ЗА РАЗВОЈОТ НА НАУКАТА И ЗАБЛУДАТА ЗА ДУХОВНИТЕ УЧЕЊА

Руската наука и медицина е супериорна светска сила, зошто претендира да ги разбереме природните процеси во нивната суштина. Успешна е зошто, индуктивната западна наука ја спојува со дедуктивниот пристап на источната медицина. Иако западната медицина поради развојот на технологијата, има можност да напредува во хируршкиот дел, таа е разочарувачки назадна поради тоа што не навлегува во суштината на проблемот.

Западната наука е заглавена во слепа улица, бидејќи решавањето на проблемите се сведуваат само на елиминирање на последиците. Моќниците, кои ја контролираат науката, не дозволуваат одредени научни откритија да се користат за доброто на човештвото. Понатаму, генетичкиот инженеринг кој работи само со кодирачкиот дел на молекулата на ДНК, не може да ги победи ракот, генетските заболувања, да клонира успешно органи, зошто не работи со торзиската информација која се наоѓа во темниот дел на ДНК. Токму поради ова, трговијата со органи цвета насекаде во светот.

Источната наука и филозофија не се разликува многу од западниот начин на делување, зошто ни открива само дел од нивните духовни учења кои исто така не се целосни и не се наменети за сите. Западниот човек лесно се манипулира, и тој верува во бајката дека источните техники и постојаното позитивно размислување ќе ги реши сите ментални и емоционални блокади. Најчесто, барем кај нас, се работи на балансирање на енергијата во чакрите и мередијаните при што се користат различни вежби, медитации и техники на дишење. Тие се  делумно делотворни, но  не го решаваат проблемот. Негативната емоција која потекнува од орган/систем кој не сака да соработува, не може да се намали ниту со дишење, ниту со вежби за балансирање на енергијата во чакрата со која органот е поврзан, ниту со био-резонантни апарати.

Западниот глобален систем, толку ја злоупотреби духовноста и со одлична пропаганда, повторно изврши манипулација. Работата на себе, секако дека е потребна, но не на начин кој води кон себичност и нарцисоидност. Целта е целосно одвојување на масите од  свесноста и реалноста. Посебна заслуга имаат британските научници кои се маестрални мајстори за манипулација со масите. Затоа денес, западниот човек се смета дека е најодвоено битие од Изворот.

Зошто е тешко да се проникне во суштината на проблемот?

Животот се создава на информациско (торзиско) ниво. Тука се запишува нашиот матрикс според кој ние ќе делуваме, од што ќе боледуваме, кои ќе бидат нашите програми  кои нема да бидеме во состојба да ги препознаеме (скриени се, не сакаат да бидат видени). Овие програми се препознаваат ИСКЛУЧИВО преку јазикот на Создателот, а тоа е математиката. Таа е апстрактна, исто како Бог. Не комуницира со нас, преку нам познатата математика. Тибетанците успеале делумно да го разберат јазикот на Создателот и да го преведат во бинарен систем кој можеме да го разбереме. Создале математички шеми кој ЈАСНО го детерминираат нашиот животен пат.  Дали навистина они биле преведувачите или тоа го направиле многу поразвиени цивилизации пред нас, не можеме со сигурност да потврдиме.

Тозриската информација се преведува  т.н. Стеларна енергија, позната како Прана, Чи, Ќи. Таа тече во чакрите и мередијаните кои ја контролираат работата на нашите органи и емоции. Мислите настануваат на торзиско ниво.  Голем дел од квантната технологија, како и духовните техники се базираат на ова, второ ниво.  Заклучок – на ова ниво не можат да се решат ниту органските ниту психолошките проблеми. НЕМА целосна точна информација за проблемот.

Стеларната енергија се преведува во електромагнетна, при што се создава и материјата, нашите органи. Заклучок – западната медицина е далеку од целта.

За руската наука и торзинонто поле

Руските научници се првите кои успеале да создатат торзиски апарати и кои се во употреба. Исто така, УСА и Европа имаат развиено технологија, но ја користат само за нив, познати цели.

Првиот Генератор на торзиско поле е во Македонија. Тој делува на ниво на информација. Само доколку има забрана за делување, тогаш тој нема да делува. Тука борбата помеѓу светлината и темнината е голема. А таму каде има заглавени системи, процесот трае долго. Личностите со заглавен систем, потсвесно сакаат да бидат таму каде што се и некој друг да ја понесе одговорноста за нивната состојба.

Ги имаме и првите медицински поткрепени докази за подобрување на функцијата на органите, намалување на инфламаторните процеси, подобрување на крвната слика и она што е најважно враќање на внатрешниот мир и зголемување на свесноста.

За Генераторот на тозризко поле, пишував доста. Се очекува да пристигне и личниот т.н. Алфа агрегатор кои работи на принцип на торзиска информација, фракатлност, собирање и чистење на информацијата и енергијата во телото и просторот како кај пирамидите. Се разбира, се работи за руска иновација.

Aгафи Гаџова