BAZI – УЧЕЊЕ ЗА СУДБИНАТА И НЕЈЗИНА КОРЕКЦИЈА

Agape Bio Well ве известува дека започнуваат уписите за кинеската метафизика БАЗИ, која е енергетска карата на животот.

Накратко, кинеската метафизика се состои од повеќе области: Feng Shui, Судбина, Физиогномика и Предвидување.

На многумина им е познат терминот Feng Shui. Западните школи толку многу го имаат поедноставено учењето при што се прекршени многу енергетски правила кои наместо да ја стабилизираат енергијата, внесуваат уште поголем неред во системот. Затоа, бидете внимателни при изборот на личноста која треба да го уреди просторот. Дури и мојот учител кој 5 години учел во Тибет и е мајстор за Бази, не се осмелува сам да го уреди просторот, туку контактира со стручни лица од Кина. За да се биде експерт за Feng Shui, како и за било која друга област во кинеската метафизка, треба ГОДИНИ темелно  да се изучуваат овие длабоки знаења.  Feng Shui ги вклучува следните области: Школо за облиците; Школо Ba Czai; Школо Yang Czai; Школо Ying Czai; Школо на Летечките Ѕвезди; Школо Kun Da Gua; Школо за Водениот Змеј; Бизнис Feng Shui и Школо за длабински Feng Shui.

СУДБИНАТА се состои од 4 области:

  1. Na Yin – ги изучува фреквенциите и звуците. Секој човек поседува 4 карактеристични фреквенции со кои влијае на својата судбина
  2. BAZI – судбина и нејзина корекција
  3. Zi Wei Do Shu – астрологија
  4. 60 Tzja Czi – читање на кармата

Што е BAZI?

За да може да ја разберете длабочината на ова учење, ќе го земам за пример моето искуство. Според западната астрологија, знакот и под знакот ми е лав со месечина во водолија. Во многу нешта не ги носам карактеристиките на лав. Стапувам во контакт со личност кој прави  Dzotis хороскоп – ведскa астрологија. Според неа, јас сум дупли рак со месечина во водолија. Ми станува јасно зошто моите учители ми велеа не си ти лав, силна емоционална интелигенција. Добив повеќе сознанија за себе. Почнувам да изучувам BAZI. И еве го откровението. Мојот живот на дланка. Сè за односот со родителите, партнерот, детето, финансии, работа, пријатели и непријатели, здравјето, храброста која носам во себе, борбата за правда и вистината како и мојата карма која треба да обработам во овој живот. Навлегува толку длабоко, што ги откри и моите тајни како и она што го носам длабоко во потсвеста. Длабоко ме допре сознанието дека според т.н. 12 Месечеви постојки, ми било пишано изучувањето на метафизка и дека учењето е добро за мојот понатамошен развој, од причина што тоа е знаење кое е длабоко скриено во мене, запишано е во мојата ДНК. Конечно, добив јасна слика од каде интересот за изучување на атомот и енергиите.

Накратко, Bazi или 4 Столбови на Судбината е учење кое е старо повеќе од 6000 години и кое ја проучува човековата судбина која ни е дадена во моментот кога сме се родиле. Она што ни е дадено од небото, не можеме да го промениме, но она што можеме да го направиме да ги следиме упатства за да може да стигнеме до посакуваната цел на начин кој е запишан, а не онака како што сакаме ние. Колку и да се трудиме да ја оствариме целта на начин на кој нам ни одговара, нема да успееме ако не е во согласност со универзумот.  Ако доаѓа поволен период што треба да правиме, ако периодот е неповолен, како да се заштитиме и да си помогнеме на начин кој е поволен. Она што е фасцинантно и што може да се прочита од Bazi, е кога нашите  деца добиваат небеска заштита. Во периодот во кој не се заштитени, треба максимално внимание. А за здравјето можете да добиете толку прецизни информации, што ќе ве оставаат без зборови. Добивате и упаства што треба да направите за да го зачувате вашето здравје.

Според Bazi, постојат 10 основни типови на личности, поделени во 60 под категории кои даваат целосна слика при психолошката анализа на личностите. Одлична алатка и во процесот на регрутирање. Со оглед на моето 10 годишно искуство во Човечките ресурси и голем број на меѓународни обуки, ниедна техника за регрутирање не е толку добра како Bazi зошто се базира на енергиите, а не нa тестови за личноста. Воедно, им препорачувам на стручните лица да го погледнат документарниот филм The Dark Truth About Personality Tests.

БАЗИ НЕ Е АСТРОЛОГИЈА. ТОА Е ДЛАБОКО МЕТАФИЗИЧКО УЧЕЊЕ КОЕ СЕ БАЗИРА НА ЕНЕРГИИТЕ НА СОЦЕТО ВО МОМЕНТОТ НА ВАШЕТО РАЃАЊЕ.

Времетраењето на Школото основните на Bazi е 18 месеци по што следи 6 месеци настава Бази Школо на Здравјето. Откако ќе ги завршите, можете да ги изучувате другите области од Школото за судбината и можете да продолжите со Школото за предвидување. Се добива меѓународен сертификат. Лиценциран предавач е Д-р Елена Паригина. Цената на обуката за 4 часа од 120 минути е 120 евра, а започнува на крајот на септември 2023 г.

За крај, фасцинира сознаието дека сè ни е дадено однапред и дека ништо не е случајно. Животот е патека на кој треба да учиме, а нашата планета е едно големо чистилиште на душата!

Заинтересираните, можат да добијат повеќе информации на agape.mkd@gmail.com и contact.@agapebiowell.health

Со Љубов,

Агафи Гаџова