Почитувани следбеници на Agape Bio Well!
Agape Bio Well објавува информации не само за духовноста, туку и новости од официјалната како и граничната наука и ќе продолжи да ве информира за сè што е ново во доменот на квантната наука и во метафизиката.
Ако го прочитате текстот што беше објавен на фајсбоок-страницата „Зошто водените медитации и молитвите не можат да не однесат во длабоката потсвест?“ внимателно и свесно, сигурна сум дека ќе забележите дека никаде во објавата не е наведено дека молитвите и водените медитации не делуваат, ниту дека истите не служат за доближивање до Бог. Наведено е дека според досегашните истражувања, тие не можат да не однесат во длабоката потсвест.
Објавата се базира врз основа на биохемиски-физиолошки функции во организмот кои ќе ги појаснам, а со кои се согласувам во целост.
За молитвата Оче Наш и Трансцендентална медитација
Молитвата Оче Наш е единствена молитва во православната религија (од она што ние го знаеме) во која ние директно се обраќаме на Отецот. Оваа молитва со илјадници години е тема на истражување на мистици, теолози и филозофи. Добро е што денес и науката и посветува особено внимание. Никој сè уште не успеал да ја дешифрира пораката што сакал Отецот да ни ја пренесе. Зборовите кои се наведени во молитвата иако навидум едноставни, се всушност мистични и се криптирани. Тие имаат смирувачко влијание на активноста на оската хипоталамус-хипофиза, ги доведуваат активностите во организмот на минимум, вклучувајки ја и работата на мозoкот. Дали сте се запрашале, зошто во животно загрозувачко состојба, не го изнесуваме нашиот проблем на Отецот, туку му се обраќаме со зборовите од молитвата Оче Наш?
Во Институтот за квантна генетика во Москва, е направен интересен експеримент. Говорната молитвата Оче Наш е обработена со специјална технологија. Боите,формите и звукот кои се добиени при обработката биле со неверојатна убавина и специфични само и само за оваа молитва.
На ист начин делува и Трансцендентална медитација (ТМ) по Махариши, која по мое видување е најлесната медитација кој може секој да ја практикува. Потребна е минимална ментална активност. Самиот збор (т.н мантра) кој се говори за време на медитација нема значење и поради тоа можеме полесно да се смириме и да продреме во длабоката потсвест. И во оваа медитација нема посредници.
Колку што ми е познато, направени се и истражувања и за други видови на медитации, но не се добиени истите резултати како за ТМ. Можеби во иднина ќе имаме други сознанија. Доколку имате други сознанија, можете слободно да ги споделите.
За молитвите и водените медитации
Преку молитвите, ние разговараме со Отецот, со посредници. Во христијанството, тоа се Светците, Ангелите и Архангелите. Кога им се обраќаме за помош, ние обично молиме за здравје, за мир, за прочистување од негативни мисли итн. Бидејќи нашите мисли се поврзано со нашата болка, останува актива оската хипоталамус-хипофиза, во телото и понатаму се излачуваат хормоните на стресот кои го држат во будна/активна состојба. Поради тоа не може да се дојде до делта состојба. Потенцирам, не зборувам дека Светците, Ангелите и Архангелите не ни помагаат. Темата е поврзување со длабоката потсвест и чистење на закопаните болки.
Истото се случува и за време на водена медитација. Нашите мисли се активни и тие го држат телото будно, сите сетила се активни. Можеме да дојдеме во алфа и евентуално во тета состојба и тоа само ако медитираме секојдневно и кога сме во мир.
Што се случува кога телото е во шок?
Кога сме доживеале голема емоционална болка, хормоните на стресот го држат нашето тело под голем набој, во гама состојба. Во тој случај е невозможно да дојдеме ни во алфа состојба. Можеме со месеци, па и години да немаме квалитетен сон. Се знае дека во состојба на шок, кортизолот останува активен во организмот до 7 години. Практично е невозможно да ја кажеме молитвата во мир, ниту да влеземе во медитативна состојба. Во таков случај, потребни се медикаменти, професионална поддршка, хармонизирање на жлездите со внатрешно лачење со вибрации и она што е најважно, правилно дишење за да му дадеме на телото што повеќе кислород. Во третманите полека се воведува прошетка во природа, се препорачува гушкање на дрвото бреза која според одредени истражувања има најголема моќ на апсорпција на негативна енергија.
За духовната пракса?
Никој од нас (секоја чест на исклучоците), не почнува со духовна пракса ако сè е во ред во неговиот живот. Би било нечесно спрема Отецот, да кажеме дека духовната пракса сме ја започнале од љубов кон Отецот, нашиот вистински Татко. Мора да си признаеме на самите себе дека бараме помош од себичност. Да си помогнеме самите на себе. Прво што треба да направиме да побараме прошка од него што сме го заборавиле и да почнеме да ја враќаме љубовта кон Отецот и тоа длабоко во нашата душа, а потоа можеме да работиме на самите себе. Ниту една молитва, ниту една медитација ќе ни помогне да растеме духовно ако не праќаме љубов и светлина на сè што е живо и тоа секој ден. Колкумина од нас, секое утро го поздравуваат животот и праќаат љубов на случајните минувачи, на колегите, на пријателите, на луѓето што чекаат на автобуска постојка ? Тешко дека ќе си помогнеме на самите себе и ќе ги видиме посакуваните промени, ако продолжиме по истиот пат. Никогаш не треба да заборавиме дека сè што постои е негова креација и никој од нас нема право од себични причини да го повредува другиот.
Поврзаност на науката, психологијата и духовноста
Многу методи и техники кои се користат во психологијата зависат од природните науки бидејќи се базираат на физиолошките процеси во организмот. Па така на пример автогениот тренинг е базиран на смирување на активноста на органските системи, за да може нервниот систем да се доведе во мир. Се започнува со смирување на оние делови на телото кои можат најлесно да се смират, а тоа е рацете, нозете па на крај се смирува јазикот. Јазикот е орган кој речеси невозможно да се доведе во мир. Кога дури и само едно сетило е активно, ние не можеме да се поврземе лесно со повисоката свест.
И религијата се раководи од приодните законитости. Кога сме на литургија, пред да се чита евангелието, ни се обраќаат со зборовите „Да внимаваме. Мир на сите!“. Значи треба да го доведеме умот во мир за да може да ја добиеме потребната информација.
Почитувани следбеници, Ви се извинувам што немам слободно време често да објавувам. Моето време е посветено на изучување на метафизичките закони. Ветувам дека ќе ве информирам за нови сознанија од квантната физика по промоција на книгата „Жива физика“ од Др. Здеслав Хрепич која ќе се одржи на 14 Април во Дубровник и учеството на семинарот за плазма медицина.
Со Љубов,
Агафи Гаџова