Што ни се случува?

Можеби овој текст кај многумина ќе предизвика негодување, но време е да и погледнеме на вистината во очи и да разбереме дека сме сите излажани, изманипулирани и програмирани според потребите на одредени структури.

Доста е пишувано за манипулациите во науката, медицината, фармацијата, политиката, ИТ технологијата, за успешни милијардери кои „само поради своите идеи“ успеале да станат вистински моќници бидејќи либералниот капитализмот тоа им го овозможил итн.

Особено ме вознемируваат две работи: скрнавењето на старите духовни учења и лажниот феминизам кој служи како алатка за уништување на женската енергија која во себе носи љубов и мудрост.

Денешната модерна жена на енергетско ниво, не е повеќе жена бидејќи доминира машката воинствена енергија. Се прашуваме од каде толку агресија и неморал кај денешните деца. А какви сакаме да бидат нашите деца кога се растени без љубов и внимание и оставени во канџите на ИТ технологијата и нивното безмилосно програмирање.  Го обвинуваме образовниот систем и општеството за нивниот развој. Основата на проблемот лежи во домашното воспитување на децата до седум годишна возраст. Не ни треба мудрост и интелигенција да разбереме што треба правиме. Доволно е да погледнеме во природата и да знаеме како и до кога мајката треба целосно да биде посветена на децата. А жената која нема балансирана енергија внесува неред како во семејството така и во општеството.  Нашите права треба да ги насочиме во друга насока. Но за тоа во друга прилика.

За спиритуланоста

Прво, треба сите да разбереме дека во природата постои ред и дека секое скрнавење на метафизичките закони, внесува неред во космосот, на нашата планета како и во нашиот семеен систем. Кога се прекршуваат природните законитости, неминовно е да дојде до распаѓање на системот за да може повторно да се воведе ред.

Второ, старите цивилизации биле многу по напредни од нас бидејќи многу повеќе ги знаеле тајните на природата и живееле во согласност со нив.

Трето, тие што владеат со светот (преку религијата, спиритуалните/духовните учења, науката, квази образованието и медиумите) се обидуваат преку страв и послушност да не контролираат.

Неодамна слушав еден познат монах од Србија како зборува дека најголема грешка е тоа што се дозволило да се изучува атомот и поради тоа ни се случи Хирошима и Нагасаки, при што намерно заборава да каже дека изучувањето на атомот донесе голем прогрес во медицината.  Се прашувам како тоа лице кое верува во моќта на невидливото, ни вели дека е опасно изучувањето на материјата на невидливо ниво. И она што многу ме вознемири е слепата послушност на слушателите кои  му веруваат зошто тој е авторитетот и има титулата дадена од црквата.

Тие пак, што сметаат дека духовните учења се нешто повеќе од религијата треба да бидат многу внимателни бидејќи правите знаења се превртени и приспособени на потребите на олигарсите за да можат да владеат со масите. Исто така, истите се прилагодени според личното мислење  и уверувања на авторите. Првиот мој шок беше во 2019 година кога ја купив книгата Основи на метафизичките начини на исцелувања од Дајен Стејн која стана позната по ширењето на Реики во западниот свет. Авторката со таква омраза пишува за спротивнот пол и ги скрнави старите учења, па си дозволи да ги измени учењата кои ги споменува во книгата. Повеќе од јасно е дека книгата добила благослов за печатење од тие кои сакаат да внесат хаос и конфузија кај масите. Па има и такви исцелители кои велат дека љубовта нема граници и дека е во ред да се заљубиш во ист пол или дете. НЕ, тоа е погрешно, бидејќи е во спротивност со универзалните закони на природата.

Она на што наседнаа многумина е лажното учење дека само со неколку третмани ќе можат да ги избришат старите програми и уверувања и дека ќе можат да креираат она што навистина го сакаат што е чиста лага. И еве причина повеќе, тие што бараат помош да се разочараат и да паднат во уште поголема депресија.

Четири правила кои треба да ги знаете!

  1. Вашата лична и фамилијарна биографија е всушност вашата биологија. Во вашата ДНК се запишани сите информации на вашите предци. Тие се причина за вашата радост или тага.
  2. Моќта е во вас. Од вас зависи како вие ќе се однесувате кон неа. На пример, ако ја изгубите работата и ако се разочарате и обвинувате, вие ја предавате моќта на парите. Може лесно да паднете до депресија и долго време да не преземете никаква акција. Несвесно, уживате во улогата на жртва. Па така, вие со вашата слободна волја сте одлучиле да живеете во болкa.
  3. НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ. МОРАТЕ САМИ ДА СЕ ИЗБОРИТЕ. Кого и да посетувате, психијатар; психолог; енергетски исцелител; не може да ви помогне ако самите не сте донеле одлука дека сакате да направите промена во вашиот живот. Тие само ви помагаат да согледате каде грешите и што да направите за да ви биде подобро. Никој не може да ги превеземе вашите ментални и емоционални болки како што не може да ги преземе физичките болести. Ќе мора многу да работите на себе и тоа најчесто со години. А ако не сакате да се соочите со вистината дека треба сами да го поминете патот на темнината, не треба никого да обвинувате. Повторно, вие со ваша слобода волја сте донеле одлука да живеете во болка.
  4. Човекот може да креира она што ќе посака. Тука, настануваат најголемите разочарувања. Свесното манипулирање со масите дека кога ќе ги усогласиме фреквенциите на срцето со фреквенциите на мозокот, ќе може да добиеме сè што посакуваме е крајно безобразно и нереално. Кога ќе се каже човекот е свој креатор, се мисли на тоа дека тој сам одлучува дали ќе остане во болка или ќе одлучи да направи сè што е потребно повторно да биде среќен. Па еве ги чудата. Сте одлучиле непоколебливо да го сакате животот и да се радувате на убавите работи кои ви ги носи новиот ден. Да поставите реални цели кои ќе се стремите да го остварите при што НИКАКО не смеете да ја нарушувате слободната волја на другите. Она што треба сите да знаете дека тоа што ни е дадено од небото на денот на нашето раѓање (судбина) не можете да го промените, пред сè, зошто морате да платите за делата на предците кои се запишани како информации во ДНК како и да научите одредени лекции кои се неопходни за духовениот развој. Мора семејната линија да се донесе во баланс. Некогаш, повеќе генерации ќе страдаат за да се внесе ред во системот. Космичките закони мора да се почитуваат.

 

Со Љубов,

Агафи Гаџова