Како вистински научник, Петар Гарјаев прво го тестирал новиот метод на себе. Студиите покажале дека експериментот е успешно спроведен. Овој уникатен експеримент, докторот по биолошки науки, академик на Руската Академија за Медицински и Технички науки, член на Њујоршката Академија на Науките, Петар Гарјаев го започнал во 1996 година.
Суштината на откритието на Гарјаев се заснова на развој на нова научна гранка во генетиката т.н. бранова-јазича (квантна) генетика (https://wavegenetics.org/en/)
Новиот метод на подмладување се нарекува: бранова генетска и метаболитичка терапија.
Ефикасност
Според академските студии, употребата на билни препарати во форма на капсули и тоници, не го даваат посакуваниот резултат. Во човечкото тело, биолошки активните препарати брзо се разградуваат и се излачуваат од телото.
Ботоксот и остнатите филери кои се користат во козметологијата се со краток рок на траење.
Еве што вели Акдемик Гарјаев за бранова генетска и метаболитичка терапија.
– „Всушност, нашата опрема е модел на првиот вистински биолошки компјутер кој користи генетско-метаболитичка бранова меморија како основна структура на информации“ – објаснува Гарјаев.
– „Таквиот биокомпјутер чита и пренесува терапевтски и подмладувачки информации, не само од живите клетки и нивните гени, туку и од небиолошки супстанции, како што се минералите, на пример. Исто така е можно да се пренесат информации од витамини, хормони и други биолошки активни супстанции“.
– „Работата на нашиот биокомпјутер се заснова на принципите на генетска лингвистика, холографија и феноменот на враќање на Fermi – Pasta – Ulam (FPU)“ – објаснува Гарјаев.
– „Овој феномен е многу добро познат во науката. Суштината на феноменот на враќање на FPU е дека сите живи клетки на организмот се сеќаваат на нивната млада состојба и можат да се вратат во неа – како што, на пример, се случува при зачнувањето. Оплодената јајце клетка е враќање во многу младата состојба на таткото и мајката. Истото се случува кога ласерот „ја чита младоста“ од младото ткиво и клетките и делумно ги враќа во старите клетки и ткиво на постарата личност. За тоа може да се користат и природните состојки на организмот: витамини, хормони и други супстанци“.
Информацијата што ја поседува ДНК може со специјална техника со нискофрекфентни ласери да се претвори во матрица (запис) која подмладува и регенерира на тој начин што се користат биолошки активни компонети како на пример гинсенг, мумио, матична млеч, лековити чаеви и др. кои се обработуваат и се преведуваат во звук кој делува на субатомско ниво. Треба да се напомене дека се користат специјални ласери кои ги симулираат квантно – информационите процеси на хромозомите и тоа на ниво на фотон т.е. спин на фотон. Овие матрици се наречени универзални матрици или програми.
Предложените програми (матрици) ги активираат биолшчки активните својства на клетките (ДНК, РНК, протеини и други метаболити) и со тоа го успоруваат процесот на стареење на квантно ниво. Раликата помеѓу класичните методи и квантната техника е таа што што со класичните методи, подмладувањето е површно, а со оваа техника, регенерацијата се одвива на субатомско ниво и како основа се користи квантен еквивалент на ДНК.
-„Матрицата може да вклучува и живи клетки и биоактивни супстанци, избрани поединечно за секоја личност. Тоа се алкалоиди, пептиди, аминокиселини, масни киселини, витамини и други медиуми, вклучувајќи ДНК – објаснува Гарјаев – но тие не се земаат произволно, туку во одредена комбинација и пропорции“.
– „Ние сме збир на елементарни честички, т.е. секоја патологија, вклучително и стареењето, е особено видлива на квантно ниво“ – вели Гарјаев. „Влијаејќи на оваа „старосна патологија“, му даваме на телото задача да ја користи матрицата за да го промени метаболизмот во права насока. Главна задача е да се генерира исто електромагнетно поле како кај младо човечко тело“.
Agape Bio Well