ЗА СИНГУЛАРНИОТ И ДУАЛНИОТ УНИВЕРЗУМ, ЗДРАВЈЕТО И ДУХОВНОСТА

Луѓето се уморни да веруваат во систем кој долго време успевал да направи совршени робови од нив. Затоа, многу е важно постојано да се зборува и пишува за вистината, за луѓето конечно да се ослободат од синџирите и менталното ропство, да го разделат превезот на несвесноста и конечно да ја погледнат вистината со широко отворени очи.

За етерот

Етерот се дефинира како енергија која носи информации и нема бранова природа. Руските научници, етерот го нарекуваат торзиско поле. Етерот може да се јави во две состојби, сингуларен и дуален. Поради тоа можеме да зборуваме за сингуларен и дуален универзум.

Ви сингуларни универзум, сите нишки (единици) од кој е составен се статични, односно резонираат како едно. Во него, не постои време и простор, ниту материја. Таму постои константна сегашност. Минато и иднината се спојуваат во едно, се поништуваат. За да стане појасно, можеме да го замислиме како круг и местото каде ќе се спојат почетокот и крајот на кругот, преставува минато и иднина, а сè останато, е сегашност.

Дуалниот универзум настанува кога на една нишка (информација) делува одреден сила. Тогаш, информацијата се претвора во материја (честица). Нашиот универзум, планетата Земја како и целата жива и нежива природа има дуална природа.  Во него, не постојат минатото, сегашноста и иднината во исто време зошто се наоѓаат во различни димензии.  Дуалниот универзум можеме да го замислиме како триаголник. Ако сакаме да оствариме одредена цел, ние треба да тргнеме од точка А и по одредено време, стигнуваме до точката Б. Над овие две точки, се наоѓа точката Ц. Точката Ц, е Творецот, не надгледува, но не како што мислиме. Тој делува на нас, преку космичките закони за еквилибриум и инертност.

Затоа, пропагирањето на новите духовни учења, да се живее само во сегашноста не е можно. Човекот мора да има цел каде оди. Таа цел е остварлива само во идно време. Замислете, кога на човек, кој има емоционален проблем, му велите, обиди се да живееш во сегашноста. Па таа е болна. Потребна му е насока, а таа е во идно време.

Закон за еквилибриум

Во сингуларниот универзум, нема ниту потенцијал, ниту притисок.  Тој е во постојано мирување, во апсолутната нула.  Во дуалниот свет, ниту една честичка, не може да биде во состојба на апсолутна нула, но се труди да дојде во состојба најблиску до оваа вредност. Ако бидеме апсолутна нула, се дематерјализираме и преминуваме во состојба на сингуларен етер, односно вечна сегашност.

Еквилибриумот кај живите организми се постигнува преку биолошката хомеостаза. На субатомско, квантно ниво, балансот се постигнува преку балансирање на спинот. При одредени психо-соматски состојби и инфламаторни процеси, атомот ја губи својата енергија, и ротира на лево. Во состојба на шок, анксиозност, радост, се зголемува енергијата во атомот, тој ротора на десно, надвор од нормалните вредности. Торзионите апарати, ги детектираат овие промени и субатомските честички ги доведуваат во баланс, најблиску до апсолутната нула. На физиолошко ниво, хормоните и автономниот нервен систем се одговорни за еквилибриумот.

Закон за инертност

Космичкиот закон за инертност се објаснува како зачувување на материјата и енергијата на објектот каков што е. Објектот, кој за нашите потреби ќе го дефинираме како човек, е под контрола на Творецот. Се поставува прашање, што е тоа што го повлекува од точката на инертноста. Тоа се енергии (сили) кои го покренуваат на одредени дејствија. Тие можат да бидат позитивни или негативни.

Творецот преку овие два основни закони, му дава патоказ на човекот. Но во овој дуален универзум, постои вечна борба помеѓу доброто и лошото. Негативните енергии се тие, кои не оддалечуваат од Творецот. Метафизичката наука БАЗИ, за која пишував во повеќе наврати, дава прецизна анализа за присуството на негативните енергии кои ни прават хаос во личниот така и во социјалниот живот, НО НИ ГО ДЕТЕРМИНИРААТ И ЗДРАВЈЕТО. Токму, поради нивното присуство, не можеме да добиеме сè што ќе посакаме. Разнишана е нашата холограмска поврзаност со Творецот. Лицемерно е учењето дека ние сме БОГ. Да ние сме дел од него, но никогаш нема да ја имаме неговата моќ. Многу едноставно, живееме во дуален универзум.

Хедонизмот (задоволството) и утилитаризмот (сопствена корист), се сметаат како „мотивациски“ цели кои ако се претераат, го оддалечуваат човекот од Творецот. Тие се творби на негативните сили кои постојат во дуалниот етер. Западното општество, базирано само на материјална корист, заборави на душата. Трчајќи по материјални задоволства, не гледа дека негативните сили имаат потполна контрола на неговата душа.

Оние на истокот пак, заглавени во потребата на задоволството да се пронајде внатрешниот  мир, не гледаат што се случува во реалноста. Се сложувам со Крешимир Мишак, кога вели дека „просветлен човек“ од истокот, не може ништо да види. А впрочем, тоа е единствениот начин, масите да не увидат дека се угнетувани и живеат во сиромаштија. Замислете што ќе се случи ако 5 милијарди луѓе, се разбудат.

И кај двата народи, има оддалечување од космичките принципи. Кога бараме прошка од Творецот, бараме сомилост. Како ќе ја добиеме, кога човекот ја изгубил емпатијата кон родителите, децата, сограѓаните, татковината, нашата планета? Кога станал себичен, заглавен во уверувањата кои му се наметнуваат. Кога му недостасува храброст, да се избори за праведноста.

Како се пренсува информацијата на билошко ниво?

Д-р Владимир Казначеев (1924 – 2014), еминентен руски биолог и директор на Институтот за клинички експериментални истражувања во Новосибирск, во преку 20.000 експерименти, докажал дека клеточната смрт и обрасците на болеста може да се пренесат со информациски пренос на „болестa“ без физички контакт т.е. од еден организам до друг – биоинформативна комуникација. Имено, тој и неговиот тим утврдиле дека клетките кои умираат, испуштаат митогенетско зрачење (т.н. фотони на смртта), во ултра виолетовиот спектар, што може да влијае на другите клетки и да ги пренесува обрасците на болеста.

Фотонот е основен носител на информации кои се пренесуваат од инфицираната клетка до други организми. Исто така, фотонот, како носител на информации, предупредува на опасност, на отровот што предизвикал умирање на клетката и ги активира механизмите за чистење за да го ослободи организмот од причината за клеточната смрт. Дали ќе има пренос на информации од еден организам на друг, зависи од должината на изложеноста на „фотоните на смртта“, како и од состојбата на организмот. Луѓето кои живеат или работат заедно и поминуваат повеќе време заедно, процентот на пренос на „смртниот фотон“ ќе биде поголем.

Д-р Казначејев открил дека и здравите култури можат да го „вратат“ болниот во здрава состојба, што го потврдија многу чудесни биоенергетски излекувања.

Д-р Кармел Мадерсил, во нејзиниот фасцинантен труд „ефект на случаен минувач предизвикан од зрачење“, исто така укажува на меѓу клеточна комуникација преку биофотони. Во основа, укажува дека клетките ги активираат заштитните механизми кога се изложени на заболена клетка од зрачење. Алармот е, ултра слабото УВ зрачење од ДНК на живите клетки. Колку повеќе е отруена клетката, толку повеќе ДНК се одмотува, при што се ослободуваат фотони.

За контролата на умот

Како што информацијата за болеста може да се пренесе без контакт, така преку разни техники, се врши контрола на умот.

Светот е во ризична фаза, каде контролата на умот има физичка и научна димензија. Се заканува да прерасне во постојана состојба, доколку не станеме свесни за алатките кои му се ставени на располагање на технократското диктаторство кое се одвива низ целиот свет. Денес, на светската сцена, сè поизразаена е трката меѓу зајакнувањето и универзалнирање на човековите права и воспоставувањето на контрола врз умот на човекот. Токму овие структури, ги злоупотребија старите духовни учења и новите научни откритија, кои им послужија како алатка за прекршување на космичките законитости. А човекот, заглавен во својата себичност, останува слеп пред вистината.

За лажниот позитивизам

Политичката номенклатура на „капиталистичкиот комунизам” не доведе до последната станица! Брзото темпо на живот, многубројните обврски, кредитите, хипотеките, болното секојдневие, борбата за живот преку лажните учења за позитивниот став, не натераа да бидете вечни робови на лажниот сјај, и слуги за малку луксуз на броени денови.

Агафи Гаџова