КОЈ СИ ИГРА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА?

Детските права  се дефинирани како дел од човековите права и им припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално или етничко потекло, пол, род, боја на кожа, религија, возраст, попреченост, сексуална ориентација, родов идентитет, јазик или кој било друг статус. Човековите права се меѓуповрзани, меѓузависни и неделиви. Тие се универзални и се гарантираат со закон, конвенции, обичајно и меѓународно право, со општи принципи и со други извори на меѓународното право.

Како е возможно да се зборува за сексуалната ориентација, род и родовиот идентитет кај деца и да се водедува категорија трансродови деца и трансродова младина? Дали ова не е прекршување на правата на децата да се развиваат во согласност на природните законитости и да бидат надвор од игрите на возрасните? Со ова, директно се прекршуваат нивните права.

Според истражувањето објавено во Reuters на 6.10. 2022г., во САД кај 121882 деца на возраст од 6 до 17 г. била дијагностицирана полова дисфорија. 17683 деца, во период од пет години, биле изложени на хормонална терапија зошто својот биолошки пол не го чувствувале како свој.

https://www.reuters.com/investigates/special-report/usa-transyouth-care/?fbclid=IwAR01qGcm7x1roGvbJVQ0QTM9w_9bMiSFfF49mdRP167ZAVlxkP5y5nvKRUM

По која научна методологија, стручните лица во САД, ја дале оваа дијагноза кај 6 годишни деца? Замислете, девојчињата сакале да се облекуваат во машка облека и сакале да бидат машки и обратно. Не се чувствувале комотно во својот пол. Се чуствувале анксиозно. И ова е најчесто објаснување на кое ќе наидете.  А никако да им падне на памет, дека храната која ја консумираат во нивната земја е полна со хормони и дека можеби тоа е причина за „состојбата“ или едноставо се понесени од нивните херои кои ги гледаат во цртаните филмови, сакаат да бидат како нив.

Ние родените во минатиот век сме имале среќа.  Да си игравме каубои и индијанци преоблечени во мажи во денешно време, веднаш ќе ни беше залепена етикета дека сме трансродови деца и дека можеби ни е потреба хормонска терапија. Да не зборувам за тоа како се каравме зошто никој не сакаше да биде индијанец. Никој не сакаше да биде лош. Која програма!

Загрижувачки се следните работи: законските промени во САД со кои на лекарите им следи одземање на лиценцата ако не им препишат на децата хормонска терапија и што не постои истражување  како терапијата ќе влијае на нивното здравје во подолг временски период.  А во некои сојузни држави, ако кажете на некое дете дека има полова дисфорија, ќе се смета како говор на омраза. Да резимирам, на децата им е дозволено да добијат хормонска терапија ако САМИ ја побараат без никакви дополнителни филолошки и психолошки анализи од страна на лекарите. Дали сметате дека ова законско решение е разумно и е во полза на здравјето на децата?

Погледнете го видеото.

Во некои сојузни држави, хормонските терапии и менувањето на пол кај деца од 16 г. се смета за злосторство и е строго забрането со кое во целост се сложувам.

Сексуалната и родовата ориентација на возрасните е нивен избор, но да си игра со здравјето на децата е злосторство без преседан. Колку повеќе читам, толку повеќе ми трепери душата од монструозните законски решенија во САД и некои европски земји.

До кога ќе ќутиме и ќе живееме во илузија дека живееме во демократија и дека се бориме за човекови права? Доста лаги. Како поединец, направив сè што е потребно да ги пренесам информациите на оваа тема. Од вас зависи дали ќе превземете дејствија или ќе одлучите да молчите.

Агафи Гаџова