Производи за заштита од ЕМ зрачење, биолошко и хемиско загадување

ЗА HSC LIFE – РЕШЕНИЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

HSC LIFE ПРОИЗВОДИТЕ се научно дизајнирани и патентирани производи!

За компанијата TSP

TSP d.o.o. е компанија од Република Хрватска, фокусирана на здравјето и здравиот начин на живеење.

TSP е компанија која дистрибуира висококвалитетни и сертифицирани производи со кои се подобрува квалитетот на животот како и здравјето на потрошувачите. Квалитетот, иновативноста и здравјето на корисниците се клучните насоки по кои се водат во иновативноста и креирањето на нивните производи.

Технологија која се користи

Тесла-скаларната технологија, е основа на сите производи, која произлезе од децениските лабораториски истражувања на американски, руски и швајцарски научници. Во основа, станува збор за примена на скаларна технологија во комбинација со нови современи научни откритија. Основните концепти на технологијата беа развиени од НАСА за потребите на американската вселенска програма и војската.

При изработката на прoизводите се користи холограмскиот пристап (принципот на теоријата на струни кој е основа за хологрмаскиот модел на Универзумот), и скаларниот пристап при што се користи фракталната геометрија.

Патенти и сертификати

Дизајнер и сопственик на патентот, на сите HSC производи,  е  Г-дин Slavko Lauš,  добитник на голем број меѓународни награди и признанија за неговите иновации. Карактеристиките и позитивните здравствени ефекти на HSC производите се тестирани и сертифицирани во специјализирани лаборатории во Европа и светот.

ИНСТИТУТ БИОН ДООЕЛ. Љубљана, Словенија

RF Exposure Lab, Калифорнија, Соединети Американски Држави

Награди

  • BIS 2013, London, UK – златен медал
  • INST 2013, Taipei – златен медал
  • INPEX 2013, Pittsburg, USA – златен медал
  • International Innovation & Invention Expo 2013, Macao – златен медал
  • EUROINVENT 2013, Romania – златен медал
  • Arhimed 2013, Moscow, Russia – златен медал
  • Technology Expo 2013, Kuala Lumpur, Malaysia – сребрен медал
  • IIFME 2012, Kuwait – златен медал
  • INOVA 2012, Croatia – златен медал
  • INPEX 2012, Pittsburgh, USA – златен медал
  • EUROINVENT 2012, Romania – златен медал

Виртуелна книжарница

Доколку сакате да знаете повеќе за производите, можете да прочитате повеќе во виртуелната книжарница https://fliphtml5.com/bookcase/cajgq/

 

ПРОИЗВОДИ

КОРЕЛАТОР – ПАМЕТНА ИГЛА

Урамнотежува, ја обновува енергијата и исцелува

Паметната  игла е програмираното динамичко поле кое  предизвикува промени во корелациите на медиумот врз кој се користи: вода, течност, храна и организам

Го трансформира негативното влијание во позитивно

Нашата планета се соочува со загадување, изумирање на растителниот и животинскиот свет и сè поизразени климатски промени. Промените во материјата и енергијата поради загадена средина се закана за човечкото тело и неговото здравје. Раководени од фактот дека водата е најважниот поларен растворувач (растворувач составен од молекули со нехомогена дистрибуција на електричен полнеж; односно поларни молекули) и најважна состојка на сите живи организми, создаден е уред кој ги неутрализира штетните материи содржани во неа. Со допирање на HSC корелаторот (паметнатата игла) со медиумот и консумирање на така „програмираната“ вода и храна, организмот се балансира, енергетски се обновува и заздравува.

HSC корелаторот (паметната игла) произлезе од долгогодишно истражување на американски, руски и други светски научници. По првичниот развој на прототипот HSC во лабораториите во Хрватска и ЕУ, финализирањето на концептот е реализирано во Швајцарија. HSC корелаторот е развиен врз основа на скаларните принципи на Тесла за мултидимензионална холограмска физика и активно ја кодира фракталната динамика на електронските корелации. Едноставно кажано, „паметната игла“ носи програмирано динамично поле на променливи взаемни односи на медиумот во кој се користат, на пример: вода, течност, храна или жив организам.

Производ заснован на скаларните принципи на Тесла

HSC корелаторот („паметна игла“) е развиен врз основа на скаларните принципи на Тесла за мултидимензионална холограмска физика и активно ја кодира фракталната динамика на корелациите на електроните. 

Влијание врз водата

Ја ревитализира водата, соковите, виното, пивото и другите пијалаци пред консумирање.

Позитивно влијание врз храната

Позитивно енергетски влијае врз храната, пијалаците, овошјето и зеленчукот пред консумирање.

Ефекти врз нашето тело

Иглата ја намалува/елиминира болката со допирање на болното место.

Тестирање

Уредот е тестиран и сертифициран во BION институтот во Љубљана за неговото влијание врз структурата на водата и енергетското влијание врз човечкото тело.

Придобивки од користење на Паметната игла

Ја оживува водата

Ги подобрува сите релевантни параметри за квалитетот на водата за пиење: зголемена содржина на кислород, отстранување на вируси, подобрена динамика на јонски фрактални кластери.

Ја енергизира храната

Карактеристиките на HSC корелаторот се тестирани во специјализирани лаборатории во Европа и светот https://hsc.life/documents/certificate-252-hr.pdfhttps://hsc.life/documents/certificate-251-hr.pdf

Ја ублажува болката 

Со допирање на  болното место со HSC корелаторот се намалува болката во зглобовите, главоболката или менструалните грчеви.

Го зајакнува, енергизира и подмладува вашето тело

Редовното консумирање на вода, пијалаци и храна третирана со HSC корелаторот е поврзана со подобрувања во метаболизам и севкупното здравје на организмот.

ЗА РАЗЛИКА ОД МНОГУ ПРОЗИВОДИ КОИ ИМААТ РОК НА ТРАЕЊЕ, ПАМЕТНАТА ИГЛА Е ВЕЧНА (АКО НЕ СЕ ОШТЕТИ НЕЈЗИНИОТ ВРВ). ПОРАДИ ГОЛЕМИНАТА, МОЖЕТЕ ДА ЈА НОСИТЕ СО СЕБЕ И ДА ЈА ТРЕТИРАТЕ ВОДАТА КОЈА ЈА ПИЕТЕ КАДЕ И ДА СТЕ.

 

НАМАЛЕТЕ ГО ЗРАЧЕЊЕТО ОД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО 5Г ПАМЕТНА КАРТИЧКА

5G ЗАШТИТНА ПАМЕТНА КАРТИЧКА – Сè што ви треба за да го намалите влијанието на зрачењето

Заштитната паметна картичка активно го штити организмот на корисникот од електромагнетно (ЕМ) зрачење од сите генерации на комуникациски мрежи E, 3G, 4G и 5G.

Холографска скаларна функционалност за кодирање

Смарт картичката HSC создава заштитно поле и активно го штити телото на корисникот. Со држење на незаштитен уред за комуникација во близина на увото, температурата на мозочните клетки локално може да се зголеми за степен или два, додека со користење на заштитна картичка промената на температурата е помала од 0,1 степен (< 0,1oC).

Производ заснован на скаларните принципи на Тесла

Се користи HSC кодирање на повеќедимензионалната физика на холограмот и активно ја кодира фракталната динамика на корелациите на квантната енергија на субјектот.

Спречува

Промената на температурата на мозочните клетки, промената е помала од 0,1 степен (< 0,1oC).

Заштитува

Од сите форми на радиофреквентно зрачење (RF) во сите комуникациски мрежи E, 3G, 4G и 5G

Тестирање

Уредот е тестиран и сертифициран во BION институтот во Љубљана за неговиот заштитен ефект врз човечкото тело https://hsc.life/documents/certificate-251-hr.pdf 

Едноставна примена

Едноставно залепете ја HSC картичката на кој било електронски уред откако ќе ја извадите заштитната фолија од задната страна

Заштита додека зборувате

Заштитете се од радијација кога зборувате на вашиот мобилен телефон.

Заштита додека играте

Заштитете ги вашите деца од радиофреквентно зрачење кога играат на електронски уреди.

Заштита додека работите

Заштитете се додека работите на електронски уреди.

Ако сакате да знаете повеќе за истражувањата во врска со штетното влијание од ЕМЗ можете да прочитате повеќе на следниот линк https://tagpacker.com/user/hsc.life