Вo повеќе наврати пишував зошто една терапија делува кај едни, а кај други не. Дадов и појаснување, дека во однос на здравјето, во кинеската метафизика постојат три видови на физичко тело: нормално, светлосно и слабо тело. Сите се третираат на различен начин.
Она што ни е наметнато, дека јогата е одлична за смирување. Да, тоа е така, но не се однесува на сите. Оние лица кои имаат силна Qi енергија и енергија на патувачки коњи, јогата нема да им помогне.
Енергијата на патувачките коњи е почетен импулс, експлозивна енергија. Оваа енергија бара активност и ослободување на вишокот на енергија кон надвор. Ваква енергија, според кинеската метафизика, имаат тигарот, змијата, мајмунот и свињата. Ако ги имате овие животни во вашата БАЗИ карта, вам ви е потреба физичка активност, како пливање, трчање, дигање на тегови, стратешки игри како шах, билјард. Откако ќе се ослободите од вишокот на енергија, можеби ќе ви се посреќни да медитирате без никакви насоки и тоа само ако денот носи поволна енергија за вас.
За да стане јасно, доволно е да го погледнеме однесувањето на овие животни во природата.
Тигарот се поврзува со почетокот на пролетта и со месецот февруари. Тогаш времето е променливо, може да биде топло, па ладно, да врне, да грее сонце. Таков е тигарот. Променлив, немирен, храбар, сентиментален. Прекрасна мачка, на која сите се воодушевуваат. Тој е крал. Тој е над сите. Па како може ТОЈ, императорот да го поздравува сонцето! Тоа е невозможно. Па кое е сонцето, да му се поклонува. Пробајте да го налутите, па сите ќе си го добиете.
Неговото величество, мајмунот е најквантизираното животно. Тој цело време трча, игра и прави лудории. За него животот е игра. Целосен квантен хаос, кој само он може да го разбере. Скока од една гранка на друга, од едно дрво на друго без проблем, зошто има фотографско паметење. Тој е лукав, снаодлив, сака да учи, ги препознава лагите, стапиците. Тешко ќе можете да го манипулирате. Ајде мајмунот со висока QI енергија, натерајте го да се смири и да вежба јога. Зошто сака да игра, може да проба, но во прва прилика ќе се откаже. Еве, седи мирен на гранка и медитира. Се прикрадува тигарот. Во истиот момент, неговиот фокус се пренасочува кон тигарот и мајмунот го удира со лушпа од банана. Тигарот збеснува. Кој е мајмунот, да го напаѓа кралот? Почнува борба, но мајмунот најчесто победува. Кој може да го прати како скока од дрво на дрво. Лукав е тој, нема да се потчини на кралот.
Тигарот и мајмунот одмараат после борбата. Мирот го нарушува наглото и агресивно однесување на дивата свиња. Влетува како фурија, може да ги раскине пристутните. Сигурно ќе настрада прво тигарот. Мајмунот, за влакно ќе ја избегне трагедијата, благодарение на неговата снаодливост.
Настанува мир. Но змијата е скриена и таа ја анализира целата ситуација. Таа е стратег. Интелигентна, мудрица е таа. Полека се прикрадува и во првата прилика, елегантно го пушта својот отров или го дави својот непријател.
Е сега замислете, да ја носите енергијата на две или три патувачки коњи. Па тоа е експлозија на емоции и мисли. Немир. Што да се направи прво? Дали утре треба да се кречи или да се оди на шопинг? Дали е подобро да се купи книга за архитектура или да се оди на масажа? Мозокот работи милион на час. Не може човек со ваква огромна енергија да седи на едни место, да вежба јога и уште плус да му кажете, време е за водена медитација. Уште поголема збрка ќе настане во главата. Со сигурност, медитацијата ќе биде прекината од тигарот. Па тој, лукавиот ум на мајмунот, мора да му покаже на тигарот каде му е местото. Па тој не куче или коза, да се помири со ситуацијата и лесно да падне во летаргија, или коњ, пола ден да седи на едно место и да чека некој да го погали.
Затоа, почитувани следбеници на Agape Bio Well, пратете ја својата интуиција и ако нешто не можете да правите и се чувствувате лошо, немојте да го правите. Не е секоја медитација, енергетска техника или вежба за секого.
Би додала, дека БАЗИ не само што ја чита судбината на човекот, туке дека е одлична психо аналаиза. Кога ќе ја преставите карата на човекот како природа, не можете да погрешите во проценката. Дури, ги отркива вашите тајни и она што не сакате да си признаете за себеси. Навистина, не постои ништо, што е посоврешено од природата.
Агафи Гаџова