Во универзумот сè е изградено од енергија која вибрира. Човечкото тело е енергетски систем. Денес со сигурност можеме да потврдиме дека сѐ што постои вибрира со некаква фреквенција. Фреквенцијата всушност претставува брзината на движење на одредени честички наречени електрони и протони кои се наоѓаат во атомите и молекулите од која е изградена секоја материја. Секој објект, животно, растение, човекот, а и воздухот околу нас има своја вибрација. Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација или резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања и страеење.
Исто така, сите знаеме дека кога слушаме музика, одреден звучен бран, може да нè расположи или растажи што значи дека фреквенците имаат влијание врз нашите емоции. Истото се однесува и за процесите во клетките. Одредени фреквенции делуваат позитивно врз нивната функција. Зошто го издвојуваме звукот како фреквенција ќе ви стане јасно кога ќе го прочитате целиот текст.
Методите за подмладување кои се користат во традиционалната медицина и козметологија иако се успешни не можат да го спречат процесот на стареење. Многу истакнати научници низ вековите се труделе да ја откријат тајната на младоста, но оваа мистерија останала нерешена.
Денес сме на прагот на големи откритија благодарение на развојот на квантната физика. Огромен придонес на оваа поле има постигнато новата гранка во биологијата, односно гранка на генетиката – фреквентно-јазичната генетика (wave and linguistic genetics) или квантна генетика на чело со Peter Garyaev, Доктор по биолошки науки, Академик на Руската академија за медицински и технички науки и член на Академијата за науки во New York кој е номиниран за Нобелова награда по биологија за 2021 година. (https://wavegenetics.org/en/ ).
Класичната генетика тргнува од фактот дека генетските молекули на ДНК имаат само материјална природа и дека улогата на ДНК е синтеза на протеини. Според постулатите на квантната генетика, ДНК функционира и како енергија, односно поседува информационо – енергетска природа, т.е. претставува квантен компјутер. Не само ДНК, туку и сите биолошки активни молекули ја имаат истата природа. Само 2 до 5 % од ДНК учествува во синтезата на протеините која е универзална за сите живи суштества, а останатиот дел од ДНК ,тн „junк“ ДНК, до неодамна, се сметало дека нема никаква функција. Денес, се знае дека „junк“ ДНК е носител на некодирана информација во која се запишани сите тајни за животот и дека овој дел на ДНК функционира на основните принципи на квантната физика, а тоа се не-локалност, холографско паметење (фантомска ДНК), лингвистичност и Ферми-Паста -Уламов ефект (ФПУ). ФПУ е добро познат во физиката и се базира на тоа дека клетките имаат паметење и поради тоа можат да се вратат во младоста.
Техниката на подмладување, односно процесот на спречување на стареење и регенерација се базира токму на овие принципи на квантната физика.
Универзални и индивидуални матрици
Информацијата што ја поседува ДНК може со специјална техника со нискофреквентни ласери да се претвори во матрица (запис) која подмладува и регенерира на тој начин што се користат биолошки активни компонети како на пример гинсенг, мумио, матична млеч, лековити чаеви и др. кои се обработуваат и се преведуваат во звук кој делува на субатомско ниво. Треба да се напомене дека се користат специјални ласери кои ги симулираат квантно – информационите процеси на хромозомите и тоа на ниво на фотон т.е. спин на фотон. Овие матрици се наречени универзални матрици или програми.
Предложените програми (матрици) ги активираат биолошки активните својства на клетките (ДНК, РНК, протеини и други метаболити) и со тоа го успоруваат процесот на стареење на квантно ниво. Разликата помеѓу класичните методи и квантната техника е таа што што со класичните методи, подмладувањето е површно, а со оваа техника, регенерацијата се одвива на субатомско ниво.
Освен универзални матрици постојат и индивидуални матрици. Информациите се преземаат од лични фотографии со специјална апаратура. Услов е лицето на фотографијата да биде здраво и не постаро од 7 години. Со специјална апаратура се чита фотографијата при што се добива комплексен, виосокопонентен спектар тн спинова информација која има моќна биолошка активност. Повеќе за оваа техника може да се прочита во монографијата на Гарјаев “Лингвистично – бранов геном, теорија и пракса” (2009 год). Се изработува само еднаш, а секои 12 месеци се коригира.
Она што треба да се напомене е дека квантното подмладување не е магично стапче. Регенерацијата се одвива на субатосмко ниво постепено и треба време да се видат резултатите, со еден збор треба работа на себе.
Како зборуваат клетките?
Пред да видиме што се тоа матрици, треба да ги објасниме следните работи:
Нашето тело се состои од милијарди клетки. Со таква огромна војска мора некој да управува, а тоа е ДНК која се наоѓа во јадрото на клетките. ДНК ги содржи сите информации за тоа како ќе изгледа еден организам и како тој ќе фунционира. ДНК, односно хромозмите, фигуративно кажано, и прикаживаат видео на клетката како правилно да се развива и тоа не одеднаш целото видео, туку во фрагменти (пример, од оплодена јајце клетка не се развива ведаш човек, туку тоа се одвива постепено).
Хромозомите односно ДНК емитира ласерко светло. Покривајќи се со ласерско светло, ДНК создава холограм односно ДНК со својата сопствена светлост ја црта матрицата, односно планот за изградба на клетките како на целиот организам така и на неговиот животен тек . Потоа тоа светлосно тело се исполнува со материја.
Фактот што ДНК создава тродимензионална светлосна слика го потврдува феноменот на постоењето на фантом. За да стане појасно за што станува збор ќе објасниме на следниот пример:
Ако од лист од бреза се исече еден мал дел и се стави во поле под висок напон (Кирилијанов апарат), ќе се појави светлосна слика од целиот лист, а не само делот кој беше откинат од листот. Ова е својство на холограм. Исечениот дел од листот може да се сече на уште помали делови и сите тие под дејство на висок напон ќе го рефлектираат целиот лист но со помала светлина.
Така е и со клетките. Тие не само што ги гледаат тродимензионалните светлосни слики туку и ги читаат своите програми како книги. Па така секоја клетка ги гледа и ги чита своите програми како ќе расте и ќе се развива. Кога милијарди клетки се организрани во голема империја како што е организмот, тие мора меѓу себе да комуницираат и да го кординраат своето делување. Таквата комуникација (размерна на информациите) се одвива со помош на светлосни сигнали, радиобранови и звук.
Што преставуваат матриците?
Матриците претставуваат квантни записи на билошки активни сусптанции и нивното слушање доведува до постепена промена на клеточно ниво. Овие записи кои претставуваат звук/шум се добиваат со помош на високо развиена ласерска технологија и преставуваат спектри на радио брановите. Звукот преставува биоинформација која телото ја чита. Шумот овозможува сите клетки во телото да вибрираат со иста фреквенција и тој делува како еликсир за клетките. Звукот на почетокот не е пријатен бидејќи не сме навикнати да слушаме таква “музика”, но секако тој делува. Една споредба, многу лековити чаеви се со непријатен вкус, но тие сепак делуваат и лекуваат.
Се поставува прашање дали овој звук е стабилен бидејки се слуша како mp3 (аудио запис) или како avi (аудио и видео запис) .
Да, звукот кој се добива е стабилен бидејќи се работи за фрактали.
Тука мора да напоменеме нешто за една од најважните својства на спектарот кој го добиваме. Тоа е својството на фракталност, или сличност во различни размери. Ова произлегува од фактот дека како примарна регистрација на фотонската деформација, добиваме фотонски интерферограм (холограм) на звучниот примерок, кој потоа се претвора во радио бран и конечно во mp3 акустичен холограм.
Важно е да се разбере дека секој холограм е фрактал (обратното не важи). Основното својство на холограмот е фракталноста на неговите информации. Затоа, загубата на некои фреквенции при претворање на добиените спектри во mp3 формат не ги нарушува општите биоактивни информации. Главна карактеристика на фракталот е таа што неговиот изглед и начинот на кој се дистрибуираат не се разликува дури и кога се менува скалата користена во набљудувањето.
Видови на матрици
- Универзална матрица за запирање на процесот на стареење
- Универзална матрица за корекција на метаболизмот
- Универзална матрица за зајакнување на имунитетот
- Универзална матрица за лица постари од 40 години
- Универзална матрица за жени
- Универзална матрица за мажи
- Универзална матрицa за психофизички развој
- Универзална матрица по желба
- Индивидуална матрица за езотеричен и спиритуален развој.
- Индивидуални матрици по желба
- Матрици за миленичиња
Која е предноста на матриците во споредба со другите технологии?
Пристапна цена со оглед на тоа што се купуваат само еднаш и немаат рок на траење, а се произведуваат по најнова ласерска технологија која засега ја има само во Русија. Исклучок се универзалните матрици кои на секои 12 месеци треба да се пратат на корекција во центарот за квантна генетика во Русија.
Единствена метода која го регенерира и подмладува организмот на квантно ниво. Организмот не само што се подмладува од внатре, туку и се подобрува неговата целокупна психо-физичка состојба.
Употребата на различни суплементи се намалува, бидејќи телото ги прима биоинформациите од биолошко активните компоненти кои делуваат директно на клеточно/субатомско ниво.
Нарачајте ја својата матрица или посетете го центарот Agape Bio Well и спречете го стареењето на организмот! Имате можност да ги слушате матриците во центарот и/или биоинформацијата која е запишна во звукот да се меморира во водата која ја пиете. Изборот е ваш.
Како да нарачате матрици?
Матриците можете да ги нарачате на е-маилот agape.mkd@gmail.com. Потребен е само краток опис на состојбата и ние ќе ви препорачаме каква матрица ви е потребна.
Уплатата може да се изврши на трансакциска сметка на Agape Bio Well.
Рокот на испорка е 30 до 45 дена по плаќањето на матрицата/те.