ПРВИТЕ МАТРИЦИ НА ЗДРАВЈЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Во текстот нема да дадам детално објаснување за тоа што е Матрица на здравјето бидејќи следи предавање на оваа тема.

Накратко, Матрицата на здравјето е матрикс/печат кој ни е даден во моментов кога сме се родиле. Се базира на теоријата на 5 елементи. Тој во себе содржи епигенетски информации за нашето здравје. Овие информации не можеме да ги промениме. Она што можеме да го направиме, е со нашето делување на слабите органски системи да им дадеме соодветна енергија преку фреквенции, храна, фитотерапија итн. за да можат да ни служат до судниот ден и тоа според биолошкиот часовник.

Според теоријата на 5 елементи, органите се поделени во 5 категории: дрво, оган, земја, метал и вода. Во елементот на дрво спаѓаат жолчката и црниот дроб.  Во елементот на огинот се вклучени тенкото црево, срцето, трострукиот грејач (нервите) и перикардот.  Елементот на земјата ги вклучува желудникот, слезината и панкреасот. Енергија на метал имаат дебелото црево и белите дробови и во елементот на водата се вбројуваат мочниот меур и бубрезите. Ендокриниот систем, сетилните органи, кожата и репродуктивните органи се контролирани од повеќе елементи. Сите елементи меѓу себе се подржуваат, црпат енергија едни од други, се контролираат но може да направат и антиконтрола  при што доаѓа до пореметување на физиолошките процеси во организмот.

Матриците се пресметуваат по одредени математички правила, кои непогрешиво ни зборуваат за нашето здравје (матрица на здравјето), нашите емоции ( психо-соматска матрица) и БАЗИ матрица на здравјето која ни дава целосна слика зошто доаѓа до одредени болести како на органско така и на емоционално ниво, поточно на кармичко ниво.

Преку две матрици, кои се направени во Македонија, ќе ви ги доближам истите.

Прва матрица:

Се работи за клиент кој има 43 години и од мал има проблеми со слаба мускулатурата на рацете и има тремор како и хируршко отстранување на две бенигни бемки.  Од мал посетувал доктори, при што не е дадена дијагноза за неговата состојба. По направената матрица, се покажа дека елементот на земјата (желудник, слезина и панкреас), не соработува и тоа е т.н. ДЕН систем кој може да направи сериозни проблеми во целиот организам зошто ниту сака да прими, ниту даде енергија. За мускулатурата на екстремитетите е одговорна слезината. Балансот на автономниот нервен систем во панкреасот беше во целосен дебаланс, енергија нула. Иако сите биохемиски анализи покажуваа дека шеќерот е во нормала, никогаш не бил испратен да направи тест за инсулинска резистенција. Елементот на дрвото (жолчката и црниот дроб) вршат контрола на елементот на земјата. Бидејќи елементот на земјата, не сака да соработува со елементот на дрвото, црниот дроб ја губи својата енергија, слабее  (био-хемиски анализи уредни) при што делува на кожата. Црниот дроб е одговорен за создавање на бенигни тумори во телото. Затоа секогаш кога се работи за бенигни израстоци треба да се делува на елементот дрво. А овој елемент е контролиран од металот (во кој припаѓа и десната надбубрежна жлезда) која го лачи кортизолот и тестостеронот кои исто така влијаат на мускулатурата. Дополнително, секоја вечер 11 години, пиел вода со лимон со што ја слабее функцијата на слезината.  Оваа комбинација е одлична за црниот дроб, но слезината слабее зошто не сака кисело.

Втора матрица:

Се работи за 5 годишно детенце, кое е постојано под антибиотици. Ослабен имунитет, склон на бактериски инфекции, проблеми со ушињата, постојан секрет во носето, крајници и лош квалитет на забите. По математичките пресметки, се покажа дека има недостаток на енергија во огинот, земјата и металот и повеќе енергија во елементот на водата. Причина за состојбата лежи во органите на металот и земјата.  Поради слаба слезина, неговото тело создава повеќе слуз и тоа  во дебелото црево, белите дробови и носето. Од енергијата во овој елемент зависи и здравјето на забите Од тука е разбирливо зошто страдаат и запчињата. А бидејќи има повеќе енергија во елементот на водата во кој спаѓаат бубрезите, мочниот меур, половите органи, коските и ушите, јасно е зошто се можни проблеми со репродуктивниот систем и ушите и поради тоа, овој систем треба да се слабее.  Вишокот на енергија, водата ја предава на дрвото во кој спаѓа жолчката која ја контролира работата на крајниците.  Препорака е право да се јакне металот, потоа да се делува на земјата и на органите на огинот, а потоа да се намалува енергијата во водата.

ВАЖНО:  Децата кои се родени по 2000 година имаат многу прзни органски системи што дава објаснување зошто младите не се здрави не само физички туку и психички. Жалосно е што на сите им недостасува енергија во срцето. Зошто е така и што тоа значи за човештвото, ќе одржам предавање. За да ги одржиме системите во живот, за жал потребно е секојдневно балансирање со фреквенции, третирана храна и вода и користење на производи кои се проверени како и заштита од електромагнетен смог.

 

Со Љубов,

Агафи Гаџова