АЛТАЈСКО МУМИО – СКРИЕНОТО БОГАТСВО НА РУСИЈА

Живееме во време на огромно загадување и труење на организмот со тешки метали и радиоактивни елементи, присилени сме да користиме генетски модифицираната храна. Секојдневното изложување на електромагнетен смог не убива во буквална смисла на зборот. Но, ние и натаму се држиме за лагите кои ни ги пласира западното декадентно општество. Преплавени сме со производи, особено суплементи кои чинат многу, а голем дел од нив се синтетички производи кои прават повеќе штета на организмот.

Она што лично ме вознемирува, е леснотијата на препишувањето на хормонска терапија од страна на лекарите без да се испитаат макро и микро елементите. Така на пример, во Русија ако имате проблеми со тироидната жлезда, прво што се дава е мумиото зошто во себе ги содржи сите минерали кои се неопходни за нормализирање на работата на жлездата и ги јакнат или слабеат оние органски системи кои делуваат на нејзината работа (хепар, жолчка, слезина, срце перикарад, тенко црево и нервниот систем), а во медицинските кругови во Америка, се препорачува  испитување на концентрација на Јод, Селен, Железо, Литиум, Цинк, Кадмиум, Молибден и Бакар.

Да резимирам, ние се разболуваме поради тоа што земјата ги губи минералите заради труењето со пестициди и други отрови. Поради тоа земјоделските производи кои се храна и за животинскиот свет не ја содржат доволната концентрација на биоактивни состојки кои се неопходни за нашето здравје. Нај здравиот производ на светот, медот, наскоро ќе го нема поради електромагнето зрачење. Имено, пчелите не се во состојба да се вратат во својата матица зошто е променета природната фреквенција на земјата по која тие се ориентираат.

Со овој текст, за Алтајското мумио, го започнувам серијалот за чистење и јакење на организмот, кој се смета за чудо во природата, а е евтин природен производ и може да го набавите во Србија и Грција.

За чудото наречено Мумио

Во Русија,  мумио е познат како биостимулатор со широк спектар на делување. Иако се произведува и во други земји, руското мумиo е најбезбедно бидејќи е најчисто. Во Индија, мумиoто е познато како шилаџит, што значи уништувач на слабостa. Првите современи истражувања, се напаравени на почетокот на 20 век, од страна на англиските научници во Индија.

Кон крајот на шеесеттите години на минатиот век, во Советскиот Сојуз започнаа медицинските истражувања за мумиото. За разлика од денес, во ерата на социјализмот, сите истражувања беа некомерцијални бидејќи здравјето беше пред материјалната добивка. По завршувањето на истражувањата, беше забранет извозот на мумио, кој го доби епитетот национално  богатство на Советскиот Сојуз.

Најдобро може да се опише ако кажеме дека мумото е смолест – фосилизиран мед, восок и млеч кое под влијание на времето се мумифицирал.  Овој древен еликсир од природно потекло крие многу тајни до денес. Уште од античко време се користел за лекување на разни болести, а потоа паднал во заборав, за во наше време повторно да се појави интерес за него.

Неговите имиња се различни. Арапите го нарекуваат „аракул-џаба“, односно „планинска пот“, или „мумион“. Постои и името „hariz-al-adjesu“, што значи „она што го чува телото“, а се нарекува и едноставно „тит“ – восок. Во Персија секогаш преовладувало името „мумио“ со значење „заштитник на телото“. На Бурманците им изгледаше како „планинска крв“ – „као-тун“, на Тибетанците како „планински сок“ или „фалбашун“, а на домородците на Сибир како „камено масло“. Узбеците и Казахстанците мора да додадат „асил“ на името мумио, што значи вистинска мумија. Некои автори се обиделе да го објаснат името мумио со зборовите „муми“, што значи меко како восок и „масло“ – името на иранското село, каде е пронајден овој еликсир.

Класичната источна медицина го дели мумиото на „mumio saladjidi“ – црна, без мирис, смолеста маса и „mumio dorobi“ со темна боја на костен со карактеристичен мирис. И двете може да се најдат во Централна Азија, на над 2.800 метри надморска височина. Мумиото се наоѓа во пукнатините на карпите и во пештерите од песочно-глинени или варовнички карпи. Местата покриени со елови шуми се најбогати со мумио.

Во принцип, мумиото не може да се најде под 1.500 метри надморска височина и претежно е „скриено“ на многу непристапни места. Годишното производство на мумио во Централна Азија е приближно два тона.

Сепак најквалитетното мумио, потекнува од планината Алтај во Сибир. Планината Алтај е позната и по тоа што во него живеат преку 7000 различни растителни видови.

Хемиско состав на мумиото

Мумио е природен продукт со уникатен состав. Содржи 84 минерали во активна јонска форма, благодарение на кои неговиот ефект врз здравјето на организмот е со максимален ефект. Тој е единствен по својот состав во природата – содржи макро и микро елементи, десет метални оксиди, етерични масла, аминокиселини, пчелен отров, витамини од групата B. Благодарение на неговиот уникатен состав, мумиото има тонизирачко, закрепнувачко, антивоспалително, антитоксично дејство, ја смирува болката и помага за обновување на ткивата при регенерација и е одличен за јакнење на имунолошкиот систем.

Макро и микроелементи елементи кои се застапени во мумиото се калциум, магнезиум, силициум, алуминиум, железо, манган, селен, никел, ванадиум, бариум, молибден, кадмиум, бакар, цинк, јод, бизмут, хром, фосфор, кобалт, бор, стронциум, берилиум, циркониум, титаниум, сребро, галиум и други. Она што никако не смееме да го заборавиме дека главна причина за здравствените проблеми лежи токму во недостатокот на минералите кои влегуваат во состав на сите активни биохемиски молекули кои учествуваат во регулација на физиолошките процеси.

Доктор Марк Герсон изјавува дека за да се живее, на човечкото тело му се потребни 50 микроелементи,  и сите се наоѓаат во мумичката смола.

Секоја од компонентите делува на правилните метаболички процеси на телото, ги активира регенеративните процеси на сите ткива, има антитоксично дејство (ги отстранува токсините од телото), антиинфламаторно, го зголемува имунитетот и отпорноста на телото, ги враќа ниските функции на периферните нерви и центрите за анализа. на мозокот, учествува во биосинтезата на клеточната ДНК, забрзувајќи ја поделбата и зголемувањето на бројот на клетки

Оваа смола го зголемува бројот и јачината на Т-лимфоцитите и Б-лимфоцитите, елитниот арсенал на имунолошкиот систем.

Во модерното време, бројни студии и апликации се спроведени во различни лаборатории и болници во Киргистан, Русија, Туркменистан, Узбекистан, Таџикистан од универзитетски професори и доктори како Сакиров, Алтамасев, Абдурахманов, Козловска, Корчиубеков. Научниците заклучиле дека мумичката смола е дури и посилна од женшенот како ефект на енергизирање, регенерирање и зголемување на сексуалната моќ.

Единствен е по тоа што повеќе од половина од елементите во табелата на Менделеев се наоѓаат во мумичкта смола. Затоа е чудо на природата!

Со љубов,

Агафи Гаџова