Во источната медицина, органите се поделени во 5 елементи: дрво, огин, земја, метал и вода. Во секој елемент има по еден машки и еден женски орган. Покрај нив, во елементите се вбројуваат и други органи.
Во кинеската метафизика, во секој елемент има по две божества со спротивна енергија, максимум 10 различни енергии. Во основната карта на БАЗИ која се состои од 4 столба како и во доминантните скриени небески стебла (го одредува карактерот на личноста), може да има максимум 7 божества. Тоа значи дека судбината никому не ги подарила сите 10 божества. Поради тоа животот на ниту еден човек не е совршен. Доколку имате само две или едно божество во вашата карта, животот ќе ви биде тежок.
За Божествата Грабливец на богатство и Духот на уживањето
Самиот назив Грабливец на богатство звучи страшно. Но ова божество, во суштина е посакувана енергија во ова време на материјално богатење и експанзивен деволуциски период. Ако е присутно во вашата карта, тоа значи дека вие сте духовна личност која сака да помогне, да волонтира и е спремно да се откаже од материјалните добра. Ако Грабливецот на богатството е ваша неутрална, посакувана или оператива свест, тогаш ниту едно надворешно негативно влијание нема да може да ве спречи во вашата мисија.
Покрај другото, она што недостасува кај политичарите, како и оние кои верно им служат, е ова божество.
Божеството Дух на уживањето , се поврзува со самоизразувањето и со сите задоволства кои ги носи животот, но и со интелектот. Ако е неповолно во вашата карта, тогаш постои можност од одредени зависности како дрога, алкохол и сексуална изопачененст. Она што е интересно, денес, кај многу жени оваа енергија е силно изразена, што говори дека жените, многу повеќе се заинтересирани за задоволствата што ги нуди животот, отколку за вистинските вредности. Токму поради тоа, тие ја сносат главната одговорност за она што се случува со децата и негативните текови во општеството.
За Божествата Грабливец на богатство и Духот на уживањето кај Sadhguru
Велат дека денес има многу лажни духовни работници. Така и ќе биде, сè додека главниот мотив е материјалното богатство.
Она што мене навистина ми пречеше е тоа што познатиот духовен водич Sadhguru, беше гостин на Светскиот Економски Форум. Озлогласена институција, која ги штити правата само на моќниците. Решив да ја погледнам неговата БАЗИ карта.
Sadhguru во својата карта БАЗИ има силно изразено самоизразување, што значи дека се работи за креативна и интелигентна личност. Самоизразувањето, на кое припаѓаат двете божества, Дух на уживањето и Предизвик на власта, кај него, се наоѓаат во елементот на метал. Металот, покрај другото ја носи енергијата и на парите. Значи својата креативна интелигенција ја користи само за свој интерес. Божеството Гравливец на богатство, не е присутно во неговата карта, што значи дека тој ништо не би направи ако нема корист. Дополнително, судбината не му ја подарила енергијата на т.н. божество Кос Печат. Оние кој го имаат ова божество во својата основна карта и доминантните скриени небески стебла, имаат интерес за изучување на метафизички и езотерични знаења. Косиот печат е длабоко скриен во неговата карта, што зборува дека потајно посакува да знае повеќе за тајните знаења. Според неговата карта, тој има силна потреба за моќ и власт, која е изразена по 50-а година од животот. Во период од 2016 до 2025 , во неговиот живот влетуваат две енергии, кои му овозможуваат да дојде до пари и моќ.
Ако се посветите на БАЗИ, за што треба многу љубов, посветеност и ресурси, тогаш никогаш нема да погрешите во психолошката анализа на личноста.
Агафи Гаџова