ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ ГЕНЕТСКИТЕ МАТРИЦИ ОД ОСТАНАТИТЕ ФРЕКВЕНЦИИ И КАКО ДЕЛУВААТ ТИЕ?

Конвенционалната приказна за генетиката вели дека гените го контролираат нашиот живот, т.е. дека гените независно се вклучуваат и исклучуваат и на тој начин управуваат со нас. Сепак, тоа е сосема погрешно, бидејќи гените немаат контрола врз себе кога треба да се активираат. Гените се само нацрти за производство на протеини, а протеините се градежни блокови за градење на човечкото тело. Протеините се молекуларни градежни блокови, како еден џиновски сет на лего коцки. Така, можеме да направиме различни работи од стотици илјади различни протеини, а гените се токму планот за градење на протеини. Планот не може да се вклучува и исклучува и НЕ МОЖЕ ДА СЕ АКТИВИРА САМОСТОЈНО туку е строго контролиран од информацијата која се наоѓа во светлосната ДНК.

Исто така, денес многу често слушаме дека Никола Тесла лечел со фреквенции и дека допрва доаѓа времето кога сите дома ќе се лекуваме. Но Тесла не зборувал за фреквенција на брановите кои се мерат во херци и кои добро се истражени од страна на класичната физика (теорија на бранови). Тој мислел на нехерциерните бранови.

Херциерни бранови

Научен факт е дека секој атом, молекул, клетка, орган, бактерии, вируси итн. вибрираат на соодветна фреквенција која се мери во херци. Исто така се знае дека секоја емоција вибрира на соодветна фреквенција. Постојат лиценцирани апарати со кои може да се детектира промена на фреквенцијата во органите или пак да детектираат присуство на некоја бактерија или вирус во организмот. Апаратите може да ги прочитаат и негативните емоции и мисли. Овие апарати ги враќаат соодветните органи да работат на фреквенцијата која е специфична за нив.

Нехерциерни бранови

Нехерциерните бранови се „бранови“ кои не се мерат во херци. Пред се се мисли на торзионите полиња. Руските научници Шипов и Акимов велат дека торзионите полиња, за разлика од  другите физичките сили, немаат енергија, немаат концепт на ширење на бран или поле, но во исто време пренесуваат информации, а оваа информација е присутна веднаш во сите точки во простор-времето.

Торзиското поле  (спинорно)  е всушност поле кое во себе содржи информации кои се од витално значење не само за нашето физичко здравје, туку и за нашите мисли и емоции. Експерименталните истражувања покажаа дека во ова поле информацијата патува 10^9  пати побрзо од брзината на светлината, што е одговор на прашањето како клетките во нашето тело веднаш ги добиваат информациите.

Дека сè е контролирано од информацијата кока се наоѓа во торзиното поле ќе објаснам со следните примери. Сите знаме дека кислородот во воздухот не се наоѓа во атомска состојба зошто е лесно запалив, туку се наоѓа во молекуларна состојба т.е. два атома на кислород се споени со ковалентна врска и поради тоа се наоѓаат во стабилна гасовита состојба. Да хемичарите ќе кажат се создала врска помеѓу двата атома и затоа кислородот не е експлозивен. Да тоа е така, но кој ја дал наредбата да се создаде таква врска? Тоа е информацијата која се наоѓа во торзионото поле која управува со се што постои, која уште можеме ја нарекуваме СВЕСТ.

Интересна е разликата помеѓу синтетичките и природните витамини. Синтетичките витамини се препознаваат по префиксот L пред името што значи леворотаторно (ја ротираат поларизираните светлина налево), а природните витамини по префиксот D (десноротаторно). Тоа значи дека информацијата која ја поседуваат во себе синтетичките витамини не е добра за нашиот организам бидејќи ротираат на лево.  На пример, научно е докажано дека синтетичкиот витамин Е (L-алфа-токоферол) не само што не се апсорбира во човековото тело, туку ја оневозможува апсорпцијата на природниот витамин Е (D-алфа-токоферол). Ова е само еден доказ дека информацијата која ја поседуваат природните молекули е целосна и дека сè што не содржи целосна информација како што се на пример синтетичките лекови и витамини  може да му наштети на организмот. 

Генетски матрици (комбинација од нехерциерни и херциерни бранови)

Лингвистичко-бранова генетика се однесува на новиот правец на т.н. информатичка медицина, односно лекување на организмот со помош на информации, кои претставуваат квантна рефлексија на здравата состојба на одредена личност и корекција на отстапувањата од нормалната, вообичаена состојба. Всушност, тоа е нова насока на био-спинтронската технологија која отвора широки можности во областа на информатичката медицина при што спинорната (или торзионата) информација која ја содржи молекулата на ДНК се извлекува  со помош на специјални ласери, а потоа се обработува во звук/шум кој има одредена фреквенција која се мери во херци.

Појаснување:

Официјалната наука до скоро тврдеше дека само 2% од молекулата на ДНК е активна бидејќи учествува во синтезата на протеини (кои кај сите живи организми се исти и уште се нарекува кодирачка ДНК), а 98% нема никаква функција и се нарекува отпадна (некодирачка) ДНК.  Според квантната генетика, сите информации за градбата и функцијата на органите се запишани во отпадна ДНК која има бранова природа и може да емитира светлина и звук.  И светлината и звукот содржат епигенетски информации (био-информации). Овој дел од молекулата на ДНК преставува и антена која ги прима сигналите од надворешната средина и која дава наредби во вид на холограм што треба да синтетизираат гените.  Новите видувања за молекулата на ДНК и експериментално се докажани.

Квантната генетика за разлика од класичната (која користи само секвенци на гени во генетичкиот инженеринг), ја користи целата молекула на ДНК на здрави клетки и со помош на високо развиена технологија, био-информацијата што ја носи во себе, ја претвора во звук.  Тој звук се слуша постепено при што доаѓа до правилно насочување на работата на гениите и на  биохемиските процеси и тоа на квантно ниво (квант, најмала честичка од која се изградени атомите) при што телото се регенерира и подмладува.

Овие откритија се од фундаментално значење за новиот метод кој го користи Институтот за квантна генетика во Москва во процесот на лекување и регенерацијата на органите и органските системи како и во процесот на подмладувањето.

Агафи Гаџова