КОГА СИ МЕЃУ ОСВЕСТЕНИ ЛУЃЕ

Она што ме понесе на семинарот за Плaзма медицина кој се одржа во Дубровник, пред сè, беа луѓето и нивната енергија. Посебни, убави во вистинска смисла. Насмеани, радосни и разбудени. Свесни за човековото битисување во најдлабоката форма. Возбудени што ќе слушнат нешто ново. Среќни што човек од овие простори, патентира уред во ЕУ кој се базира на Теслините технологии за кој постојат преку 10000 научни истражувања. Уредот ќе ви го преставам во јуни, кога и официјално ќе биде промовиран во ЕУ.

Средбата со Професорот по физика и автор на книгата „Жива физика“, Здеслав Хрепич беше инспиративна. Помеѓу другото, разговаравме за организирање предавања во Македонија. Неговиот ентузијазам за ширење на вистината за космичките/физички закони и будењето на секој поединец е огромна. Се надевам дека ќе има интерес во Македонија за неговите предавања.

Највозбудливиот дел беше излагањето на бившиот директор на Имунолошкиот завод на Хрватска, Г-динот Сречко Сладовљев. Нема да пишувам за нападот на личноста и неговата професионалност и стручност за време на пандемијата и неговиот став за денешните вакцини.

Неговото истражување на тема влијанието на космичките чворови врз производството на природен интерферон, се само потврда дека сите  процеси зависат од космичките сили. Така на местата каде имало космички чворови, квалитетот и количеството на интерферон, биле драстично намалени отколку на останатите места каде немало чворови.

Дали можете да замислете што се случува со нашето здравје, ако спиеме и работиме на места каде има космички чворови?  За жал никој не е заинтересиран за здравјето. Ниту тие што даваат дозволи за градба, ниту тие што градат, а најтрагично е тоа што на купувачите воопшто не им паѓа на памет да проверат каков е енергетскиот проток во просторот што го купуваат.  Парите и материјалните добра се мотив за кој вреди да се изгуби здравјето!!!

Од Г-ѓа Босиљка Булович која по професија е патронажна сестра и која уште во далечната 1979 г. започнала со едукација за природно породување, дознав дека папочната врпца треба да се исече 30 мин. по породувањето, не порано. Имено матичните клетки од папочната впрца за тоа време полека преминуваат во крвотокот на бебето и се од огромно значење за развој на имунолошки систем.  На моето прашање, што ако дојде до компликации при пораѓање во домашни услови, Босиљлка рече дека според информациите што се запишани во очите, знае кај која трудница може да дојде до компликации и на нив секогаш им се препречува породување во болнички услови.

Она што многу ме израдува е грижата за земјата и производство на земјоделски култури без никакви пестициди и полевање со информациона жива вода. Не само присутните на семинарот, туку и голем број на граѓани кои живеат на приморјето, своите дворови ги претвориле во градини. Дури се договараат кој што ќе сади за да на крај сè си поделат меѓу себе.

На прашањето како е кај нас во Македонија, се почувствував посрамена. Како да кажам дека 99% од населението не е освестено и дека главна тема e вбризгување на отрови по лицето и телото, дека е дозволено и млади деца да се боцкаат со отрови зошто за родителите и државата тоа е дозволиво и „нормално“. А своите убаво уредени дворови, да ги претворат во градини, ма нема шанси, итн. Ние сме сите интелектуалци, со факултети, нема што да се оптоваруваме со производство на здрава храна и да развиеме родов имот.

Престојот во Дубровник иако беше од едукативен карактер имаше и духовна значење, зошто го потврди моето мислење кон каде треба да се движиме. Да, треба сите да работиме на себе и на своите програми, но НИКАКО НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА СМЕ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЦА И МОРАМЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ. Се ближи крајот на многу популарни „спиритуални“ учења кој го вовлекуваат човековото битие во уште поголем егоизам исто како и безкурпулозната борба за матерјлани добра.

Наскоро со нови објави „Зошто енергетските третмани во Agape Bio Well ќе бидат заменети со третмани со Генераторот на торзиско поле“  и „Матрица на здравјето – најдобрата превентивна метода која го чита здравјето на човекот подобро од било која машина“

Со Љубов,

Агафи Гаџова