ЗОШТО СМЕ НЕРВОЗНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА?

Живееме во универзум каде што сè е поврзано. Природата што нè опкружува има силна конекција со нас, луѓето. Покрај фактот дека природата е нашиот извор на храна, начинот на кој таа се однесува има големо влијание на нашите телесни функции. На пример, кога наутро ќе отидеме на прошетка се чувствуваме подобро, зарем не? Ова е бидејќи светлосните зраци на сонцето го стимулираат протокот на хормони во нашето тело. Но не сите ефекти од природата се позитивни. Бројни истражувања биле спроведувани за да се утврди влијанието на месечина врз луѓето, особено на полната месечина.

За време на полна месечина често сме вознемирени, имаме негативни мисли и емоции, имаме проблеми со сонот. Науката, поточно квантната физика и квантната физиологија, објаснуваат што се случува во нашата потсвест кога е полна месечина.

Според новите сознанија, мозокот не поседува разум, што значи дека се наоѓа во квантно поле од каде ги црпи информациите. Со него раководи свеста и потсвеста. Со свеста раководат  емоциите. Емоциите се производ на нашите мисли. Мислите пак, произлегуваат од нашиот  дух.

Потсвеста е кутија во која се складира се. Сите најголеми стравови, разочарувања, соништа за нашата иднина, желби, планирања, спомени…. буквално се што оставило трага на нас, што ни е всушност важно, а го игнорираме или потиснуваме, а отишло во потсвеста. Во потсвеста се запишани и сите информации на нашите родители и нашите предци (нивни емоции, мисли, настани, стравови, дела итн.). Потсвеста е всушност био-поле кое има бранова природа и торзионо (информацино) поле  каде се складирани сите информации.

Потсвеста генерира високи фреквенции, многу повисоки од Гама мозочните бранови  на мозокот (32-100 Hz). За време на полната месечина, фреквенцијата на месечината е над 200 Hz. Бидејќи фреквенцијата на потсвеста и на полната месечина се совпаѓаат, она што не мачи излегува на површина, како болка, бес, апатија, лутина итн. Се јавува и несоница.

Знаејќи го влијанието на месечината, можеме да го искористиме во наша корист наместо да дозволиме да има негативно влијание на нас. Во ноќите кога има полна месечина, нашата потсвест излегува на површина и можеме да го искористиме овој период за да дознаеме што е тоа што не мачи за да може свесно да го сработиме.

Запомнете дека медитациите и енергетските техники се само помошни алатки во работењето.  Проблемот мора да се сработи и свесно. Секоја болест, независно дали е од ментална, емоционална или органска природа, СЕКОГАШ ИМА ДУХОВАНА ПРИЧИНА ( програмите и проблемите на нашите предци, родители, нивната и наша верба и на крај и информацијата која е запишана во гените кои имаат свесност). Руската квантна медицина особено внимание посветува на духовната природа на болеста со изучување на квантната психологија и метафизиката.

ВАЖНО: За сите клиенти кои го имаат набавено квантното пенкало и LUCHA T8!

Кога се високи надворешните вибрации, треба да го адаптираме организмот на повисока вибрација. Затоа, два дена пред и два дена по полната месечина, како и за време на полната месечина користете го САМО квантното пенкало за да го зголемите биопотенцијалот во организмот.

Агафи Гаџова