Ќе се потрудам да бидам умерена, но навистина сум лута поради малодушноста која постои секаде во светот, но кај нас таа преминува во болест. Незаинтересираност, освен кога е во прашање личниот интерес, поточно финансиски интерес. Разговори на тема боцкање со ботокс и други отрови „заради убавина“ зборува за тоа колку многу етички сме деградирале. Никој не се труди да прочита нешто повеќе за предупредувањата кои стигнуваат од познати научници, истражувачки и медицински центри за опасноста од WI-FI зрачењата и од промената на магнетното поле на земјата. Да не зборувам за она што ни го најавуваат големите технолошки компании кои сакаат да ни имплементираат т.н. metaverzumot и виртуелен живот што значи комплетно одвојување од нашите души и од нашата божествена природа. На индиректен начин, полека со законски измени, ќе станеме роботи послушници БЕЗ ДУША.
Причината за психо-соматските заболувања е зголеменото зрачење од електронските уреди!!! Бројот на психичките нарушувања, особено на депресијата е зголемена во последните 10 години и тоа најмногу кај младата популација. Разбирливо е зошто е така. По цел ден со телефоните во рака. Високите фреквенции ја пробиваат електро-магнетната заштитна бариера која постои околу телото и ги активираат хормоните на стресот. Кога сонот се нарушува, се успорува детоксификацијата и се намалува имунолошкиот систем, па сме подложни на разни бактериски и вирусни инфекции кои навлегуваат преку „дупките“ од нашата заштитна електро-магнетната обвивка.
Постојат многу докази за штетноста од зрачењето на електронските уреди кои можете да ги најдете на интернет пребарувачите. Можете да прочитате и на Facebook страница на Agape Bio Well. Токму поради научните докази, во некои земји е забранет интернет во градинките и училиштата како и во болниците. Во Русија се користат апарати кои со помош на торзионо поле ги блокираат овие зрачења во болниците со цел да се забрза процесот на оздравување, а бројот на домаќинства кои користат тозриони апарати за заштита е се поголем.
Во 2018 година, СЗО издаде листа со можни болести кои настануваат поради енергетските блокади.
„The World Health Organisation and energy: where are we now?
The World Health Organisation has listed energy blockages as a
possible cause of disease in the new International Catalogue of
Diseases (ICD). On 18 June 2018, WHO published a new version
of the ICD (ICD 11) so that its member states can prepare for its
implementation, including the translation of the ICD into national
languages. ICD 11 was presented at the 144th session of the
Executive Board and will be presented to the 74th World Health
Assembly in May 2019 and WHO Member States will start using
ICD 11 from 1 January 2022. The new ICD 11 includes Chapter 26
“Traditional Medicine”, which did not exist until now: this means
that the approach developed in this training is fully in line with
current developments in international health policy. The inclusion
of Chapter 26 of the new ICD (ICD 11) represents an historic step
in the attitude of health authorities towards natural medicine, the
admission of the existence of vital energy and its disturbances as
causes of disease.“
Што преземаме ние во Македонија?
НИШТО! БУКВАЛНО НИШТО!
Никој не се осудува јавно да говори, а камоли да зборува за научните факти. Медиумите буквално не претепаа со информации дека стресот е зголемен поради короната и финансиската ситуација вo земјата. Психијатри, психолози, лекари со истата теза. Секако дека тоа е точно, но имаме многу поголем проблем со кои се соочуваме, а тоа е континуирано и постепено уништување на нашето здравје и здравјето на нашите најмили со секојдневното зрачење од електронските уреди. Државните институции, лекарите, научниците, родителите, медиумите, подеднакво се виновни заради систематското уништување на здравјето на децата. Секако дека ќе бидат често болни. Влијаеме само на последицата!
Дополнително, магнетното поле на земјата се менува, а со тоа се менува и нашата физиолошка структура. Течноста од телото се губи, се менува PH вреднсота. Смртноста се зголемува. Секојдневно читаме дека се зголемува бројот на починати од ненадејна смрт во светски рамки. Ќе дојде време кога сите ќе мораме да се калибрираме со помош на апарати, за да може да преживееме. Но, да ние во Македонија сме имуни на овие промени. Имаме многу поважни работи за расправање!
Се надевам дека ќе најдете време да го погледнете видеото што го споделувам, поточно излагањето на Anna Rubakova (од 4:46 дo 5:08) за да се запознаете со сериозните последици од промената на магнетното поле на земјата како и со научните факти за влијанието на магнетното поле врз нашето здравје. За лекарите, биохемичарите и физиолозите, интересено сознание, бројот на леукоцитие зависи од радијацата на сонцето. Како и за сè поголемиот број на ненадејно починати.
За „ваксерите и антиваксерите“
Короната дефинитивно е причина за промена на ставовите за вакцинирањето иако во последните 20 години се зборува за штетноста од вакцинирањето поради лошиот квалитет и количеството на тешки метали во вакцините. Главна причина за загриженост настана кога Фајзер доби дозвола за производство при што беа прекршени одредени протоколи. Објаснувањето беше дека мора да се преземат хитни мерки за спас на населението. А таква драстична мерка секако дека НЕ беше неопходна, бидејќи можеше да се направат вакцини по „старата технологија“.
И еве го лудилото помеѓу научниците и лекарите, потоа истото се пренесе на целото човештво. Голем дел од лекарите се држеа за фактите како вакцините се покажале делотворни во минатото и секојдневно не бомбардираа со објавите на медицинските центри кои беа строго контролирани и одлично медиумски покриени за тоа колку се тие безбедни и ефикасни, а одредени научници и лекари кои беа со спротивни ставови завршија во затвор.
Она што направи пресврт во целиот процес е објавата на British Medical Journal за доказите кои ги поседуваат околу Фајзер вакцините. Со брзина на светлината објавата беше забранета од страна на „Fact checkers“ со одобрение на Facebook. British Medical Journal испрати отворено писмо до сопственикот на Facebook. Можете во целост да го прочитате на линкот https://panatimes.com/open-letter-from-the-british-medical-journal-to-mark-zuckerberg/. По овој настан, настана хаос на повеќе нивоа, по што целата приказна околу вакцинирањето со новиот тип на боцкање и вирусот полека се заменуваше со други случувања во светот.
Меѓутоа, сега не мируваат антиваксерите кои сакаат да не убедат дека зголемената смртност, особено кај младите е само поради тоа што тие се вакцинирани и дека сега сите што примиле „вистински вакцини“, ќе починат од последиците на вакцината. Веројатно има и ќе има последици, но смртноста во светски рамки ќе се зголемува ако не се преземат драстични мерки за заштита од елекрто-магнетото зрачење и од промената на магнетното поле на земјата. Пример треба да ни бидат пчелите. Причината за нивната смртност е токму зголеменото електро-магнетно зрачење кое го уништува нивниот орган со кои тие се ориентираат во просторот. Ако не направиме нешто, не чека истата судбина.
Молба до младите! Протеините во прав да ги намалат на минимум. Зголемениот внес на протеини, ја зголемува киселоста во организмот. Киселоста во телото е причина за сериозни заболувања која може да има смртни последици. Стероидите исто така се непријатели на вашето здравје. Заборавете на нив. Мускулите нема да ве направат среќни. Среќата доаѓа од душата.
И еве нешто што е табу тема во Македонија, а научниците во светот се вознемирени!
Ведското учење и учењето на маите, кои потекнуваат од два дијаметрално спротивни страни на светот, ни даваат ново видување за работите. Старите народи предвиделе дека во периодот кога доаѓаат огрмни снопови на светлосни информации на земјата (сега е тој период), ќе дојде до чистење на негативните информации во молекулата на ДНК, при што ќе се менува структурата на клетката бидејќи полека ќе ја напуштаме оваа 3D реалност. Тој процес е непријатен и секој што нема да може да го издржи, односно нема да може да прими фотонска информација ќе замине. Затоа, работата на себе (негативните програми и уверувања) е од огромна важност во овој период.
Исто така, научниците од светот се вознемирени, зошто се менува густината и радиусот на водородот. Нешто се случува. Интензивно се работи на овој проблем. Сите знаме дека двата ланци на молекулата на ДНК се поврзани со водородни врски, а и во сите молекули има водород. А ако има промени во структурата на водородот, секако дека ќе има промена и во организацијата на нашите молекули и нивното дејствување.
Време е сите да се разбудиме и внимателно да ги обработуваме информациите кои ни се пласираат и секако да реагираме разумно таму каде што треба. Егото во мометов треба да го заборавиме. Се работи за нашиот опстанок!
Агафи Гаџова