ЗОШТО ТРЕБА ДА ИМАМЕ ЗАШТИТЕН ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ?

Човечкото тело е енергетски систем. Низ него тече интензивна животна енергија, која во источните култури се нарекува прана или чи.  Доколку сакаме нашиот животен енергетски систем да ни служи и да функционира беспрекорно, потребно е да дозволиме таа животна енергија со леснотија да тече низ нашето тело. Основниот принцип на холистичкото здравје е дека не можеме да ја одделиме физичката состојба од емоционалната, менталната и духовната состојба. Тие се дел од едно цело. Нивната хармонија и баланс претставува целосна рамнотежа на нашето битие.

Околината како и одредени луѓе можат да влијаат на нашата енергија т.е. да се хранат со неа. Луѓето што ја црпат туѓата енергија се нарекуваат енергетски вампири. Просторот во кој престојуваме ако има голем негативен набој исто така може лошо да влијае на нашето биополе, а со тоа индиректно и врз нашето психо-физичко здравје. Голем дел од енергетските вампири не се ни свесни дека ја имаат таа способност. Доколку нашето биоплое е ослабено, тогаш ние сме лесен плен и доаѓа до губење на животната енергија. ОНА ШТО ТРЕБА ДА ЗАПОМНИМЕ Е ДЕКА СЕКОЕ ДЕЛУВАЊЕ ОСТАВА ЕНЕРГЕТСКИ ЗАПИС И ВО ПРОСТОРОТ И ВО ПРЕДМЕТИТЕ! Треба да се погрижиме не само ние лично да бидеме заштитени, туку и просторот во кој престојуваме да биде полн со чиста енергија.

Нашите предци имале одредени ритуали што ги правеле, а немале знаење зошто ги прават. На пример, нашите баби пред да ни сплетат нешто, волницата која ја купувале ја премотувале на десно. Мене ми беше чудно и ја прашував баба ми зошто нова волница мора да ја одмота и пак замота на десно пред да плете. Ми велеше не знам, ама така треба.  Денес, истражувачката наука дава објаснување. Сè што ротира на лево има во себе негативна енергија, а сè што ротира на десно има позитивна енергија (пишував за лево и десно торзионо поле и имав презентација на таа тема). Па сега станува јасно дека мојата баба премотувајќи ја волницата на десно ја чистела истата од негативните записи (ако ги имамло) од тие што учестувале во производствениот процес на волницата. Околку енергетските записи на предметите ќе напоменам дека една од причините за поголемата смртност во болниците во сиромашните земји е инвентарот. На пример душеците, перниците и креветите не се менуваат често. Тие во себе имаат голема концентрација на негативна енергија и ако пациентите имаат послабо биополе, таа енрегија лесно продира и може дури и фатално да делува врз пациентот.

Денес, просторот и самите ние можеме да го исчистиме со помош на квантното пенкало и БИЛА матрицата за чистење на негативна енергија ако редовно ги користиме. А од она што мене ми е познато, во болниците, па дури и во нашето соседство се користат и одредени енергетски третмани за чистење на просторот како и за зголемување на енергијата кај пациентите.

Причината поради која го објавувам овој текст е личната заштита во секојдневниот живот како и заштита при групни медитации. Секојдневно гледаме објави за групни медитации и третмани. Јас лично избегнувам секаква групна енергетска работа бидејќи енергијата, особено онаа негативната може лесно да премине во ослабеното биополе. Да појаснам, доколку имаме одреден емоционален или метален проблем, сме доживелае шок, имаме проблеми со здравјето, финансиски проблеми итн, нашето електромагнетно поле е ослабено и може многу лесно  да ја прими негативната енергија. Исто така, дококлу сме комплетно отворени и безусловно веруваме некому, ние ја примаме негативната енергија на лицето на кое му веруваме. Па така освен што си носиме наши лични и фамилијарни енергетски записи кои треба да ги исчистиме, дополнително лепиме и туѓи негативни записи.

Знаци за истекувањето на енергија:

  • чувство на вознемиреност (хаотична енергија)
  • постојан замор
  • постојано сме болни
  • емоционална болка
  • тешко будење
  • тахикардија
  • мигрена
  • лутина
  • бес, итн.

Од досегашната моја работа, а особено работата со клиенти кои работат енергетски третмани на други лица, дојдов до заклучок дека пренесувачите на знаењата за енергетската работа не ја пренесуваат клучната работа на клиентите, а тоа е како да се заштитиме од негативна енергија.

Ќе зборувам за тоа како можете да создадете личен енергетски штит за да заштитите.

Постојат многу начини на кои можете да создадете личен енергетски штит за заштита, како што се визуелизирање дека сте во златно јајце во вид на густа метална мрежа, околку која се наоѓа златна или виолетова топка. Можете да се замислите дека сте опколени во златно јајце околку која се наоѓа порткалова топка, а над портокаловата топка си замислувате уште една топка која има розева боја.

Сите варијации се подеднакво ефективни АКО И САМО АКО  се користи СВЕСНА НАМЕРА да се создаде енергетска заштита. Случајното размислување не се брои. Исто така, нема да сакате да создадете слаб и неуреден штит со дупки. Идејата е да го фокусирате вашиот ум и да ги искористите вашите сетила за да го искусите штитот. Можете да визуелизирате сигурен или заштитен штит кој ја спречува пенетрацијата на ударот, како мал кожурец светлина што ги расфрла несаканите енергии надвор од заштитата.

Сè е до намерите. Можете да кажете: „Ја поставив намерата енергетскиот штит на Божествената Љубов, Светлината и Мудроста да ме заштити од сите негативни енергии кои се мешаат со Изворот“. Можете исто така да го повикате вашиот духовен тим за дополнителна заштита од сите луѓе кои се токсични и негативни. Немојте да се изненадите кога ќе добиете докази за нивната поддршка.

Пред да излезете од вашата соба наутро, вклучете го создавањето на лични енергетски штитови во вашиот ритуал на станување! Ако забележите празнини, пукнатини или дупки, само поправете ги и потполнете ги со светлина. Заштитете се и пред спиење. Негативните сили се ислкучително сили во доцните часови, особено од 23 до 3 часот наутро.

Заштитниот штит од огледала е исто така одличен ако треба да влезете во преполн простор. Заштитете се пред да се качите во автобус, воз или трговски центар. Огледалото ја одбива целокупната негативна енергија. Тоа е одлична алатка и за заштита на просторот. На огледало треба да ставите стаклена чаша со алкохолен оцет и да го поставите на прозор од надворешната страна или на балкон. На овој начин сè што доаѓа како негативна енергија се одбива и се враќа назад.

Доколку почувствувате проток на енергија, а знаете дека никој не работи енергетски третман, можете да се обратите со следните заповедни зборови: „Ведаш да си заминеш. Немаш дозвола да престојуваш во моето тело и мојот дом“.

Секако постојат и многу други заштитни техники кои можете да ги најдете на интернет. Користете тоа што вашата интуиција ќе ви каже. И немојте да заборавите, секогаш кога одите на групни третмани или медитации мора СВЕСНО да се заштитите.

Агафи Гаџова