Квантна Хармонизација

Што е Квантна хармонизација?

Квантната хармонизација (КХ) е техника која ги трансформира и балансира сите четири нивоа на телото (физичкото, емоционалното, менталното и духовното тело) на тој начин што се поткренува процесот на самоисцелување. Со примената на оваа метода доаѓа до балансирање и хармонизирање не само на психофизичката состојба, туку настануваат и позитивни промени во животот. Постепено се зголемува вашата свесност и живеењето во сегашниот момент.

Се работи со квантен бран кој се иницира директно од чистата свест.

КХ претставува спој на старите спиритуални учења и современата западна наука: квантната физика и психологијата. Се смета дека потекнува од древните учења на Кахуните, хавајски шамани. Serge Kahili King, шаман и пистаел, за оваа техника го користи зборот Kahi што значи магичен допир. Тој лично смета дека оваа техника е најдобрата техника за исцелување која ја познава. Во деведесетитте години од минатиот век, независно еден од друг, оваа техника ја усовршија Д-р. Richard Bartlet (Matrix Energetics) и Д-р.Frank Kinslow (Quantum Entrainment, https://kinslowsystem.com/home) како и  Andrew Blake (QCT – Quantum Consciousness Transformation, https://www.bookdepository.com/QCT-2-Quantum-Consciousness-Transformation-Andrew-Blake/9783862641833).

Како делува КХ?

Основата на оваа метода лежи во квантната физика, дека човековото тело е енергија со одредена фреквенција. Сите наши органи, ткива и клетки, како и мислите и емоциите вибрираат на одредена фреквенција. Кога фреквенциите не се синхронизирани доаѓа до дисбаланс на сите четири нивоа на телото.  Доколку живееме подолого време во страв, паника, несигурност, фрустрација, конфликтни ситуации, исцрпеност, физички болки, неминовно доаѓа до одредени психосоматски нарушувања.

Квантниот бран кој се повикува директно од чистата свест (уште се нарекува универзално поле, креативна интелигенција) делува на тој начин што го враќа балансот во телото. Делува директно на нервниот систем на тој начин што ги разградува старите неуронски врски или убедувања и учествува во создавањето на нови неуронски врски и со тоа помага постепено да настанат позитивни промени во нашите животи.

Како се изведува КХ?

Првенствено треба е да се напомене дека третманот е многу смирувачки.

Терапевтот работи директно во комуникација со клиентот без употреба на какви било апарати. Клиентот може да стои, седи или лежи. Покрај чувството на опуштеност, најчесто се јавуваат различни сензации во телото како благо клатење на телото, морници или температура во телото кои потполно исчезнуваат кога телото ќе се балансира. Битно е да се напомене дека квантниот бран секогаш делува прво таму каде што е неопходно и секогаш се постигнува промена, која е најдобра за клиентот во тој момент.

Како започнува процесот на КХ?

Практичарот кој ја користи оваа метода, го започнува процесот на исцелување на тој начин што се поврзува со чистата свесност/универзално поле и го поткренува квантниот бран да делува на проблемот кој може да биде од физичка или ментална природа.

Каде се може да се примени КХ?

  • Дисбаланс на умот, телото и емоциите
  • Подобрување на психо-физичкото здравје
  • Намалување на различни видови на болки
  • Емоционална нестабилност
  • Незадоволство во партнерските односи, работата и финансиите
  • Негативно опкружување

Квантаната хармонизација брзо се шири низ светот поради тоа што лесно се применува и дава одлични резултати. Успешно се комбинира и надополнува со други методи.