Мислите ги определуваат цртите на вашето лице

Вашето лице личи на грамафонска плоча. Што и да помислите, во истиот миг тоа се врежува на вашето лице.
Секоја лоша мисла претсатвува длето кое остава трга на лицето. Вашите лица се прикриени со лузните и со раните кои ви ги нанеле лошите мисли на омраза, лутина, алчност, одмаздољубие и така натаму.
Врз основа на лузните на лицето, веданш може да се каже каква е состојбата на вашиот ум. Мигновито може да се определи мислата на дијагнозата на болеста на вашиот ум.
Оној кој мисли дека може да ги скрие свиоте мисли, се лаже себеси. Тој личи на ној кој пред ловците ја крие главата во песокот, замилсувајќи си дека никој не го гледа.
Лицето е одраз на умот. Секоја мисла врежува брчка на лицето. Злобна мисла го замрачува лицето. Божествената мисла го озарува лицето. Постојаните божествени мисли ја зголемуваат аурата.
Постојаните злобни мисли ги продлабочуваат мрачните импресии, како што постојаните удари на кофата од ѕидот на бунарот, при излекувањето на водата, создаваат се поголеми вдлабнатини на кофата. Изразот на лицето навистина ја отркива внатрешната состојба на умот или содржината на умот.
Лицето е како огласна табла на којашто е истакнато сето она што се случува во умот. Вашите мисли, чуства, ставови и емоции остваат јасни траги на лицето.
Тешко дека може да ги скриете вашите мисли, а тие да не се забележат на вашето лице. Можете да си замислувате дека свиоте мисли сте ги зачувале во тајност. Мислите на похота, алчност, љубомора, лутина , одмаздољубивост, омраза итн, мигновито оставаат трага на вашето лице.
Лицето е верен записничар и сензитивен апарат за регистрирање и бележење на сите мисли кои се наоѓаат во вашата свест. Лицето е јасно огледало кое ги покажува природата на умот и неговата моментална состојба.
Свами Шивананда