ЗА ТИБЕТАНСКИТЕ МАТРИЦИ И МОЈОТ НАЈМЛАД КЛИЕНТ

За Тибетанските матрици на здравјето пишував во повеќе наврати, но за да ви ја доловам точноста во дијагностицирањето на состојбата, ќе ви го опишам случајот на најмладиот клиент чии родители ми се обратија за помош.

Се работи за дете кое е родено во 2017 година. Има проблеми со желудникот и тешко ја обработува храната.  Направени се сите дијагностички прегледи како на клиника така и во приватните болници. Причината за состојбата не е дијагностицирана.

Матрицата го покажа следното:

Елементот на земјата, во кој спаѓаат желудникот и слезината, немаат енергија. Системите кои немаат енрегија се нарекуваат системи со посебен  режим. Елементот кој ја контролира земјата, е дрвото. Во овој елемент спаѓаат жолчката и хепарот.  Хепарот, исто така, нема енергија. Поради тоа нема доволно сила да ја контролира работата на желудникот, ниту да предаде доволно енергија на елементот на огинот во кои спаѓаат срцето, тенкото црево и нервниот систем. Елементот на огинот пак, бидејќи не прима доволно енергија, нема сила да предава доволно енергија на земјата (желудник и слезина).

Главна причина за состојбата лежи во заглавениот систем на елементот на водата (мочен меур и бубрези). Овој елемент е контролиран од елементот на земјата. Но земјата нема енергија да направи контрола на заглавениот систем и бидејќи е тврдоглави не сака да соработува, секоја помош ја одбива.

Да резимирам, главната причината за состојбата со желудникот, е во мочниот меур и бубрезите. Кога им го пренесов ова на родителите, бев известена дека малата лежела во болница зошто добила Е.Coli во бубрезите.

Она што ме фасцинира повеќе од точноста во поставувањето на причината на состојбата преку изработка на матриците, е тоа дека системите страдаат или пак не сакаат да соработуваат ако во семејната линија има тешки програми и/или проблеми за време на бременоста. Во овој случај, мајката се борела за живот на детето, при што нејзиниот го ставила во втор план.  За време на бременоста, фетусот се свртел, така што урината се враќала назад, дошло до оштетување на левиот бубрег на мајката при што интервенциите што се преземале за спас на детето, се вршеле без анестезии. Она што треба сите да го знаме дека мајката ја предава целокупната енергија на плодот преку левиот бубрег. Бубрегот е носител на животната енергија и затоа во руската и источна медицина, тој го завзема почесното прво место по значење. Фетусот, како свесно битие и носител на информации, тоа го чувствува и се бори за својот живот при што енергијата на елементот на водата ја чува за себе. Затоа девојчето има заглавен систем на вода. Овие информации, при изработката на матрицата ми беа непознати, што ми е потврда дека тибетанските матрици на здравјето не само што се точни, туку навлегуваат во суштината на проблемот. За програмата која е генерациски пренесена, нема да пишувам. Тоа е сосема друга тема, која ја работам со родителите.

Даден е совет за исхрана и јакнење на елементот на дрво и земја, првенствено на елементот на огинот, зошто тој ја предава  својата енергија на желудникот и слезината, кој пак, врши контрола на елементот на водата. Дадена е препорака за носење на волнена облека (волната влече) и благи масажи на мешето со рицинус.

Накратко за матриците кои се пресметуваат математички:

Ако во западната наука органите се поделени според нивната функција, во источната медицина тие се класифицирани според енергетскиот проток и информацијата која ја носат и тоа во 5 елементи: дрво, оган, земја, метал и вода. Во секој елемент има два главни органи поделени според енергијата и тоа на женски и машки органи (Јин и Јанг), како и други органи низ кои тече иста енергија.

Сите елементи меѓу себе примаат, предаваат енергија и се контролираат. Доколку протокот е нормален, тогаш нашето психо-физичко здравје е добро. Но, за жал сите сме дојдени на овој свет со негативна програма која треба да ја исцелиме.

Болеста, независно дали е органска или психичка, секогаш прво се јавува на енергетско ниво. Доколку во некој елемент, има поголем или помал проток, тогаш на тој треба да се делува во точно определено време според биолошкиот часовник, за да не се појават одредени заболувања во органите. Ако има недостаток на енергија, треба да се тонифицираат и јакнат органите со слаб проток и обратно. Тие органи кои имаат повеќе енергија треба да се смират, за да не се воспалат и да предаваат повеќе енергија на другите органи.

Најголем проблем настанува кога има елемент кој не сака да соработува, т.н. ДЕН систем. Тој не сака да прима, ниту да дава енергија. Со други зборови станува збор за тврдоглав систем кој дава јасна слика дека лицето кое има заглавен систем кога тогаш, ќе има сериозни последици на психо-физичко ниво. Пример, ако е заглавен елементот на водата, мочен меур и бубрези, и ако овие органи се воспалат, лекувањето ќе трае долго. Ова зборува за тоа дека лицето е тврдоглаво, има страв од иднина, светот е црн- бел,  желба за власт и контрола, не може да воспостави баланс во животот, итн. На овие системи тешко се делува. Луѓето со тврдоглав систем, имаат големо незадоволство и секој неуспех го препишуваат на другите. Треба долго да се работи на тврдоглавите системи. Единствен начин да се делува на нив е преку елементот што ги контролира.

Дали сеуште мислите дека сме само физички битија???  

Со Љубов,

Агафи Гаџова