Од памтивек човекот сметал дека е супериорен на оваа планета и дека му е дозволено да прави што сака и како сака. Заслугата за ваквата вметната програма во нашата потсвест има не само догматската религија каде челниците си дозволија да манипулираат со масите за сопствени интереси туку и науката која скрила многу работи од човештвото само и само за остварување на поголем приход.
Повеќето слушнале дека од ера на нанотехнологија преминавме во ера на будење на свеста. Се очекува дека во ерата на свесноста ќе се разоткријат многу лаги и дека човекот ќе ја осознае својата вистинска природа. Пример, се повеќе не ги прифаќаме информациите кои ни ги сервираат големите медиуми како и авторитетите за апсолутна вистина. Ги проверуваме информациите од повеќе извори и не делуваме додека не сме сигурни дека информацијата е точна. Тоа значи дека будниот човек првенствено станува посматрач на настаните, а потоа делува без да ги прекрши универзалните закони дадени од Творецот.
За тие што ќе го започнат патот на будње, ќе го изнесам мојот став околу работата на себе.
Денес ни се наметнуваат премногу т.н. спиритуални учења кои повторно го издвојуваат човекот од останатиот дела од природата како супериорен и семоќен. Едно од тие учења е и New Age учењето кое вели дека причината за нашите незадоволства и несреќи лежи во тоа што не се сакаме самите себеси. Ваквото учење води кон егоцентризам и тоа токму онаков како што одговара на моќниците чија единствена цел е моќта и одвојување на човекот од неговата духовна природа. Љубовта се осознава сако ако се даде. Дали ќе знаете што е љубов ако не ја почувствувате кон некого, независно дали е дете, партнер, пријател, милениче итн.?
Ова учење не е ништо друго освен спакувана елиминација на совеста и задоволување на егото. Одличен приказ на ова учење дал Горан Ехо кој вели:
‘Кога егоистот сака профит, тогаш велат дека „парите се енергија“ и дека сите средства за стекнување се прифатливи ако се легални. Кога некој егоист сака да ги потроши сите животни ресурси за свои интереси, тогаш тоа не го нарекуваат себичност, туку велат „самољубие“. Кога егоистот сака успех, тогаш велат, амбицијата не е лоша, но „го развиваш својот потенцијал“, без разлика што неминовно треба да ги оштетиш другите на тој пат. Кога некој егоист сака да направи нешто неправедно за да ја постигне својата цел, тогаш велат дека природата е сурова, па му дава за право и на човекот да биде таков. А кога егоистот ќе се маскира и ќе ја стави маската на верник, мисли дека ќе ја скрие својата алчност, завист и себичност. И без „новата доба“ на човештвото нема да му биде подобро, бидејќи светот е убеден дека најважен е личниот интерес. А бидејќи природата на човечкиот карактер е ненаситна, таа може само да се влошува со текот на времето.“
Понатаму, ни се нудат безброј енергетски техники и медитации (повторно одлично смислени од тие што сакаат да не држат во ментално ропство и кои се одлично маркетиншки покриени) кои ни продаваат инстант решенија за справување со негативните емоции, па клиентите доаѓаат со уверување дека проблемот што го имаат брзо ќе им го решат терапевтите. Да, енергетските техники и медитации се само помошни алатки да се дојде полесно до коренот на проблемот, но ако не се сработи свесно и совесно, никогаш нема ни да се реши. Не постои техника за раскинување на врски, ниту техника за бришење на минатото. Често се случува коренот на проблемот да не потекнува од нашето детство , туку е пренесен од нашите предци кои направиле или доживеале нешто лошо. Таа информација е запишана во нашите клетки и не можеме да ја избришеме, туку треба само да ја освестиме, прифатиме и научиме како да продолжиме понатака во животот.
Колку и да ни звучи смешно, има голема мудрост во прашањата на нашите баби и дедовци кaко на пример „Од која фамилија е момчето?“. Не се прашувало конкретно за партнерот кој сме го одбрале, туку за енергетската информација која ја носи во себе која може да го промени текот на животот.
Иако поминав многу енергетски обуки и медитации, никогаш немаше да дојдам до каде сум сега ако мојот најдраг и многу ценет учител Натали Јованова, не ме врати таму каде треба да бидам. Да верувам во Творецот и да проникнам во мојата како и во темната страна на мојата фамилија. Нема напредок, додека не ги сработиме негативните програми на СВЕСНО НИВО.
Сите ја знаеме приказната за двата волка и изреката кој волк го храниш тој ќе расте во тебе. Од нас зависи дали ќе ја следиме светлата или темната страна во нас. Ако сакаме да се избориме со сенките во нас, прво мораме да ја прифатиме нашата дуална природа. И самата природа на основниот градбен хемиски елемент од кои е изградено нашето тело ја потврдува нашата дуалност. Јаглеродот кој е основен елемент на сите органски молекули во нашето тело е изградено од 6 протони, 6 неутрони и 6 електрони. Фасцинантно, во нас има и темнина, 666! Секоја информација е пред нас, само треба да ја освестиме и прифатиме. Само и само од нашата слободна волја и цврсто поставена намера зависи дали ќе бидеме од страната на светлината. Универзалните закони кои се креирани од страна на ТВОРЕЦОТ мора да се почитуваат. Во универзумот постои ред и секое нарушување на редот доведува до негативни осцилации.
За крај, будењето не е ни малку лесен процес како што ни се претставува. Цената која треба да ја платите не е мала: ќе ја почувствувате болката; ќе ви кажат дека полудувате; нема сите да ве разберат па дури ни членовите на вашето семејство; ќе изгубите пријатели; можно е да го загубите и вашиот животен партнер; ќе доживеете критики од оние на кои сте им помогнале порано; ќе развиете други навики; ќе сакате повеќе време на поминувате со самите себе; ќе ги надминете стравовите и ќе разликувате што е добро за вашата душа, а што не; ќе се чувствувате како да не се вклопувате во овој свет; нема да ви биде битно мислењето на другите ниту осудата од општеството итн.
Човек не се просветлува со замислување на фигури на светлината, туку со сфаќање на темнината во него. Вистинското духовно будење не е нежно милување на душата, туку период како да газите на вжештена лава.
Но верувајте, мирот и чувството на спокој кој ќе го доживеете, не може да се спореди со ништо што постои.
Со Љубов,
Агафи Гаџова