ЗА УМОРОТ И ЗОШТО МОРА ДА ГО ДЕТОКСИФИЦИРАМЕ ХЕПАРОТ?

Од досегашната моја работа со Bio-Well камерата, можам да потврдам дека кај голем процент од клиентите забележана е неправилна работа на хепарот (црн џигер) која може да биде од емоционална или физиолошка природа.

Хепарот  е орган кој трпи најмногу удари и тоа токсични и емоционални. Се смета дека тој е орган во човековото тело кој е најиздржлив. Може непречено да ја обавува својата функција дури и ако изгуби две-третини од хепатоцитите.

Хепарот обавува околу 500 функции во организмот меѓу кои најзначајни се следните: ја прочистува крвта, синтетизира амино киселини, служи како складиште на глукоза и на витамините  B, C, D, K и E, а особено на витаминот А. Хепарот е резервоар на крв и тоа најмногу на еритроцити и железо.  Произведува 90% од протеините во крвната плазма, учествува во коагулацијата на крвта. Една од најважните функции е ДА ГИ РАЗГРАДУВА ТОКСИЧНИТЕ МАТЕРИИ ВО ОРГАНИЗМОТ.

Хепарот синтетизира 70% од вкупниот холестерол во организмот.  Дел се користи за синтеза на стероидите хормони, а дел учествува во градбата на клетките т.е. во градбата на клеточната мембрана. На пример ако клетките на еритроцитите изгубат 30% холестеролот, тие се распаѓаат.  Сепак ако има зголемена концентрација на ЛДЛ холестерол и триглицериди може да дојде до замастување на хепарот и оштетување на крвните садови. Замастениот хепар е причина и за чести настинки и умор.

Уморот настанува поради оштетување на митохонодриите во клетките (органели каде се создава енергијата) кои не се во можност да произведат доволно енергија.  Една клетка на хепар има околу 70000 до 80000 митохондрии. Ако сте често уморни, може  да е пореметена работата на овие органели.

Ензимот супероксид-дисмутаза учествува во намалувањето на слободните радикали кои настануваат поради оксидативните процеси кои се одвиваат во митохонрдиите.  Што значи дека овој супер ензим го штити организмот од  тешки заболувања.  Ензимот CYP3A4 учествува во разлагањето на токсините во телото кои може да бидат токсини и од лекови. Овие два ензима никогаш не се проверуваат при правење на основна крвна анализа. Ако е променета концентарцијата на овие ензими може организмот да е полн со слободни радикали и отрови и поради тоа да се чувствуваме уморни.

Солите кои се наоѓаат во жолчката учествуваат во разлагањето на мастите. Исто така витамините А,D, К и Е не можат да се емулгираат во нашето тело ако немаме доволно жолчни соли. Ако имате проблеми со жолчката внимавајте на количеството витамини кои ги внесувате. Mора да бидеме внимателни при внес на хибридните и синтетичките витамини (следува друг текст со објаснување). Тие можат да бидат токсични за нашиот организам.

Дополнително, премногу се навикнавме да гледаме на функционирањето на нашите органи и на нашето здравје воопшто само во однос на физичко-хемиските процеси. Но, врз нашата здравствена состојба влијае и нашата емоционална состојба. Така на пример на работата на хепарот  влијае бесот, огорченоста, фрустрацијата, а позади бесот се крие тагата. На пример, при гнев кој трае САМО една минута се уништуваат 1000 клетки во нашиот организам. Дали може да замислите што се случува во телото при долготрајно емоционално незадоволство?

Што може да го оштети хепарот?

  • Негативни емоции
  • Депресија
  • Физичка неактивност
  • Недоволен сон
  • Алкохол
  • Шеќери
  • Газирани пијалоци
  • Многу масна храна, особено транс масти
  • Вируси
  • Бактерии
  • Паразити
  • Тешките метали од храната, водата и воздухот
  • Токсините, особено адитивите
  • Големо количество на лекови (особено статнинот, лекот против покачен холестерол, аналгетици и кортикосероди) и други хемиски препарати како што се синтетичките витамини и минерали

Што треба да правиме да го заштитиме хепарот од оштетување?

  • Да бидеме емоционално стабилни
  • Физичка активност
  • Здрав сон
  • Умерена исхрана
  • Да се избегнува рафиниран шеќер
  • Да се избегнува генетски модифицирна храна
  • Да се избегнува алкохол и газирани пијалоци
  • Да се консумира овошје, особено калинка, аронија и боровинки.
  • Да се консумира зеленчук, особено цвекло и кромид
  • Да се пие многу чиста вода како и чаеви од магарешки трн и глуварче
  • И да се користат генетските (звучни био-информации) матрици како што се матрицата за гастроинтестиналниот тракт, имунолошка, детокс и анти-паразитскта матрица (https://agapebiowell.health/services/podmladuvanje-i-regeneracija-na-organizmot/).

НАПОМЕНА ДО РОДИТЕЛИТЕ: Се забележува зголемување на бројот на заболувања на хепарот кај деца и тинејџери. Ваша задача е да ги научите децата да ја сакаат природата и да бидат физички активни. Шетањето во природа има огромен бенефит врз здравјето. Не им давајте секојдневно газирани пијалоци, грицки и многу рафинирани шеќери. Избегнувајте брза храна. И ОНА ШТО Е НАЈВАЖНО РАЗГОВАРАЈТЕ СО НИВ И СЛУШЕТЕ ШТО ИМААТ ДА ВИ КАЖАТ. ГУШКАЈТЕ ГИ И КАЖЕТЕ ИМ КОЛКУ ГИ САКАТЕ. Играчките и скапата облека нема да ги направи среќни и урамнотежени личности.

Агафи Гаџова