ЗА РАБОТАТА НА СЕБЕ И ПОЗИТИВНИОТ СТАВ

„Природата го создава човекот, но општеството го развива и обликува.“ – Белински

Оваа изјава го покренува проблемот дека човекот е био-социјално битие. Значењето на изјавата на рускиот литературен критичар и поет е дека човекот се раѓа како природно битие, а во процесот на животот станува општествено битие.

Ние сме родени како поединци. А во процесот на развојот се среќаваме со влијанијата на социјализација: семејство, училиште, пријатели и сл., кои влијаат на формирањето на општествено битие, т.е. личноста. Личност значи личност со индивидуални карактеристики, општествено, интелектуално и доброволно знаење.

Краток осврт на науката, религјата и “новите“ спиритуални учења

Низ историјата, религијата, филозофијата како и науката имале големо влијание врз развојот на човековото битие.

Живееме во време кога сите информации кои ни ги пласира официјалната наука како и големите медиумски куќи ги прифаќаме како ТОЧНИ. Скоро никој од нас не знае, дека делото „Потекло на видовите“ не е на Дарвин, дека етерот како нулти елемент е исфрлен од периодниот систем на Менделеев и дека Максвеловата равенка е видоизменета  бидејќи етерот како петти елемент не бил во согласност со теоријата на релативност на Ајнштајн. Малкумина се запознаени со тоа дека брилијантната кариера на Никола Тесла згаснува кога тој работел на изработката на првиот автомобил кој користел бесплатен извор на енергија, односно кога изворот на енергијата бил земен од етерот. Изработката на такво возило било финансирано од страна на американската компанија Pierce-Arrow. Се разбира, ваквиот производ бил огромна опасност за компаниите кои произведувале автомобили и кои работеле на нафта. Тие направиле сè да ова големо откритие биде заборавено итн.

Сегашниот образовен систем кој ни го наметнаа ни ја одзема основната карактеристика по која се разликуваме од останатиот животински свет, а тоа е моќта на расудувањето. Целта е создавање на послушна популација која може лесно да се контролира и во името на “демократијата“ да служи како алатка за остварување на егоистичните цели на една многу мала група која владее со светот. За жал, го живееме времето на Орвел.

Историски гледано, исто како и науката, така и религијата била прилагодена на мала група која требала да владее со масата. Па во името на Творецот, биле направени големи неправди врз популацијата. Сите знаеме што се случувало за време на инквизицијата.

Од друга страна пак, религијата вели дека сè што постои е дело на Творецот и дека сè што Тој  создал е совршено. И навистина, ништо што создал човекот не може да се спореди со совршенството на живиот свет. Денес и истражувачката наука го потенцира постоењето на Творецот. Може да го нарекувате како сакате: Бог, Природа, Универзум, Креативна Интелигенција.

Ниту филозофијата, ниту официјалната наука нема објаснување кој ја дава наредбата за започнување на животот. Но квантната физика, биологијата на верувањето, јазично-фреквентната генетика се децидни, дека со нас управува невидлива сила, односно празниот простор што се наоѓа секаде околу нас не е празен, туку дека тој е исполнет со креативна интелигенција. Официјална наука го потврдува фактот дека кога сме во состојба на мир, кога се молиме и кога длабоко веруваме, се случуваат промени во мозочната активност и тогаш се возможни чуда.

Согледувајќи ја егоистичната природа на поединецот и желба за моќ и материјално богатење како и сè “поголемиот јаз“ (лично сметам дека овие две крила секогаш соработувале за сопствени цели) помеѓу официјалната наука и религијата, се јавуваат нови спиритуални учења кои поединецот и неговата моќ ги ставаат на пиедестал пред Творецот. Целта е повторно иста, лесна заработувачка, па истите си дозволуваат да ги видоизменуваат учењата стари илјадници години.

Езотеријата може да се дефинира како наука каде со помош на мислата се влијае на човекот и надворешните настани. Тука владеат две основни правила, не смее да се нарушат универзалните закони на природата ниту да се наруши слободната волја на поединецот. Религијата е во право кога вели дека езотеријата е опасна и дека е меч со две острици. Се прашувате зошто? Човековото его е опасно само по себе па многумина за да ги остварат своите цели, се обраќаат на т.н. црни магови кои влијаат на одредени настани и ја кршат слободната волја на поединецот. Но, секако и тие што си дозволуваат да ги прекршат законите на природата и тие што тоа го бараат тоа, нема да поминат неказнето. Тука се вклучува кармата.

За жал, денес сите големи сили работат на развој на новото оружје, психотропно оружје каде се користи моќта на мислата. Повторно, она што треба да се користи за доброто на целата наша цивилизација се злоупотребува за остварување на целите на една мала група која владее со светот и ја нарушува волјата на Творецот. Нема да помине неказнето.

Дуалната природа на човекот

Концептот на материјалниот универзум е неговата дуална природа.  Тоа значи дека сè е поларизирано. Ден-ноќ, топло-ладно, добро-лошо. Овие поларитети се нераздвојни и се во постојана промена.

Човекот како дел од природата не е исклучен од оваа законитост. Постои физичка поларизација маж-жена. Иако постои разлика во половите, нашите тела лачат женски и машки хормони кои треба да бидат во баланс. Но, постои и енергетска поларизација. Енергијата тече низ нашите енергетски канали и таа треба да биде балансирана. Живите битија ја апсорбираат магнетната енергија од земјата и електрицитетот од космосот.  Дали некогаш сте се запрашале што значи официјалното лого на фармацевтската индустрија?

Она што е многу важно дека човековата свест е исто така поларизирана. Под дејство на поларитетите во нас и околу нас, свеста е дел од дуалната природа. Постоењето го перципираме како добро-лошо, исправно-погрешно итн. Наизменично ни се менуваат состојбите на љубов и омраза, тага и радост, успех и неуспех. Колку и да сакаме секогаш да бидеме позитивни, во текот на денот, со нас управуваат негативните мисли. Практично е невозможно трајно да ја задржиме позитивната мисла.

Согледувајќи го незадоволството на човекот за што отворено ги обвинувам општествените системи кои се од корист само на поединци како и официјалната наука, се јави потребата за отворање на центри кои работат на подигање на свеста каде се игнорира дуалната природа на човекот и луѓето се насочуваат само на позитивната перцепција. Неуспехот е загарантиран. Па многумина велат “Сè направив, се насочував да размислувам позитивно, но не оди“. Зошто е тоа така?

Што значи работа на себе?

Работата на себе е макотрпен, долг и непријатен процес. Непријатен, зошто треба да го согледаме и прифатиме негативното во нас. Само кога ќе ги освестиме нашите негативни карактеристики (секој човек ги има), ние се ослободуваме од нивното присилно дејство врз нашите животи и така ќе можеме да создадеме поинаква сопствена волја. Пластично објаснето, себичните луѓе секогаш своите интереси ги ставаат на прво место. Кога ќе почнат да работат на себе, тие ќе согледаат дека себичноста е нивна негативна страна и ќе почнат да внимаваат на своите постапки кон другите. Што значи, нивната слободна волја е изменета и тие решиле да внимаваат на потребите и на другите.

Најтешко е да се работи со манипулатори и нарциси. Тие никогаш не ги признаваат сопствените грешки и секогаш вината ја насочуваат кон другите. Причината за нивниот неуспех ја проектираат врз нивните психолози и/или коучеви.

Како се случуваат промените?

Намерата е таа која го покренува процесот на промени. Кога е поставена намерата, ние свесно се насочуваме кон она што го сакаме. Сите сакаме да бидеме среќни и насмеани, па така користиме различни алатки за работа на себе. Кога ќе бидеме во состојба на среќа, телото лачи неуротрансмитери како серотонин, мелатонин и др. Но, брзо и скоро секогаш се враќаме во состојба на незадоволство. Зошто?

За било каква промена во природата потребна е некаква надворешна сила. На пример, за да водата помине од течна во гасовита состојба, таа треба да врие на 100 степени, односно треба да се покачи надворешната температура.  Ако не се достигне соодветна температура, таа нема да премине во гасовита состојба. Па така, за да го покренеме процесот на промена во себе, всушност се обраќаме на Творецот или кретивната енергија кој/а се наоѓа во суптилното поле околу нас.

Промената треба прво да се случи на суптилно ниво во нашето морфичко поле, а потоа да се промени енергијата која тече во нас. Промените во морфичкото поле се случуваат само тогаш кога ќе се предадеме на Творецот и кога ќе веруваме во процесот. Било какво двоумење нема да ја донесе саканата промена. Најеклатантен пример се оние кои повеќе од 10 години работеле на себе. Имаат еден куп енергетски иницијации, посетуваат различни семинари и учења, мислат дека со помош на усмерени позитивни мисли можат сè, а сепак не успеваат. Причината за нивниот неуспех е неверувањето во Творецот и секако нивното его.

Дополнително, работата на себе значи соочување и со одредени настани и непријатни емоции и стравови кои се закопани длабоко во нашата потсвест. Процесот е долг и болен. Па во состојба на катарза и емоционална болка мислиме дека сè што ни се нуди на пазарот делува и дека со позитивна мисла и неколку третмани ќе успееме да го завршиме процесот.

Енергетските третмани како и останатите техники го иницираат процесот на промени. Најпрво се соочуваме со болка бидејќи ги чистиме старите уверувања и правиме место за посакуваните позитивни промени. Попатно можеме да изгубиме пријатели, партнери, работа која не е во согласност со нашето Внатрешно Јас итн. Во исто време ја чистиме нашата, како и фамилијарната карма. Иако овој процес е тежок, на крајот, носи таква радост во душата која не може да се спореди со било која друга емоција. Од нашата верба и волја зависи дали ќе упспееме во најтешката работа, а тоа е посакуваната промена која е во согласност со душата. Многумина се откажуваат, но тие кои успеале не може да не ги забележите. Зрачат со нивната енергија, полни се со љубов, топлина и подготвени се да помогнат на сите. Она што било во согласност со нивната душа го добиле, но не секогаш на посакуваниот начин, туку во многу подобра форма.

Работата на себе ни овозможува свесно расудување на настаните и нивно прифаќање. Ја развива нашата интуиција, желбата за изучување на непознатото станува дел од секојдневието и она што е најбитно, нè учи колку сме сите поврзани и зависиме едни од други. Свесноста расте, се отфрлаат старите системи на уверувања и учења и сè повеќе се почитуваат законите на природата.  Полека но сигурно доаѓаме во состојба кога мислењето на другите нема да влијае на одлуките кои се во согласност со потребите на нашата душа, а тоа е состојба на вистинска слобода.

Доаѓа новото време, а тоа е времето на духовната наука за која се залагал и Никола Тесла. Треба да го отфрлиме егото и да прифатиме дека сите сме еднакви пред Творецот.

Агафи Гаџова, сопственик на центарот Agape Bio Well.