ПРИПРЕМА ЗА СМРТ НА ЕГОТО И ПРЕПОРОД НА ДУШАТА

Почитувани следбеници на Agape Bio Well!

Овој текст го посветувам на 3 посебни жени кои имаат огромно влијание врз развојот на мојата професионална кариера која воедно е мојата страст и голема радост како и врз мојот духовен развој. Тие се жива енциклопедија и им благодарам што несебично го споделуваат нивното знаење.

Огромна благодарност на Натали Јованова, единствена жена која јас познавам, во која непречено тече женската божествена енергија и плени со нејзината мудрост. Таа е чиста љубов, восхитува со нејзината смиреност. И токму поради тоа, на Натали, покрај години поминати во изучување и е дадена моќ од чистата Свест, да навлезе во причината на проблемите и истите да ги реши, а не да ги решава само последиците како останатите. Таа има моќ невидливото и апстрактното да го направи видливо и разбирливо. Тоа не се психолошки методи, не е НЛП, не се  Points of View, ниту само примена информација на „необичен начин“.  Таа е вистински мајстор во семејните констелации. И нема рамен. Натали, ти благодарам што успеа да дојдеш до суштината на проблем во мојата фамилијарна линија и што несебично го делиш твоето знаење со мене. Ти благодарам за часовите минати во разговори, разбирливи само за тебе и мене.

Благодарност на руската докторка Елена Паригина која никогаш не спие. Има огромно познавање не само од конвенционалната и алтернативната медицина, експерт е за квантна медицина и квантна генетика како и за метафизиката наречена „БАЗИ“.  Со голема страст ги следи сите научни достигнувања во квантната физика. Сите здравствени проблеми настануваат на духовно (суптилно) ниво и со помош на руската квантна медицина не само што се доаѓа до суштината на проблемот, туку се решава. Навистина сум помилувана од универзумот, што ме поврза со неа и сите нејзини предавања ги следам со радост и восхитување. Тие се мелем за мојата душа. Елена, ти  благодарам за убавите утрински будења со зборовите „Људови, устајте, знате шта је ново…“.  Ах, само да знаете колку се убави тие утра, знаете дека денот ќе ви биде исполнет со нови сознанија…

И на крај, ќе ја споменам мојата сестра Доли, која ја сакам бескрајно и која ме восхитува со нејзината храброст. Проблемите со кои се соочува се големи, но таа храбро продолжува да чекори и да го сака животот. Свесна е дека животот е најголемиот поклон и дека сè ни се случува со причина. Сега заедно, ќе се обидеме да го решиме она што е ни е оставено во наследство од нашите родители и нашите предци, односно да направиме промена во нашата ДНК и да гo исчистиме патот на нашите деца и идните поколенија.

За метафизиката!

СИТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ СЕ МЕТАФИЗИЧКИ.

Историски гледано, СЕКОГАШ револуционерните откритија биле критикувани и отфрлени.  Поради тоа и Александриската библиотека била запалена. За време на инквизицијата, научниците кои имале спротивен став од тие што ги контролирале информациите биле нарекувани еретици и дури биле јавно егзекутирани. Во 1626 г. католичката црква си дозволи да го забрани учењето за атомот.

Во Германија, пред 120 години одржан е голем конгрес на теолози, на кој биле повикани  гностици, математичари, физичари, хемичари и доктори. Заклучено е дека секој човек на денот на своето раѓање добива своја нота (не се мисли на музичките ноти) и свој звук (бран) кој ја одредува неговата судбина и дека човекот само делумно може да делува на неа. Дека се е звук и вибрација, јасно е запишано во Ведите и тоа најверојатно пред 30000 години. По овој конгрес на кој е даден јасен патоказ каде треба да се движи науката, американките бизнисмени и  „филантропи“  Andrew Carnegie и  John Davison Rockefeller (https://en.wikipedia.org/wiki/Flexner_Report), ја направија најголемата грешка бидејќи законски го ограничија лекувањето само на физичкото тело. Иако голем број на доктори и научници од Американската медицинска академија имаа дијаметрално спротивно мислење како треба да се развива медицината, потребите на двајцата капиталисти надвладеа.

И денес состојбата е иста. Секое ново откритие кое е во полза на човештвото, а не во полза на капиталистите се дискредитира и се нарекува псеудонаука. Се измислуваат секакви методи и начини да се омаловажат новите сознанија особено во медицината и психологијата. Свесни дека нема да можат повеќе да ги контролираат и запрат информациите, контролорите на еден срамежлив начин повторно ја враќаат „алтернативната“ медицина на сцената. Па така СЗО од 1.1. 2022 и официјално и даде почесно место на старата традиционална медицина.

„The new ICD 11 includes Chapter 26 “Traditional Medicine”, which did not exist until now: this means that the approach developed in this training is fully in line with current developments in international health policy. The inclusion of Chapter 26 of the new ICD (ICD 11) represents an historic step in the attitude of health authorities towards natural medicine, the admission of the existence of vital energy and its disturbances as causes of disease.“

За атомот и енергијата!

Атомот е 99,99999% енергија и 0,0001% материја. Нашите клетки се направени од атоми, што според ова би значело дека сме МНОГУ повеќе енергија отколку материја.

За време на истражувањето на субатомските честички, научниците забележале дека законите на класичната физика не важат за овие честички. Материјата на субатомско ниво е неостварлива, постојано се појавува и исчезнува во три димензии, а потоа исчезнува во ништожност во КВАНТНОТО ПОЛЕ, кое се трансформира од честичка во бран и обратно. Преку експерименти било докажано дека само кога набљудувачот ќе го насочи своето внимание на одредена локација, честичката се појавува таму.  Тоа е таканаречениот – колапс на брановата функција или  „Ефект на набљудувач“ преку кој ги поврзавме умот и материјата. Со други зборови, преку мислата и развиена емоција кои се векторска величина, можеме да делуваме на настаните.

За свеста, умот и егото!

Свеста, умот и егото се поврзуваат со енергијата во атомот. Енергијата во атомот може да биде жива или божествена со која владее нејзиното величество Свеста и мртва енергија која раководи со умот и егото. Се смета дека старите народи имале високо развиена Свест и интуиција. Интуицијата е електро-магнетна информација која се добива од Акаша записите. Таа се јавува кога во нас тече жива енергија и секогаш е насочена да не заштити, предупреди, да не насочи да донесеме правилни одлуки и да ја дознаеме вистината. Таа никогаш не лаже. Умот е тој кој погрешно не насочува.

Библијата преку метафори ни ја раскажува вистината за човековата природа. Сите знаеме зошто Адам и Ева биле избркани од рајската градина. Го пробале плодот од „Дрвото на Знаењето“. Јасно ни е кажано дека ни е одземено правото да бидеме слободни и свесно да размислуваме. Свеста, чистата љубов е заменета со страв. Преку стравот, ни се всадени многу негативни програми кои создаваат внатрешен конфликт и не сме во можност свесно да расудуваме. Живата енергија во атомот се заменува со мртва енергија која го храни егото. Така настанал умот кој е сурогат на душата.

Или едноставно кажано, со свеста владее светлината или Бог, а со умот и егото темнината. Кога Абрахам го однел својот единствен син да го жртвува на Бог, синот е метафора за егото. Абрахам направил ИЗБОР. Решил да биде свест. Ако сакаме да бидеме светлина и љубов треба да се ослободиме од егото и умот. Умот поради стравот може да обработи само одредени информации кои никогаш не се целосни поради тоа што се добиени од авторитети кои ние apriori ги прифаќаме како точни.

Истото се случува и во науката. Секоја информација која доаѓа од умот, а не од свеста, не е целосна. Затоа, на пример, медицината заглави во слепа улица со класичната генетика. Информацијата ја црпи само од гените, а не од целата молекула на ДНК, која е поврзана со свеста и ги има запишано сите информации од постанокот на светот. Или на пример денешната психологијата која е психологија на делување ум на ум. Умот не може да се реформира со ум туку само со свест. Овие состојби одлично ги објаснува  Д-р Krajcar како и руската квантна медицина. А ние во Македонија, сме благословени што ја имаме Натали Јованова која работи исклучиво од позиција на љубов, односно свест.

Болно е да се соочиме со вистината дека во нас има многу повеќе мртва енергија и дека го храниме волкот кој не води во пропаст. Но кога ќе поставиме цврста намера дека време да се вратиме на душата, тогаш започнува  вистинското патување. Само тие кои го започнале тој пат, знаат што сакам да кажам. Но, на тој пат, се случуваат чудесни работи. Се враќа љубовта и радоста во срцето, се зголемува свесноста. Тоа не е онаа љубов кон себе како што сакаат да ни ја престават новите модерни учења кои исто така не водат во пропаст, не одвојуваат од изворот, ја развиваат себичноста и ни го хранат егото. За љубовта, ќе пишувам во друга прилика.

За вистината и лагата!

Бог е чиста љубов. Тој не владее со нас на начин на кој сакаат да ни го прикажат. Ако во нас има повеќе свест, нашите животи ќе бидат светли, а ако има повеќе его ќе има темнина. Тоа зависи и од тоа каква енергија имале нашите предци.

Со 99% од светската популација владее темнината. Во нашите атоми тече мртва енергија и човештвото се соочува со морална деградација на сите полиња. Лагата стана оправдана алатка за остварување на целите. Таму каде има лага, владее мртвата енергија. Таму каде е вистината, владее светлината.

На вас останува да одлучите, на која страна сакате да бидете.

Што се случува на енергетско ниво?

Полека влегуваме во ерата на свесноста. Сликовито кажано, влегуваме во период на темелно чистење на домот, на нашата душа. Треба да се ослободиме од она што не ни е повеќе потребно во нашите животи (негативни емоции, мисли, луѓе, програми) како и од кармата на нашите предци. Процесот е болен и макотрпен. Се чувствуваме лошо, тажно, бесно, огорчено итн. Ова е една од причините зошто многу луѓе се анксиозни, депресивни и болни. Ако не го исчистиме отпадот, не е можно да влезе светлина во нашата ДНК. Овој процес е неминовен. До нас секојдневно доаѓаат огромни снопови на космичка енергија која се труди да навлезе во нашата ДНК. Втурнати сме во еволуциски процес на чистење. А можеби појавата на вирусот, 5G зрачењето и моралната деградација на човештвото се патот до вистинското будење.

Единствено можеме да си помогнеме ако го прифатиме процесот, работиме на себе, се молиме и медитираме. Се очекува да пристигнуваат огромни количества на космичка енергија и наредните неколку години. Ќе влијае на сите. Немојте да помислувате дека нешто не е во ред со вас. Знајте, дека сте во процес на замена на мртвата енергија со жива енергија која ќе донесе олеснување на ниво на душа.

За крај на оваа година!

На сите следбеници на Agape Bio Well и на сите мои клиенти им посакувам што поголем квантум на жива енергија во наредната година. Бидете здрави, среќни и благолсовени!

Со Љубов,

Агафи Гаџова