ЗА СЛОБОДНАТА ВОЛЈА И КОЛЕКТИВНАТА СВЕСТ

“Слободата отсекогаш во суштина се состоела од правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш, не присилен, не малтретиран, не проголтан од масивен бирократски систем; како и од правото да пружиш отпор, да бидеш непопуларен, да застанеш зад своите уверувања само затоа што се твои уверувања. Така изгледа вистинската слобода, и без неа не може да има ниту слобода од каков било вид, ниту пак илузија на слобода.” (Исаија Берлин, Слобода и нејзиното предавство).

Сите ќе се сложите дека обичаите се дел од секоја култура и дали тие по својата суштина имаат смисла или не, сите ги почитуваме. Значи сите сме се одлучиле по сопствено уверување да ги следиме. Никој не нè присилил. Тоа е нашата слободна волја.

Истото се однесува и за уверувањата кај народите.  На пример, Американците живеат во уверување дека тие се супериорни и дека во нивната земја владеат најдемократските закони во светот. Но тоа ни од далеку не е така. Нивните закони и подзаконски акти што се однесуваат на правата на работникот и социјалната заштита се едни од најлошите закони и тоа на светско ниво. Но тие се толку уверени во тоа што им го сервира системот и медиумите и по нивна слободна волја живеат во уверување дека нивната земја е најдемократска. Доволно е само некој да покаже интерес, да ги прелиста на пример, европските закони за работни односи и да направи компаративна анализа. Треба многу малку напор за да се дојде до вистината. Но граѓаните на САД по слободен избор одлучиле да живеат во илузија. Ако им е убаво целиот свој живот да го поминат во заспана состојба, тоа е по нивна слободна волја.

За разлика од нив, во голем дел од европските земји, тука ја вбројувам и Русија, граѓаните го искажуваат своето незадоволство од бирократските одлуки на владите (читај богатите моќници) независно дали се работи за влади или пак за донесување на законски акти кои им ги ускратуваат нивните права и ги осиромашуваат. За време на пандемијата, а и сега за време на кризата што е предизвикана поради војната во Украина, се одржуваат протести. Последниот голем протест се одржа во Лондон пред неколку дена. Значи граѓаните на Европа се одлучиле по сопствена волја да делуваат. Никој не ги присилил.

Каде се наоѓаат граѓаните во Македонија?

Во летаргична состојба од која не гледаат излез, не заинтересирани да делуваат иако душата им вришти од незадоволство, комплетно препуштени на уверувањата дека ние сме мали, ништо не зависи од нас и слепо прилепени за партијата.  Секако дека ќе си играат со нас како сакаат и нашите политичари и големите моќници кога ние немаме праг на толеранција, немаме поставено никакви граници. Едноставно не гази кој ќе стигне. Но тоа е наша слободна волја. Ние дозволуваме таков однос и поради тоа, немаме право да се жалиме. Ние самите сме криви за нашата сегашна состојба.

Најсвеж е примерот со изгласувањето на промените според барањата на нашите источни соседи. Се обвинува само владејачката партија (секако дека е крива), но се заборава дека НИКОЈ НЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ПРОМЕНИТЕ, ни ВМРО, ни Левица. За тие што се и малку свесни, јасно е како бел ден. Опозицијата чека да дојде на власт, да добие европски грантови од кои најголемиот дел ќе биде искористен за личен интерес, пред граѓаните глумат колку ја сакаат Македонија, а нивните послушници слепо им веруваат. Сите ние, без исклучок, после изгласувањето требаше да излеземе пред собранието и да кажеме ДОСТА Е!  Дали го направивме тоа! НЕЕЕЕЕЕЕ!!! ШТО ЗНАЧИ ДЕКА НИЕ СВЕСНО, ПО НАША СЛОБОДНА ВОЛЈА СЕ ПОКОРИВМЕ НА ОДЛУКАТА ШТО ЈА ДОНЕСОА СИТЕ ПРАТЕНИЦИ.  Прашувам, зошто некој кој 30 години не гази, не би продолжил да го прави тоа кога има дозвола слободно да не тероризира?

Она што навистина ме лути е и реторика на Претседателите Иванов и Пендаровски. Имено за време на Шарената револуција, Претседателот Иванов, се изјасни дека протестите се организирани од страна на Сорос, а Претседателот Пендаровски, за последните протести рече дека се организирани од руски платеници. Дали знаете дека тоа е клевета која е јавно искажана? Доколку има такви кој примиле поткуп, треба јавно да обелоденат, а не сите учесници да се етикетираат. Овие јавно искажани зборови се навредливи за нас, граѓаните. Јасно и гласно ни ставија до знаење, дека ни сме едно големо НИШТО.  Зар ние немаме право да мислиме со свои глави, сами да се организираме, па ни требаат американците или русите да ни кажат што да правиме?  Зар ние сме одвратни комуњари, соросоиди, глупи вмровчиња кои не знаеме што бараме и што правиме?  Што направивме ние граѓаните по овие јавни обвинувања?  Дали поднесовме тужби пред надежните органи? НЕЕЕЕЕ! Значи по наша слободна волја одлучивме да не делуваме бидејќи имаме уверување дека ништо не можеме да смениме, а ова уверување е ни е длабоко вкоренето во гените. И доколку имаме уверување дека не можеме ништо да смениме ТАКА И ЌЕ БИДЕ.

Дали државата поднесе тужби против организацијата на Сорос или руската држава за мешање во внатрешните работи на државата? НЕ! Дали поднесоа тужби против граѓани кои примеле поткуп од гореспоменатите? Не!

Ни се најавуваат повисоки даноци и воведување нови. Во ред е да има промена во фискалната политика но таа треба да биде праведна. Семејствата кои заработуваат помалку од три просечни плати да бидат ослободени од данок на плата и данок на имот. Самохраните мајки и родителите на децата со посебни потреби исто така. Тие што имаат повеќе движен и недвижен имот нека плаќаат повеќе. Се зборува за некакви еколошки даноци. Нека плаќаат таков данок сите сегашни и бивши функционери кои им дозволиле на загадувачите да не трујат и да ни го уништуваат здравјето.  На сите функционери да им се крати од плата и пензија додека не се вратат парите од исплатените бруто плати за сите оние вработени во администрацијата кои со години не се појавиле на работа. Тоа е нивна и само нивна грешка бидејќи ништо не преземале да го спречат тоа.  Зошто да плаќаме повисоки даноци за време на криза, кога во буџетот има пари за смешни прослави? Дали мислите дека бизнис заедницата и стопанската комора како и синдикатите ќе побараат вакво нешто? Секако дека нема, ако ние граѓаните не делуваме. Ако се покориме на новите даноци по мерка на владата, повторно сме ние криви.

На она што треба ХИТНО да работиме е да престанеме да се плашиме, да ги согледаме уверувањата кои на колективно ниво ги носиме и да почнеме ВЕДНАШ да делуваме. Едно од најдеструктивното уверувања кои се длабоко вкоренети во нашите гени е „ Од две зла, избери го помалото“. Зошто бре, да бирам зло? Дали е тоа нормално? НЕ, одбивам да бирам зло, не се плашам јавно да го искажам своето мислење и не се плашам да делувам бидејќи не ги прекршувам универзалните природни закони во кои единствено верувам.

Треба да делуваме по правилото „Барајте и ќе ви се даде“ без притоа да ги прекршиме универзалните закони односно да делуваме на шета да другиот. Тоа е наше исконско право. Не програмираат да живееме под одредени стеги само и само да им служиме ним, на моќниците. Но бројот на разбудените човекови битија е се поголем. Нема од што да се плашиме. Запомнете дека бројот на олигарсите и нивните послушници е многуууу пати помал од вкупниот број на населението. Нема зошто да се  плашиме да кажеме НЕ и ДОСТА Е!

Иднината на новите генерации зависи од промената на нашата колективна свест и нашето делување. Никој не може да дојде од надвор и да ни го направи животот поубав. Тој од надвор може да дојде, да ги искористи нашите ресурси (тука спаѓа и евтината работна сила, за која директно ги обвинувам нашите челници) и да замине. Секоја светска организација делува само и само за потребите на најбогатите сили во светот. Тоа е деструктивен свет полн со лаги и измами за кое не е дојдено време јавно да се зборува во Македонија бидејќи не сме спремни за толку тешки вистини.

Да ги извадиме розовите очила и да престанеме да веруваме во Европска Унија, НАТО, Русија, САД итн.  Да почнеме да делуваме сега и одма, тука дома.

Ако знаеме дека никој не може да го сака нашиот дом и децата повеќе од нас самите, зошто дозволуваме други да ни ја кројат судбината?

Масовните незадоволства во Европа не се против ниедна војна туку поради осиромашувањето и кратењето на слободата на граѓаните. Не дозволуваат да ги чепнат кога се работи за нивните лични интереси.  А дали ние ќе се освестиме и ќе почнеме да делуваме на сите нивоа во нашето општество зависи САМО И САМО ОД НАС САМИТЕ.

ДА ЗАПОМНИМЕ ДЕКА ДРЖАВАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕМЕ Е ОДРАЗ НА НАШИТЕ УВЕРУВАЊА И НАШАТА СЛОБОДНА ВОЛЈА. ДОДЕКА НЕ ГИ СМЕНИМЕ УВЕРУВАЊАТА, НЕМА ДА ВИДИМЕ ДОБРО НИТУ НИЕ, НИТУ НАШИТЕ ДЕЦА НИТУ ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.

Агафи Гаџова