ЧУДАТА, БОЖЈАТА ЧЕСТИЧКА И КВАНТНАТА ГЕНЕТИКА

Бевме договорени неделниот ден да го поминеме на Матка. Добивам порака дека наместо на Матка, ќе пешачиме на Водно и ќе одиме до Св. Пантелејмон. Со оглед на тоа што мојот поглед на случувањата во животот драстично се промени и почнав да ги прифаќам промените со длабок мир и верба, си реков, мора да има причина зошто има промена на планот. Вчера врнеше, лизгаво е и може да се повредиме одејќи накај Шишевски Манастир. Ова е главната причина зошто моите драги пријатели се одлучија за промена на релацијата.

Но ништо не е така како што изгледа! Ништо не е случајно!

Кога стигнавме до Св. Пантелејмон, прво влеговме во црквата. Она што ми падна во очи, беше иконостасот каде беше насликан Исус, нацртан од страна на руски сликар. Во ореолот имаше геометриски фигури (си помилсив, ова е сакрална геометрија) и поставеноста на прстите на неговата десна рака ми беше чудна. Побарав објаснување од монахот кој беше со нас. Разговорот, некако чудесно почна да се одвива во друга насока. Здогледав уметничка слика од Св. Пантелејмон. Реков дека сакам да ја купам бидејќи сум родена на денот кога православната црква го слави Светецот. Монахот ми вели моето монашко име е Пантелејмон.  Го погледнав вчудоневидено! Ми вели, Вие како се викате? Агафи, реков. Бидејќи моето име е необично и сите го поврзуваат со Агапе, му објаснив на монахот дека најверојатно е руско име, широко застапено во Сибир. Правилно е Агафија (така се викала и мојата баба) и дека е многу интересно што ова име го имаат жени во Сибир кои се бават со природни науки,  познавачи се на лековитите својства на растенијата и.т.н. По професија сум биохемичар и верувам дека на некој чудесен начин љубвота кон природните науки ми било одредено со името но и со Св. Пантелејмон, кој лекувал. Монахот ме праша со што се занимавам. Ме слушаше со особен интерес, особено кога почнав да му објаснувам за лингвистично-фреквентната генетика (квантна генетика) и квантните матрици на Гарјаев. Се обидов да објаснам на едноставен јазик на следниот начин:

Сите знаеме за генетичкиот инженеринг. Се врши “операција” на ДНК, се извлекуваат гени и се пренесуваат од еден на друг организам. Дали тие гени ја носат во себе точната и што е најважно, целосната информација за да може примателот правилно да ја насочи новата наредба без последици?  Го кажав примерот со лабораториски синтетизираната бактерија Синтија која требаше да ја разложи нафтата во мексиканскиот залив. Да, Синтија ја изеде нафтата, но во исто време го уби и целиот жив свет. Зошто се случи ова? Одговорот е повеќе од јасен. На Синтија и беше дадена нареба да уништи, но не и беше кажано што точно треба да уништи, односно таа не ја добила точната и целосна информација што точно треба да направи.

Квантната генетика за разлика од класичната, ја користи целата молекула на ДНК на здрави клетки и со помош на високо развиена технологија, био-информацијата што ја носи во себе, ја претвора во звук.  Тој звук се слуша постепено при што доаѓа до правилно насочување на биохемиските процеси и тоа на квантно ниво (квант, најмала честичка од која се изградени атомите) при што телото се регенерира и подмладува. Тоа е јазикот на молекулите во клетката.  Објаснив и која е разликата помеѓу биорезонантната терапија и квантните матрици.  Но сега доаѓаме до еден интересен факт. Информацијата што ја поседува ДНК, не се зема од материјалната ДНК која се наоѓа во јадрото на нашите клетки, туку од нејзиниот матрикс, односно од светлосната ДНК. Гарјаев докажа дека ДНК е светлина и претставува основа од каде материјалната ДНК ги добива наредбите за нејзината работа. По мене, реков, Гарјаев е новиот Никола Тесла. Очите на монахот светнаа.

Продолжив понатака. Реков, истото може да се напарви и со сите биолошки активни материи. На пример, наместо да пиеме витамин Ц, се извлекува аскорбинската киселина од  шипката, се обработува во звук, се слуша при што сите клетки во организмот добиваат чиста природна форма на витамин Ц без никакви штетни последици по организмот.

И тогаш следуваше изненадување. Монахот ми вели, внимателно ве слушав. Знам дека науката оди во друга насока и дека полека но сигурно се докажува постоењето на Бог. Ние во црквата велиме Бог, вие во науката велите Природа или Универзум или Креатор. Сеедно. Тоа е едно исто. Ниеден процес во природата не може да започне без негово одобрување. Понатаму продолжи, во лабораторија во Канада, забележано е дека при оплодување,  САМО онаму каде требало да започне нов живот, помеѓу јајце клетката и сперматозоидот, се појавува бела светлина. Доколку не се појави светлина, оплодената јајце клетка изумира. Се чини дека матриците на Гарјаев, рече монахот, се нешто на што треба да се радуваме. Блиску сме до сознанието како на едноставен начин, иако не разбирлив за многумина, можеме да се исцелиме и која е поврзаноста на Бог со молекулите на ДНК, односно животот.

Реков да, класичната наука нема одговор на прашањето како започнува животот, т.е кој ја дава иницијалната наредба за започнување на животот. Новите гранки како квантната физика, биологија на верувањето, квантната генетика, го потврдуваат постоењето на Бог или креативната интелигенција која се наоѓа секаде околу нас и во нас.

На крај на нашиот разговор, монахот ми подари книга Мисли за женската душа (Есеи за психологија на животот) од Д-р Димитриј Авдеев и Јоана Беседина. Јас и пријателите веднаш ја отворивме книгата и сите ја добивме пораката што требаше да ја чуеме. Занемевме и заклучивме дека причината за посетата на манастирот не бил страв од можни повреди, туку пораките што требаше да ги добиеме.

За мене, оваа средба беше одговор од Универзумот дека сум на прав пат и дека мојата фасцинираност кон лингвистично-фреквентната генетика и квантните матрици на Гарјаев како најлесен и најделотворен начин на регенерација на организмот, со право, се наоѓаат на пиедесталот на најголемите научни светски достигнувања за кои допрва многу ќе се зборува.

Квантната генетика е доказ дека животот не започнува по случаен избор туку дека сите процеси кои се одвиваат во природата се строго контролирани од страна на Креаторот.

За повеќе информации за начинот на делување на квантните матрици можете да закажажете консултативна средба на agape.mkd@gmail.com или на contact@agapebiowell.health.

Текстот е авторско дело и може да се превземе само со одобрување.