Bio-Well камерата ги обединува источните знаења (индиско учење за чакрите и традиционалното кинеско учење за меридијанитe) сo конвенционалната западна наука за органи и органски системи преку која се добива целосна слика за психо-физичката состојба на организмот. Ги детектира потенцијалните проблеми во телото на енергетско ниво и може да се комбинира со други техники, односно може да измери како одредена терапија/техника делува врз целиот организам. Со користењето на бинаурални звуци специјално дизајнирани за секој клиент посебно, се подобрува целокупната состојба на организмот, се зголемува неговата енергија на клеточно ниво и што е најважно го редуцира стресот, а резултатите од неговата примена, лицето кое се испитува може и визуелно да ги види. Постојат преку 200 научни студии за работата на овој уред кои се објавени во еминентни научни списанија кои се широко прифатени, a сите истражувања се објавени на веб-страницата https://iumab.com/.
Што е Bio-Well камера?
Bio-Well камера е револуционерен уред со кој на многу едноставен начин се анализира психо-физичката состојба. Уредот е патетниран од страна на рускиот биофизичар д-р. Консантин Коротков, професор по компјутерски науки и биофизика на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика во Санкт Петерсбург во Русија (https://www.bio-well.com/gb/company/about_korotkov.html), а се произведува во САД.
На кој принцип работи Bio-Well камерата?
Bio-Well камерата ја мери индиректно енергијата на телото, на тој начин што ја мери светлината во воздухот. Работи на тој начин што сите електроспроводливи материјали под дејство на високонапонски електромагнетен импулс емитираат електрони кои реагираат со молекулите од воздухот и им ја предаваат нивната енергија. Светлината емитирана од молекулите на воздухот се „фаќа“ со помош на уред кој содржи фотограм – се прави Kirlian-ова фотографија (https://en.wikipedia.org/wiki/Kirlian_photography). Човекот, исто така e спроводник на електрична енергија, па поради тоа и тој ослободува електрони под дејство на висок напон. Во зависност од неговата ментална и емоцинална состојба, како и од биохемиски процеси кои се одвиваат во организмот, се ослободува различно количество на електрони при што се ослободува светлина, чии интензитет се мери со BioWelL камерата.
Како работи Bio-Well камерата?
Bio-Well камерата индуцира ослободување на електрони од прстите кои доаѓаат во судир со молекулите на воздухот и според количеството на ослободени електрони се ослободува светлина која визуелно може да се види со помош на овој уред како биополе кое го опкружува организмот. ВАЖНО: Визуелните слики не ја прикажуваат аурата на човекот. Се работи за индуцирано био-поле кое е научно докажано и од кое се чита психо-физичката состојба на организмот.
Според концептот на акупунктурни точки, различни зони на прстите се поврзани со одредени органи и органски системи односно одредени состојби во телото. Според ослободените електрони од прстите и емитираната светлина се мерат три параметри: стрес, енергија како и баланс/дисбаланс на целиот организам.
Примена на Bio-Well камерата
- Терапевти кои прават анализа на енергетската состојба, нивото на стрес, како и мерење на балансот/дисбалансот на целиот организам
- За истражување во медицината
- Психолози, за анализа на психо-емоционалната состојба
- Тренери и спортисти за пратење на функционлната состојба за време на тренинзи и натпревари преку мерење на стресот и биоритамот
- Менаџментот, како и Одделот за човечки ресурси во фирмите за анализа на енергетската состојба и стресот кај вработените
- Во фабриките, со цел да се намалат грешките во производствените линии
- Практичари на акупунктура
- Сите лица кои сакаат да се справат со стресот и да ги откријат навремено потенцијалните проблеми во организмот
- Сите лица кои сакаат да избегнат потенцијални секојдневни проблеми преку следење на нивниот биоритам