Годинава што измина, беше исполнета со многу нови знаења кои бараа голема посветеност.
Од особено значење беше изучувањето Теоријата на Сè, која ја поврзува теоријата на релативноста со квантната механика. Законите кои важат во механичката физика, не важат за субатомските честички. Од друга страна, одредени законитости на кои се покоруваат електроните и фотоните, не важат за протоните, неутроните и кварковите.Тешко да се разбере тој „квантен хаос“, каде сè е енергија и каде постои совршен ред кој не може никој да го разбере.
Теоријата за струните и постоењето на повеќе димензии во исто време, ме заинтригира поради децата со аутизам. Често, на аутистичните лица им смета бука и тие ги затвораат ушите. Исто така, тие често разговараат на јазик, непознат за нас и погледот им е вперен во одредена точка. Со кого разговараат? Дали се заглавени во меѓу светови и можат да ги видат и другите димензии? Дали комуницираат со други енергетски битија? Додека Теоријата за струните, не биде прифатена и потврдена од страна на класичната наука, само езотеријата, дава одговор на ова прашање. Езотерија не е поле на мој интерес и затоа не сум во можност да дадам било какво објаснување. Во ова категорија не се вклучени децата кои го изгубиле говорот поради примена вакцина.
Но, она што ме зароби и што предизвика восхит и страст кон нешто толку длабоко и неверојатно точно е БАЗИ. За БАЗИ пишував во повеќе наврати, но за оние кои првпат ќе се сретнат со овој поим, накратко ќе кажам дека БАЗИ е гранка во кинеската метафизика која ја изучува човековата судбина, нашето делување, карактерот, како и здравјето. Исклучително е тешко изучувањето на БАЗИ. Потребни се години да се совлада тематиката пред да почне да се применува. Исто како да студирате математика и физика, каде има многу правила, но во исто време учите и трет факултет како англиски јазик, каде има повеќе исклучоци од правилата.
Според БАЗИ, судбината ни е однапред определена и тоа што ни го дало небото, никој не може да го промени. Но ние со нашето делување, можеме да ги ублажиме ударите или пак да делуваме во точно определен период за да оствариме одредени цели. Нашите карти се динамични и вибрираат во квантното поле. Кога доаѓаат енергии кој не ја подржуваат нашата судбина (особено, 10 годишни тактови) и кога животот ќе тргне во погрешна насока, најдобро е да не започнувате ништо ново. Каде и да одите и што да правите, ништо нема да се промени. Може само да се намали судирањето на енергиите, но нема тие да се избегнат. И обратно, ако доаѓа поволен период, спремете се за радосни моменти. Исто така, ако судбината не ви е наклонета, имате помалку среќа од останатите, тогаш имате вродено судирање на енергиите. Но тоа не значи дека дека нема да имате среќни случувања.
За да ви ја доловам точноста на оваа метафизичка гранка, ќе го споделам со вас искуството кое го имав со еден клиент. Клиентот доаѓа со повреда на рака и во текот на работата, споменува за една немила случка која се случила пред 27 години. Кога ја отворив неговата карта и кога ги проверив енергиите на денот кога ја повреди раката и ногата пред многу години, беа исти, која за неговата карта значеше судирање. Па ако се прашувате, дали БАЗИ може да предвиди одредени настани, одговорот е повеќе од јасен.
Дали знаете дека БАЗИ го одредува начинот на лекување!
Слушаме како едни велат дека медицината е за никаде, лековите не делуваат. Други пак, се жалат на алтернативните терапии, а кај трети сите начини на лекување делуваат.
Според БАЗИ, постојат три типа на тело: нормално, слабо и светлосно тело. За да се дојде до тоа какво тело сме стекнале, се прават математички пресметки.
Слабото тело е тело кај кое подобро делува алтернативната терапија. Не смее долгорочно да биде изложено на хемиски лекови кои ќе предизвикаат несакани ефекти и слабеење на имунитетот, а многу често традиционалните лекови кои ги препишуваат докторите, не делуваат воопшто.
Светлосното тело, тоа е многу силно тело, отпорно на заболувања. Но овој тип на тело, поради неговата јачина е толку привлечен за одредени енергии кои предизвикуваат акутни состојби и мора веднаш да биде третирано со јаки лекови кои ги препишува западната медицина. Во Кина, уште се нарекуваат лекови за прва помош.
На нормалното тело, делуваат сите видови на лекови.
Здравјето по БАЗИ, заедно со матриците на здравјето, даваат целосна слика за нашиот организам. Ниту, класичната, ниту квантната медицина, може да ги детерминира органите кои не сакаат да соработуваат и можат да направат колапс. Овие тврдоглави органи, може да ги детерминира само матрицата на здравјето.
Матриците на здравјето ни го покажуваат патот како да го заштитиме нашите слаби точки. Од нас, се бара да ги следиме упатствата за начинот на исхрана, да се пијат чаеви во точно определено време според биолошкиот часовник и да се биде трпелив. Со телото треба да бидеме нежни. За жал, сите сме станале толку мрзливи и немаме трпение дури и за нашите деца. Ситуацијата со децата е алармантна. Толку многу празни системи. Затоа и се болни. А мајките, ако сакаат да направат добро за најмилите, треба да ги научат да стекнат здрави навики и да ги следат упатствата од матрицата.
За крај!
Почитувани следбеници на Agape Bio Well, ВИ посакувам многу здравје и радост во годината што доаѓа. Обидете се да не се спротивставувате на промените кои доаѓаат во вашиот живот. Наместо тоа, оставете го животот да живее преку вас. И не грижете се, ако сè тргне во друга насока. Не знаете која среќна врата ќе се отвори!
На трите ХРАБРИ жени од Македонија, кој тргнаа по мојот пат, им посакувам успешен втор семестар. БАЗИ, како егзактна наука, носи огромна одговорност, но во исто време е и голем товар, зошто знаете дека се соочувате со тајните на животот кои се неприкосновена вистина. Како расте свесноста, така ќе бидете магнет за подлабпки знаења. И тие, верувајте ќе влетуваат како среќните летечки ѕвезди. Нема враќање назад.
Се радувам што Македонија, ќе ги добие првите лиценцирани метафизичари кои ќе го шират ова длабоко знаење за која официјалната наука нема објаснување. Размислете зошто за почеток четири битија, ќе ја шират љубовта кон метафизиката во нашата земја? Ништо не е случајно.
Со Љубов,
Агафи Гаџова