut GmbH  од Хамбург, Германија
https://besser-siegmund.de