ДАЛИ ТЕСЛА БИЛ ГЕНИЈАЛЕЦ ИЛИ НЕШТО СОСЕМА ДРУГО?

Почитувани следбеници на Agape Bio Well,

Со оглед на тоа што добив повеќе прашања на тема торзионо поле и како тоа поле делува на нашето психо-физичко здравје, ќе се обидам да ви дадам краток одговор.

Што е торзионо поле?

Се што постои, живата и „неживата“ природа како и сите предмети кои постојат се составени од различни хемиски елементи односно атоми. На сите ни е познато дека атомот е изграден од јадро кое во себе содржи протони и неутрони и електрони кои кружат околу јадрото. Јадрото ротира околу својата оска, а електроните ротираат околу јадрото. Денес се знае дека атомот е изграден од други помали честички кои исто така ротираат околу својата оска и интензивно се изучуваат.

Се што се случува на микро ниво се случува на макро ниво. Па така Земјата ротира околу својата оска, а Земјата и останатите планети во нашиот сончев систем ротираат околу Сонцето итн.

Секоја честичка која постои има свој полнеж (позитивен или негативен), па создава електромагнетно поле и има своја маса, создава гравитационо поле. Електромагнетното и гравитационото поле се добро познати и научно докажани во механичката физика.

Кога честичката ротира околу својата оска, таа има свој спин (може да ротира во различни насоки) и создава торзионо поле. Торзионото поле, за разлика од електромагнетното и гравитационото поле нема енергија. Торзијата во себе содржи ИНФОРМАЦИЈА која патува со брзина поголема од брзината на светлината. Информацијата може да биде позитивна или негативна. Субатомските честички кои ротираат на десно содржат позитивна (здрава информација) тн. десно ориентирано торзиско поле, а ако тие ротираат на лево содржат негативна информaција или лево ориентирано торзиско поле.

Како делува торзионото поле на луѓето?

Ние луѓето сме збир на милијарди клетки кои се изградени од огромен број на атоми, а тие се изградени од огромен број на субатомски честички кои содржат информација. Па така, нашите клетки во секој момент се добро информирани што се случува во секој дел на телото. Со други зборови, ние сме носители на огромен број на информации. Можеби за сега тешко ние да го разбереме овој научен факт, но со неколку примери ќе се обидам да ви го доближам учењето.

Кога сме здрави и имаме позитивни мисли и емоции, нашите субатомски честички ротираат на десно, а кога сме болни и имаме негативни мисли и емоции, честичките во атомот ротираат во лево. Тогаш атомите ги губат своите електрони односно ја губат својата енергија при што тие почнуваат да ротираат на лево.  Со други зборови, кога сме болни, тажни, бесни итн., нашите атоми ја губат својата светлина (информацијата) и почнуваат да ротираат на лево.

Дека светлината носи информација во себе на сите добро ни е познато.  Во процесот на фотосинтеза кај растенијата, светлосната енергија се претвора во органска. Тука нема ништо чудно.

Новата генерација на уреди (еден од нив е Генераторот на торзиско поле) кои ќе се користат во тозрионата медицина се уреди кои се фокусираат на губењето на енергијата на субатомско ниво и нивно враќање во нормална состојба (ротација на десно). Тозријата ја препознава негативната информација независно дали се наоѓа на физичко или суптилно ниво, ја деблокира и се обидува да ја врати во нормална состојба (ротација на десно). На физичко ниво, се подобрува здравјето, а на суптилно ниво се зголемува свесноста и присутноста.

Торзијата тешко  делува само ако постои забрана за промена на состојбата на духовно ниво и ако тоа е договор на душата. Сега станува јасно зошто некои луѓе во овој живот можат да оздрават, а некои не. НО, АКО ГИ ПРОМЕНИМЕ НАШИТЕ ВИДУВАЊА И БИДЕМЕ СВЕСНИ ЗА НАШИТЕ ГРЕШКИ, РАБОТИМЕ НА СЕБЕ,  СО ЦЕЛОТО НАШЕ БИТИЕ ВЕРУВАМЕ ВО МОЌТТА НА УНИВЕРЗУМОТ, НЕ ЈА ОБВИНУВАМЕ СУДБИНТА ЗА ТОА ШТО НИ ПРИРЕДИЛА, МОЖНА Е ПРОМЕНА НА КАРМАТА. ТОГАШ НАСТАУВААТ ЧУДА!

За жал има и такви личности кои несвесно решиле да останат во лоша здравствена или психолошка состојба бидејќи само преку манипулација може да добијат тоа што го сакаат. Во вакви случаи, треба да се работи подолго за да може да се деблокираат нивните негативни уверувања.

Ако се наоѓаме во просторија која има повеќе луѓе кои се негативни тогаш во просторот постои лево ориентирано торзиско поле. Ако вкупната негативна енергија е поголема од нашата, тогаш нашата потсвест ќе ја почувствува како непријатност. Кога ќе излеземе од такво место, чувствуваме олеснување.

Интересни се одредени опасни места како Бермудскиот триаголник и црните точки на патиштата. Тоа се места со голема концентрација на лево ориентирано поле и затоа таму често се случуваат несреќи.

Од друга страна, пример за екстремно голема концентрација на природно десно ориентирано торзионо поле е Јапонија.  Како е возможно, јапонците да се толку здрави по две атомски бомби и она што им се случи со Фукушима, каде се е озрачено и нездраво. Руските, јапонските и германските научници го проучувале овој феномен. Дошле до заклучокот дека се работи за вулканско подрачје кое заедно со вулканот Камчатка во Русија имаат највисока концентрација на десно ориентирано торзионо поле кои делува на клеточно и субатомко ниво и го враќа биопотенцијлот на клетките во нормала.

Дали Тесла бил генијалец или нешто друго?

Тесла е најмистериозниот човек за кој ние знаеме. Тој велел дека информациите ги добива. Не запишувал ништо. Се му било во главата. Тесла бил духовен човек, со голем морал. Неговата природна вибрација била чиста и многу висока. Неговото тело и ум имале висока концентрацијата десно ориентирано торзионо поле кое било блиско со вибрацијата на информационото поле на Земјта, т.н. noosfera или Акаша записи (поле кое во себе ги содржи сите информации на тоа што некогаш се случило, што се случува сега и како ќе биде во иднина, вклучувајќи и сите идни технолошки иновации). Поради тоа можел лесно да ги прими информациите од  Акаша записите.  Едноставно, поради неговата чистина на енергетско и духовно ниво, информациите му биле овозможени.

Информациите се чуваат во информационото поле на земјата и никогаш не се губат. Во Русија има апарат кои може да ги прочита и да  ги види информациите. Замислете ја ваша фотографија за пасош за која не се сеќавате какви кондури сте носеле за време на фотографирањето. Апаратот може да ви ги покаже кондурите кои сте ги носеле, иако останале надвор од сцената, не биле фотографирани. Замислете што се може да ни открие овој апарат. Можеби ќе може да ни ја открие и тајната за нашиот Алшар.

Во друг текст, ќе ви ги преставам технолошките иновации поврзани со торзионото поле.

 Дали верувам во класичната медицина?

Одма ќе кажам ДА, ВЕРУВАМ. Медицината е наука која се занимава со симптоматологијата и патологијата на болеста. Таа мора да постои. Замислете дека сте го повредиле стапалото и цело стапало ви виси. Што ќе правите? Ќе одите кај исцелител или хомеопат! Не, морате прво механички да го решите проблемот. Ќе треба да се направи операција и стапалото да се врати на место.

Знам дека живееме во држава каде ништо не е онака како треба да биде. Имаме секакви доктори. Но има и одлични доктори кои се чесни и посветени на својата работа. Никако, ама никако, не смееме професијата доктор да ја потценуваме и да ја идентификуваме со доктори  чии родители го завршиле факултетот наместо нив. Тука имаат проблем родителите кои сметаат дека нивните деца мора да бидат доктори, да бидат ценети и имаат моќ. Тоа се сериозни негативни  програми со кои тие несвесно ја уништуваат среќата на нивните деца.

Дали верувам во официјалната науката?

Да, верувам. Научниците ако бидат оставени да работат за доброто на сите, тоа и ќе го направат. За жал, науката е во рацете на големите моќници. Тие ги контролираат сите потези. Медицината стана алатка за богатење на моќниците. Но, ова не ми дава за право да не верувам во напредокот. Граничната наука заедно со официјалната наука полека но сигурно ќе не однесат во посветла иднина. Повеќе е невозможно да се кријат новите научни сознанија и НЕ НАУЧНИЦИТЕ, ТУКУ ТИЕ КОИ ГИ КОНТРОЛИРААТ ИНФОРАМЦИИТЕ, граничната наука ја нарекоа „псеудонаука“.

Благодарна сум на Универзумот што ме врати на мојот вистински пат и мојата вистинска страст, во длабокото проникнување во тајните на клетката преку изучување на граничната наука и на квантната медицина, како и во тајните на душата преку изучување на кинеската метафизика наречена „БАЗИ“.  Сметам дека сите тајни ги знаеле древните народи и дека Ведите ќе ни ги откријат тајните на универзумот. Тоа знаење ќе ни биде дадено на сите кога ќе се просветлиме, станеме духовно чисти и полни со чиста љубов.

Агафи Гаџова