ЗА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА И ТИБЕТАНСКАТА МЕДИЦИНА

Почитувани следбеници на Agape Bio Well,

Околу објавата за тироидната жлезда, добив повеќе прашања, па би сакала да појаснам.

Се работи за тибетанска/кинеска медицина која ни дава прецизен одговор за нашето физичко и ментално здравје. За разлика од западната медицина која се фокусира само на проблематичниот орган, тибетанската медицина ги третира и органите кои имаат блиска „родбинска врска“ со болниот орган. Па така органот мајка на болниот орган се нарекува ресурс, органот кој ја црпи неговата енергија се нарекува дете, а бабата е орган кој го контролира заболениот орган. Во зависност дали заболениот орган треба да се јакне или слабее, терапијата ќе биде различна. Терминот, мајка, баба и дете се користат само во фигуративна смисла, за да може полесно да се разбере принципот на лекување.

Теоријата на 5 елементи е основа за составување на здравствена матрица која е се пресметува за секој човек поединечно, при што се користат одредени математички законитости. Матрицата на здравјето изгледа како на главната слика. Кога ќе ја направите, ќе останете вчудовидени како е возможно да се прочита вашето здравје без користење на дијагностички апарати, а при тоа добивате детално објаснување како да го зачувате вашето здравје или пак што треба да направите за да подобрите функцијата на одредени органи или органски системи.

Но тука не е крајот. Кинеската метафизика БАЗИ, со која ќе ве запознам во втората половина на 2024 г., ни дава прецизна анализа за психолошкиот проблем поради која настанала болеста. Според БАЗИ, постојат 10 психолошки типови на личности категоризирани според енергиите во природата кој го исцртуваат карактерот на личноста и кои се причина за одредени здравствени проблеми, независно дали се работи за органски или психолошки заболувања. Ќе ви открие што криете од себеси и што сакате да скриете од другите.

Навистина е фасцинантна природата. Треба да бидеме разбудени и само да ја следиме, исто како мудреците од Тибет. Мојот ментор кој е доктор по класична медицина и лиценциран доктор по квантна медицина, 5 години живеела и учела во Тибет. Знаењето кое ми го пренесува, е од непроценлива вредност за развој на мојата душа.

Со оглед на тоа што судбината ме носи таму каде треба да бидам,  а тоа е проникнувањето во здравјето на микро и енергетско ниво, се надевам дека ќе ми се укаже можност за уште едно фасцинантно знаење. А тоа е арапската медицина, која според мене, е супериорна во детоксикација на крвта како на физиолошко така и на енергетско ниво.

Во очекување на дипломата по квантна медицина и меѓународното лиценцирање, ве охрабрувам да не се плашете да го следите својот сон. Постојат само две работи кои ќе ги понесете со себе кога ќе заминете од овој свет: вашите дела и знаењето.

Со Љубов,

Агафи Гаџова