СИЛАТА Е ВО ВАС – МОЌТА НА ПОЗИТИВНОТО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Медицината нема одговор: повеќе од 3.500 сериозно болни пациенти се опоравиле самостојно. Тумор на мозок, слепило, хронични заболувања, паразити кои исчезнуваат преку ноќ.

Не, е бајка, туку податоци од Институтот за ноетичка наука, кои досега собрале повеќе од 3.500 медицински досиеја за луѓе чии болести, понекогаш во завршна фаза, се повлекле – сами по себе.

Конвенционалната медицина сè уште нема одговор за овој феномен наречен „спонтано повлекување“. Како се случува туморот што дури и операцијата не може да го отстрани, едноставно исчезне од човечкото тело? Како се случува, некоја личност која вчера сè уште не можела да држи лажица во рацете денес, да готви ручек за своето семејство и да ги вози децата на училиште?

На ова прашање одговараат алтернативни лекари.

Тие тврдат дека одговорот е јасен – моќта на позитивното размислување или т.н. плацебо-ефектот нема граници, затоа го прави она што за многумина е незамисливо – и ги тера најтешките болести кон пораз. И со помош на необични лекови – љубов, благодарност и задоволство. Овие чувства, порачуваат алтернативните лекари, дејствуваат како приватни заштитници на менталното, а подоцна и на физичкото здравје.

Најголемиот непријател на човекот – стресот!

Околу 90% од сите болести во човечкото тело предизвикуваат стрес, покажале  досега спроведените истражувања, додека гените, околината и лошите навики на живеење  се само малцинство. Стресот влегува во животот на човекот преку мала врата – товарот на секојдневниот живот, деловните обврски, грижата за здравјето и безбедноста, понекогаш создаваат хроничен психолошки притисок за кој личноста не е ни свесна.

Телото не знае вистински и лажен страв, тоа знае страв и грижа, без разлика дали е реално (некој физички ви се заканува) или тоа е само прашање на грижа за иднината. Во оваа состојба, автономниот нервен систем секогаш делува како заштита, активирајќи се за решавање на заканата.

Адреналинот и кортизолот што се лачи го забрзуваат срцевиот ритам, дишењето и работата на мускулите, крвниот притисок, додека дигестивниот и репродуктивниот систем се ставаат во мирување.

Во случај кога заканата е лажна, кога причина за тој стрес е загриженост или страв, кога не можете да избегате од него со прескокнување на ограда или со постапка на соборување, се троши целата таа моќна енергија залудно.

Ден за ден, таквата состојба го осиромашува телото и доведува до појава на проблеми – воспалителни процеси, ослабен имунитет и појава на хронични болести, бидејќи телото и умот не можат да се опорават на време.

Без одмор, мир, без време човекот да се посвети на себеси, телото е во постојана фаза на исцрпеност што доведува до сериозни медицински состојби.

Лекови: љубов, благодарност и радост. Како тогаш може да помогне едноставен гест на благодарност?

Едноставно, докажуваат медицинските феномени – луѓе кои одбиле лекови, хирургија, хемотерапија, зрачење и други конвенционални методи за лекување на болеста.

Тие докажале дека плацебо ефектот и љубовта, благодарноста и задоволството ги поништуваат ефектите на стресот врз телото. Тие го стимулираат производството на заштитни антитела, го зајакнуваат имунитетот и го ублажуваат воспалението и му помагаат на телото да се бори против патогените микроорганизми. Создаваат залихи што досега биле исцрпени и им даваат на телото, умот и духот нова сила.

Дејствуваат на природен начин како превенција и терапија истовремено.

Овие природни лекови, бесплатни и достапни за секого, можете да ги акумулирате без страв и штета на организмот, бидејќи тие можат само да помогнат.

А постојат неколку начини да се зајакне нивното „производство“ ако случајно немате доволно од нив.

Dr. Cynthia Thalk, кардиолог, потврдил дека љубовта докажано делува на срцето.

„Секоја мисла и секоја емоција предизвикува стотици и илјадници нови невропептиди и хормони кои создаваат посебна симфонија на позитивни или негативни ефекти врз човечкото тело“, вели таа, истакнувајќи дека зајакнувањето на емпатијата и љубовта има моќно влијание врз лекувањето на кардиоваскуларните болести.

Хуморот е иста така уште еден силен одбранбен механизам на телото – тој е посилен од стравот и очајот, ги релаксира мускулите и ја ублажува болката. Науката потврдува дека смеата ги „збунува“ рецепторите задолжени за препознавање на болката, па затоа ја чувствувате во многу поблага верзија.

Во исто време, смеењето и радоста го стимулираат враќањето на имунитетот и ја зајакнуваат самодовербата.

Алтернативната медицина исто така препорачува медитација, која ја ублажува напнатоста, го стимулира делот од мозокот одговорен за среќа и позитивност, обезбедува поголеми нивоа на кислород во крвта и ја зголемува праната.

Моќни природни лекови, билки, овошје и зеленчук, зачини исто така можат да помогнат.

Но, најважното нешто…è  да се верува дека постои решение.

Бидејќи, исто како што стресот, кој телото сам го храни, е способен да предизвика болест, така се и љубовта, благодарноста, сигурноста и другите позитивни мисли, емоции и размислување кои способни да го обноват телото и да го излечат.

Здраве Колев