БАЗИ е гранка во кинеската метафизика која ја изучува судбината на човекот. Пронајдените записи покажуваат дека е стара повеќе од 6000 год. Се базира не само на нашиот сончев систем и планетите кои се наоѓаат во нив (астрологија), туку и на влијанието други галаксии и на енергиите на сонцето.
БАЗИ ни дава прецизна слика за нашата судбина: здравје, богатство, брак, врски, деца, работа, влијание на власта врз нашиот живот итн. Судбината ни е однапред определена и тоа што ни го дало небото не можеме да го промениме. Единствено што можеме да направиме е да делуваме на начин препишан во нашата карта на судбината, ако сакаме да ги ублажиме ударите кои неминовно ќе се случат.
Укажува и на тоа дека врз човекот делуваат позитивни и негативни енергии кои ни се дадени во моментот на нашето раѓање, односно на дуалната природа на човекот. Затоа модерните учења, кои велат дека сме само светлина и кој не учат дека човекот може да креира се што ќе посака не се вистинити. Доволно е да погледнеме во природа и да ја воочиме нејзината дуална природа. Мислењето дека човекот е само светлина е крајно безобразно и е дело токму на темните енергии.
Имено, ако ја погледнеме структурата на атомот на јаглеродот кој е основа единица од која се изградени сите органски соединенија, ќе видиме дека тој е изграден од 6 протони, 6 неутрони и 6 електрони. На сите ни е познато значењето на бројот 666. Природата ни ги дава сите знаци, но ние и понатаму сакаме да веруваме дека нашата моќ е поголема од таа на Бог.
Дали знаете дека во светот постојат црни огледала (од она што ми е познато постојат само 15 такви огледала) и ако се погледнете во тоа огледало ќе ја видите вашата сенка, односно вашата темна страна?
Додека човекот не се ослободи односно прифатени темна страна , НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СВЕТЛИНА. На сите ни е позната приказната за двата волка. Кој волк ќе го храниме, тоа ќе бидеме.
Единствен начин да го олесниме процесот е да бидеме понизни, благодарни и да веруваме во Бог. Некои милуваат да кажат Универзум или Природа. Понизноста и вербата во доброто се нешто што неверојатно им смета на ниските енергии кои се водечки сили во западната цивилизација.
Само кога ќе ја прифатиме нашата темна страна и тоа што ни го дала судбинта, како и работа на себе да се стане подобра личност, ќе го пронајдеме мирот во себе.
Дополнително, модерниот феминизам е дело на одредени негативни структури кои на перфиден начин им ја одземаат енергијата на љубовта на жената која е фундамент за здраво семејство и општество. Жената која ја изгубила божествената женска енергија, може да донесе само поголеми конфликти и да допринесе за уништување на оваа цивилизација.
Сакам да и им се заблагодарам на трите УБАВИ жени од Македонија, кои ми се придружија и почнаа да го изучуваат ова древно знаење кое ни открива многу тајни кои се напишани од старите мудри цивилизации кои биле многу понапредни од нас. БАЗИ е наука која многу малку луѓе на светот ја изучуваат и е потребно да се вложи години труд за да се совлада учењето.
Да дополнам уште нешто: доколку сакате да го уредите домот по Фенг Шуи, лицето кое е сертифицирано, мора да има познавања од БАЗИ. Затоа прашајте, што е тоа што ви недостасува во БАЗИ картата, дали е тоа на пример, ресурс или богатство и кој облик според вашиот „Господар на Денот“ ви одговара најмногу. Просторот во кој живеат повеќе членови, не смее да се заснова само на теорија на облиците, туку и според карата БАЗИ за секој член посебно. Во спротивно, можно е да внесе проток на лоша енергија во вашиот дом.
За крај, метафизиката е наука која ги изучува сите природни законитости и не е езотерија.
Со Љубов,
Агафи Гаџова