ЗА WI-FI, СТЕРИЛИТЕТОТ И ДЕПРЕСИЈАТА

Неодамна излезе податок дека кај 68% од младата популација е зголемена  анксиозноста и депресијата. Секако дека има причина, тргнувајќи од начинот на кој родителите ги разгалуваат децата, крајно неквалитетно образование, насилно вметнато по западните стандарди кои се неспоредливи полоши од образованието стекнато во нашата претходна држава. Штом младите ќе се сочат со животот, паѓаат во депресија, бидејќи се неспремни да се соочат со реалноста. Воспитувани се дека се најдобри и дека секогаш треба да го добијат најдоброто. Го изгубиле контактот со реалноста. На првата препрека паѓаат.

Но нема да пишувам за горенаведените причинители. Родителите треба сериозно да се замислат како несвесно ги осакатуваат децата, а психолозите и социолозите се тие кои треба да дадат совети како децата да ги спремиме за ударите во животот. Очигледно дека западните модели на воспитување и образование не делуваат.

Податоците говорат за зголемен стерилитет кај младите. Дури и на официјалната веб-страница на ЕУ, има студија во која пишува за потенцијалната поврзаност на WI-FI технологијта со стерилитетот и ракот.

Која е оптималната фреквемција за нашето здравје?

Природата има внатрешен механизам како да биде во баланс. Таа најдобро функционира кога фреквенцијата на земјата е 7, 83 Hz. Исто така знаеме, дека организмот се наоѓа во состојба на мир кога е во алфа состојба (8 до 13 Hz). Се што е надвор од овој опсег, преставува стрес за организмот и тој се стреми да се врати во баланс.

Што е всушност 5G технологија?

Како што кажува самото име, 5G е петта генерација на технологии за безжична комуникација со поддршка за мобилни мрежи. Спектарот на фреквенции на 5G се дели на милиметарски бранови, низок и среден опсег. Накратко, тоа се микробранови со опсег до 72 GHz кои се далеку над просекот за одржување на биолошката хомеостаза.

Изложеност на радијација

Постои оправдана загриженост дека кратките бранови должини што се користат во технологијата 5G,  штетно делуваат на нашето здравје. Eлектромагнетните бранови што се користат за 5G, познати се како милиметарски бранови (mmWs). Овие mmW се слични на Х-зраците, но многу пократки по бранова должина. Покрај тоа што имаат пократка бранова должина, mmW имаат повеќе енергија од Х-зраците и полесно  можат да навлезат во кожата и другите ткива.

Како резултат на ова, технологијата 5G може да доведе до неколку здравствени проблеми, вклучително и рак.

Многу земји препорачуваат ограничување на изложеноста на радиофреквентно зрачење од технологијата 5G.

Се обидуваат да ни наметнат квази научни докази дека микробрановто зрачење не е опасно по здравјето, па си дозволуваат да изјават дека радиобрановите што се користат за микробрановите печки се 10000 пати појаки, отколку тие што се користат за новата технологија и затоа не се опасни. Но секојдневното изложување на ниски дози, итекако е опасно по нашето здравје, па ќе си дозволам да кажам дека WI-FI технологијата е тивкиот скрен убиец.

Елементот на вода, 5G и здравјето

Според теоријата на 5 елементи, елементот на водата ја контролира работата на мочниот меур, бубрезите, мозокот, репродуктивните органи, ‘рбетот, забите и имунитетот. Со оглед на тоа, што 5Г технологијата влијае и на водата, истата делува и на работата на горенаведените органи. Поради тоа што организмот 24/7 е изложен на фреквенции кои не се природни, не е во состојба да го врати телото во баланс. Симпатичниот нервен систем е под постојан напон. Се труди да ги информира сите клетки, дека се во опасност.  Биопотенцијалот на клетките, постојано е под нормала. А кога биопотенцилалот постојано паѓа, се менува метаболизмот на клетката и се развива ракот. Затоа сиве овие години, менталните состојби, стерилитетот и другите болести се драстично зголемени. Болестите на тироидната жлезда се во пораст, што исто така се поврзува со радиофреквентното зрачење. Бидејќи науката потвдрува дека јонизирачкото зрачење делува прво на жлездите со внатрешно лачење и репродуктивните органи, повеќе од јасно е дека развојот на одредени болести се поврзани со радиофреквентно зрачење од технологијата 5G.

Голема улога има и синтетичката како и генетски модифицирана храна која делува најмногу на слезината која е одговорна за развивање на канцерогени состојби. Како слезината и другите органи на елементот на земјата се поврзани со елементот на водата, ќе зборуваме на предавањето, Кој ги вметнува негативните програми?

Како понатаму?

За да можеме да го намалиме штетното влијание на новите технологии, ќе мора што почесто да бидеме во природа. Најдобро е навечер да се исклучуваат мобилните телефони и уредите за WI-FI. Да се користат заштити на мобилните уреди и компјутерите. Доколку сте во можност, набавете торзиски уреди за домот и автомобилите, кој го блокираат овој тип на зрачење. Agape Bio Well не ги увезува торзиските уреди поради тоа што во Македонија сеуште нема интерес за висока заштита од радиофреквентно зрачење. Ако некој покаже интерес за овие апарати, нека пише на agape.mkd@gmail.com.

Да резимирам, за да може да се делува на менталните состојби кај младите, прво треба да се намали изложеноста на новите радиофреквентни технологии.

Агафи Гаџова