Почитувани следбеници на Agape Bio Well!
Подолго време размислувам како да ви го објаснам субјективното размислување базирано на личните, образовните и општествените програми потпомогнати од медиумите. За жал, толку многу сме заглавени во сопствените уверувања што не сакаме да ја слушнеме другата страна на приказната.
Полека стивнува стравот и масовната хистерија од вирусот. Медиумите попуштаат поради сè поголемиот број на научни истражувања кои се однесуваат на негативни импликации на новите видови „вакцини“. Многу лекари, молекуларни биолози, епидемиолози беа буквално распнати поради нивното јавно предупредување за несаканите ефекти од „ мРНА вакцините“. Нападот врз нив беше толку голем што некои од нив завршија во затвор. Медиумите следејќи ги политиките на државите, направија трагикомична поделба на граѓаните на ваксери и антиваксери. Вистината е дека експертите кои не се согласуваа со официјалните извештаи за позитивното делување на овој тип на вакцини, секогаш го подржувале вакцинирањето. Никогаш не биле против вакцинирање. Иако јавно говореа дека не се против вакцинирање, ваксерите како и голем дел од лекарите и влијателните медиуми не сакаа ни да слушнат што има да кажат. Им беше залепена етикета дека се антиваксери. Голем дел од нив, денес покренуваат судски постапки против државите и медиумите кои го уништија нивниот интегритет. До вчера признати стручњаци со многу објави во светски познати списанија, а од денес, непријатели на народот! А тие што се вакцинираа, ставајќи фејсбоок рамка „I trust science, I am vaccinated“, си дозволија да ги навредуваат сите кои имаа спротивно мислење и кои внимателно и свесно ги обработуваа информациите кои доаѓаа од други стручни лица и научни центри.
Бидејќи нашите академици молчат (не знам зошто ги плаќаме), споделувам излагање на Академик Крешимир Павелиќ и познатиот имунолог Сречко Сладовљев.
Во излагањето Академик Крешимир Павелиќ, покрај другото зборува и за запрашувањето и зголемување на стерилитетот.
Она што сега ќе го кажам, на многумина нема да им се допадне, но таа е вистината. Во 2018 г. на мојата веб-страница и фејсбоок-страницата, I believe in mother nature, споделив објава на Бил Гајтс во која се зборува дека следува масовна вакцинација, а сеуште немаше никаква индикација дека доаѓа нов тип на вирус. Фејсбоок-страницата веднаш ми беше блокирана. Ширам невистини и поради тоа ќе ме блокираат. Така кажа Fact checker-от. Набрзо добив известување и од Google, дека морам да го избришам текстот. Во спротивно, следи исклучување. Големиот брат на дело. Контрола и закана за споделена информација на еден од највлијателните луѓе во светот кој донира во СЗО и кој отворено ни кажува што следи.
Сакам да нагласам дека сè што ни се случува однапред ни е кажано, но ние поради нашите програми не сме во состојба да ги видиме. Слепи да видиме и глуви да слушнеме. Така добро сме програмирани, што самите на себе сме си најголем непријател.
Лекарите направија сè што е во нивната моќ да помогнат следејќи ги протоколите. Најголем дел од нив веруваат во она што им го пласираше образовниот систем, дека медицината е во служба на човештвото. Дополнително, ние живеевме во еден хуман социјалистички систем кој многу внимаваше на образованието. Се внимаваше на квалитетот на лековите и вакцините. Сепак, Имунолошкиот заводи во Белград и Загреб беа едни од водечките институти за производство на вакцини. Земјите на сегашната ЕУ и СЗО купуваа од нив. На прво место беше здравјето на граѓаните. Е сега, замислете на еден лекар, кој учел и се развивал во еден таков систем, да му кажете дека денес, медицината е во служба на глобалните моќници. Секако дека долго време ќе живеат во негирање на фактите.
Целта на оваа објава е сите да се разбудиме од сонот. Да почнеме свесно да ги обработуваме информациите и дека никој, освен нас самите не е одговорен за иднината на нашите деца. Иако контролата е огромна, информациите доспеваат до граѓаните. Од нашата слободна волја и свест зависи кога ќе се ослободиме од глобалната хегемонија.
За тие што почнуваат допрва да се будат, првата лекција која треба да ја совладаат дека во светот не постојат повеќе држави. Целиот свет е во рацете на големите корпорации кои ни ја кројат судбината.
Агафи Гаџова