Денес, до нас допираат различни информации. Особено сме засегнати за информациите што се однесуваат на нашето здравје.
Логично е да веруваме на медицината и на науката. Но, ние секојдневно сме бомбардирани со контрадикотрни информации и тоа од официјални научни истражувачки центри. Сите сме сведоци за различните информации кои ги добивме за вакцините на Фајзер. Првичните анализи беа охрабрувачки, но последните истражувања покажуваат дека можни се поголем број на нус појави од очекуваното. Но, секако ова не треба да нè обесхрабри и не треба да престанеме да веруваме во тоа дека вакцинацијата која се покажала како делотворна во искоренувањето на многу заразни болести и понатаму ќе биде во служба на човештвото.
Она што сите го бараме е отворен пристап до точни информации. За жал, потребата за моќ и профит е толку голема, па многу информации, па дури и научно потркепени факти, се кријат или ни се претставуваат како псеудонаука или лажни вести.
Таков е случајот со рускиот академик Петар Гарјаев кој е основоположник на лингвистично-фреквентната генетика или квантна генетика (за жал, ако сакате да ја посетите официјалната веб-страница нема да можете бидејќи е блокирана поради војната во Украина). Тој докажа дека со помош на холограмска ДНК како и холограмски информации земени од биолошки активни супстанции може да се делува на регенерација на организмот. Соработувал со врвни научници од САД, Канада и Јапонија. Заради неговата работа која е поткрепена со 40 години истражувачко работно искуство, беше номиниран за Нобелова награда по медицина во 2021 г. Mногу научни центри кои ја поддржуваа неговата работа како во Велика Британија, Швајцарија, Чешка, Шведска, Норвешка и др. ја објавија номинацијата (повеќе можете да прочитате тука и тука) , што зборува за тоа дека квантната генетика полека но сигурно ја потиснува класичната гентика, а особено генетичкиот инженеринг. Дека неговата работа била фасцинантна и била основа за новото гледиште за ДНК, можете да прочитате и на National Library of Medicine: A Mathematical Model for Vibration Behavior Analysis of DNA And Using a Resonant Frequency of DNA for Genome Engineering.
Логично, се поставуваат прашањата, зошто некој би бил номиниран за Нобелова награда по медицина ако неговата работа не е поткрепена со доволно научни факти? И зошто одредени знаења треба да бидат скриени од јавноста?
Agape Bio Well е во преговори со Центарот за квантна медицина Молекула од Загреб и Институтот за квантна генетика од Москва за нивна посета во Македонија. Се надевам дека особен интерес ќе покажат моите колеги од Природно Математичкиот Факултет во Скопје.
Треба да се напомене дека секој организам е различен и за ниедна терапија нема гаранција. Истото се однесува и за третманите кои ги предлага Гарјаев. Но, она на што денес особено се обрнува внимание е моќта на умот и уверувањата кои ги имаме, како и договорот на душата. Сепак, ова е една сосоема друга тема за која ќе пишувам во друга прилика.
Постоењето на торзионото поле (поле каде е запишана секоја информација) повеќе не се доведува во прашање бидејќи се базира на ротацијата на секоја честичка околу својата оска, како и на промената на спиновата состојба на квантите. Тозрионото поле се користи и во процесот на регенрација на организмот. Се надевам дека рускиот научник Генади Шипов наскоро ќе биде во можност да одржи предавање во Хрватската и Српската Академија на науки. МАНУ ќе биде известена, па доколку има интерес од нивна страна, Шипов на покана на центарот Agape Bio Well ќе се претстави и во Македонија.
Сакам да ве известам дека првиот апарат кој се базира исклучиво на постулатите на квантната физика пристигна во Загреб. Ова е прв ваков апарат надвор од границите на Русија и прв во Европска Унија. Се надевам дека наскоро ќе биде достапен и кај нас. Доколку сакате да дознаете повеќе, можете да ме контактирате на agape.mkd@gmail.com. Дополнително, доколку некој има интерес да ја прочита книгата на Гарјaев, “Popularna lingvističko-valna genetika”, слободно нека ме контактира на горенаведениот маил. Книгата е распродадена и не знам кога повторно ќе се печати во Хрватска.
Време е светот да престане да ги игнорира знаењата стари илјадници години (пред се, мислам на Ведите) како и новите сознанија поткрепени со научни факти поради финансикси и/или политички причини. Тие припаѓаат на вечноста и се сопственост на сите народи на светот!
Агафи Гаџова