За развојот на човековата свест
Еволуцијата на науката и на ново-колективната, глобализирана свест, укажува дека и по сите милениумски деструктивни процеси и војни, човекот како духовен ентитет сеуште не го усовршил кодот за владеење со своите примитивни инстинкти за моќ. Човековиот неуспех да ги контролира и усовршува своите импулсивни реакции и покрај континуираната надградба, според анализата на Рик Уорен , во основа се должи на човековата ограничена моќ и примитивен отпор да го прифати постоењето на Бог. Тој е причината и целта на творењето со кое може да се надмине угинувањето на создадените вредности. Ваквите ставови, подразбираат творештво посветено на моралното добро, посветено на моралното усовршување преку законитоста дадена од Творецот, за да се бори со антитезата на прогресот, за корупција и заробеноста на духот, порочноста во секој домен од функционирање на карактерот. Но кој не спречува да се доближиме до моралните норми на Бог?
За науката и свесноста
И Исак Њутон, научникот од кого учел и Ајнштајн, ја соопштува состојбата на своите научни истражувања за синхронизираноста на космичките физички закони со духовните закони. Во своите размислувања за филозофијата и космологијата, Њутон признал дека „И законот за гравитација е дело на Бог”, инсталиран во физичките закони на природата и во човековата свест, која го придвижува човекот да гравитира кон божественото, вечното.
Денес, научните откритија ни дозволуваат да зборуваме за можностите за приближувања во ставовите помеѓу природните науки и метафизичките дисциплини. Современите откритија во областа на егзактните науки, не можат да ги остават без внимание, генијалните стари тврдења кои се однесуваат на природата на нештата и нивните взаемни односи со човекот.
Современата квантна наука, која ја опфаќа квантната механика, квантната статика и квантната теорија на полињата (сметајќи ја тука и квантната електродинамика), во својата суштина ги потврдила генијалните поставки кои ги изнеле, пред многу столетија, луѓе кои не поседувале никакви технички прецизни инструменти, но биле поврзани со Бог, Свесноста.
За дуалниот свет и матриксот
Материјалниот универзум има дуална природа. Тоа значи дека сè е поларизирано. Ден-ноќ, топло-ладно, добро-лошо. Овие поларитети можеме да ги дефинираме како нераздвојна променливост на позитивните и негативните енергии кои владеат во космосот. И човекот како космички битие, не е исклучен од оваа законитост.
Она што е многу важно, дека човековата свест, е исто така поларизирана. Под дејство на поларитетите во нас и околу нас, свеста има дуалната природа. Постоењето го перципираме како добро-лошо, исправно-погрешно итн. Наизменично ни се менуваат состојбите на љубов и омраза, тага и радост, успех и неуспех. Колку и да сакаме секогаш да бидеме позитивни, во текот на денот, со нас управуваат негативните мисли и нагони. Практично, е невозможно трајно да ја задржиме позитивната мисла. Причината за оваа состојба е програмираниот матрикс која го контролира ендокриниот систем. Природно, се наметнува прашањето кој ни ја вградил програмата? Дали со нашата свест, управуваат негативни сили?
Интересно е да се набљудува колективната свест и како таа се преобразува, кога се прикачува на одредени информациски полиња, при што доаѓа и до промена на индивидуалната свест. Тоа пред се личи на ситуација, кога заедница одненадеж е префрлена на некоја друга планета, на која познатите предмети се посматраат низ друга информација, а освен тоа, на нив им се придружуваат и предмети кои дотогаш биле непознати. Ќе го наведам примерот со воената агресија на НАТО врз Србија. Бевме сложни дека е извршена неправда. Денес, како членка на НАТО, оваа воена структура ја набљудуваме како средство преку кое ќе ја зачуваме „слободата“, па ги оправдуваме нејзините негативни, деструктивни делувања, насочени кон различни држави (нови предмети). Се случил трансфер на информации, промена на програмата и приклучување на свеста на негативно информациско поле.
Можеме да заклучиме, дека свеста може да се манипулира и моделира според потребите.
За класификација на свеста
Во научните публикации, постојат повеќе поделби на свеста кои ви се познати.
Индивидуална свест во дадено време и простор, се манифестира низ три облици или нивоа: ниво на развој на самата свест, ниво на развој на вибрации и енергии и на ниво на материја. Притоа да не заборавиме дека материјата и енергијата се две појавни форми на иста стварност, но се разликуваат поради нивната густина и фреквенцијата на вибрациите.
Од друга страна, свеста која егзистира во различните светови е различна и се класифицира на четири нивоа на свест: спиритуално ниво на свест, ментално ниво на свест, емоционално ниво на свест и материјално ниво на свест.
За забранетата, посакуваната и оперативната свест
Според кинеската метафизика, БАЗИ, која ја изучува судбината, секој човек има четири програмирани видови на свест, кои ја дефинираат структурата на личноста. Тоа е забранета, посакувана, оперативна и неутрална свест. Структурата на личноста, може да биде нормална која може лесно да се балансира, но и манипулира и специјална, која тешко се балансира и манипулира. Во светот, 95% од луѓето, припаѓаат на нормалната структура, што значи дека лесно може да се моделираат.
За време кога е активна забранетата свест, се влошува здравјето, може да дојде до промена во партнерските односи, губење на работното место. Се обидувате нешто да постигнете, но никој не верува во вас, ниту сака да слушне што имате да кажете. Невидливи сте. Лошо е, ако таа е активна во т.н. 10 годишен такт или период. Што и да се обидете да правите, нема да постигнете успех.
Посакуваната свест се манифестира како желба која е закопана во вашата потсвест. Кога таа е активна, тогаш е поволен период за делување. Шансите да успеете во она што работите е голема.
Оперативната свест ја дефинира и причината за нашето постоење. Ако е присутна во картата на судбината, тоа е добро. Но, ако е скриена и/или доаѓа во одреден период , тогаш многу потешко се остварува она што ТРЕБА да го направите.
Но во метафизиката, во секое добро има лошо и обратно. Ако на пример, знаењето е забранета свест, а оперативна свест е власта, а судбината ви подарила ум и сила да се развивате, но околината како и власта, нема да го прифатат, бидејќи преставува опасност за постоечкото колективно информациона поле. Но, тоа значи, дека е потребен напор и волја да се стигне до целта. Ако се промени информацијата во колективната свест, неминовно ќе се случат сериозни промени со структурите кои владеат. Од тие причини, за полесна контрола на масите, 95% од светската популација има нормална структура која лесно се манипулира. Или пак, што ако здравјето е забранета свест? Како да го зачувате здравјето и како да делувате, одговорот, ќе го најдете во БАЗИ.
Дали борбата помеѓу светлината и темнината, на енергетско ниво, е борба за ослободување на заробениот човечки дух преку контрола на свеста?
Агафи Гаџова