Замислете живот во кој постои лек за сите болести, каде што нема страв од физичка и емоционална болка, зли и негативни мисли. Човекот не го слуша организмот што сака да забави, сè додека не запре здивот. Или душата силно да заболи. Во книгата „Лек против сите болести“, С.Н. Лазарев ги истакнува сите нивоа на разбирање, посветеност, љубов и жртва што ги стекна на истражувачко патување повеќе од три децении. Меѓу другото, во оваа книга се зборува за поврзаноста помеѓу онколошките болести и човечките чувства што, според него, се јавуваат кога душата не може да ја поднесе болката, кога едно лице не може да прифати нешто што се случило, кога очајува и живее предолго во преоптоварување и режим на приврзаност за вредности на животот, што резултира со губење многу енергија.
Сергеј Николаевич Лазарев е руски филозоф, истражувач на законите за духовен развој и нивното влијание врз здравјето и судбината. Почетокот на неговото истражување е поврзано со информационото-енергетско поле, човекова душа. С.Н. Лазарев дошол до заклучок дека колапсот на светот се забрзува поради погрешен начин на размислување, на системот со искривени вредности, на губењето на љубовта и моралот.
Како живеете и како размислувате?
Во книгата, Лазарев се осврнува и на бројни писма од неговите читатели во кои тие велат дека болеста им се прикрала без никакво предупредување, но тој вели дека знаците се секогаш тука, само што не успеваме да ги забележиме. На оние кои се прашуваат зошто се разболеле, а притоа не повредиле и не му наштетиле никому, Лазаров во книгата порачува:
„Главното зло не е да им се наштети на другите луѓе, туку на сопствената душа, односно најголемото зло е агресијата кон Бога, која порано или подоцна секако ќе се сврти против самиот човек. На ниво на дејствија и постапки вие не сте нанеле ниту пак сториле зло, но сте сториле на ниво на чувства“.
Според С.Н. Лазарев, причина за многу посериозни болести е ниското ниво на енергија, а причините за тоа се погрешниот начин на живот, исхраната, однесувањето, како и лошата емоционална состојба на една личност.
Што се случува кога доживуваме голем стрес?
„Кога некој човек е под голем стрес, енергијата паѓа. Во исто време, неговото тело се однесува на ист начин како кога се нурнува во ладна вода: крвните садови се стеснуваат, а циркулацијата е отежната. Но, кога ќе почне да прави нешто активно, неговите крвни садови се шират, неговата циркулација се подобрува и последиците од стресот не се толку опасни. Затоа, ја давам следната основна препорака: кога некое лице е под стрес, потребно е да пешачи, да се движи и да се посвети на некоја активност. На тој начин стресот е многу полесен да се надминување “. („Лек за сите болести“, С.Н. Лазарев)
Во книгата, Лазарев исто така пишува и за тоа како човекот може лесно да почувствува како му се губи енергијата, за енергетските аспекти на здравјето, раѓањето на нов живот, менталните болести, итн.
За книгата:
Книгата на С.Н. Лазарев (филозоф, педагог, психолог-практичар) „Лек против сите болести“ ја отвора темата физичко и ментално здравје на луѓето со акцент на енергетските аспекти. Авторот вели дека здравјето првенствено зависи од енергијата на човекот, а енергијата е поврзана со неговите чувства и односот кон животот. Нашите чувства го одредуваат нашето здравје и судбина, дека сè што се случува со нас и околу нас, информации што ги добиваме, се одвиваат преку нашиот поглед на светот и нашиот карактер. Ако тие се несовршени, тогаш може да започнат проблеми и со здравјето и со судбината.
Во книгата пишува за тоа како погрешните чувства на една личност предизвикуваат одредени болести. Опфатени се важни теми, како што се развој на онколошки заболувања, дијабетес, ментални болести и болести на внатрешни органи. Анализирани се типичните грешки направени од луѓето по читањето на книгите на С.Н. Лазарев, а тоа се очекувањата за закрепнување, при тоа не размислувајќи за многу важни работи, без кои исцелувањето не е можно.
Наведени се совети за млади родители, принципи на правилна исхрана и однесувањето на човекот во сите аспекти на животот. Според С.Н. Лазарев, важно е да се разбере дека човекот е енергетско суштество кое црпи енергија од љубов и вера, дека треба да се справи со својата душа и своите чувства, и да разбере дека здравјето првенствено зависи од нас самите.
Накратко кажано, најдобриот лек за сите болести е ЉУБОВТА КОЈА ЈА НОСИМЕ ВО ДУШАТА.