Денот кога науката ќе почне да ги проучува нетелесните феномени, во текот на само едно десетлетие ќе постигне поголем напредок отколку што било постигнато во сите векови на своето постоење ~ Nikola Tesla
Полека но сигурно влегуваме во ново доба каде со посебно внимание се изучува влијанието на невидливиот свет околу нас. А тој, со сигурност постои. Нашиот потсвесен ум е така програмиран да ги прифќа a priori како точни информациите што ни ги сервира само официјалната наука. Тешко е да се верува на истржувачката наука како и на она што денес се нарекува псеудо наука. На пример, информацијата што ја објави НАСА какви звуци испушта сонцето сите ја прифативме како веродостојна. Но тешко ни е да поверуваме дека звукот може да биде лек за многу состојби. Или пак дека лошите мисли и емоции се причина за многу болести и дека тие вибрираат на ниска фреквенција и може да го загадат просторот.
Дали сте се запрашале зошто сите религиозните храмови користат ѕвона?
Центарот Agape BioWell ви ја прставува звучната BILA матрица за чистење на просторот во кој живеете и работите и го прилгодува умот да функционира во алфа состојба.
BILA терапијата (терапија со ѕвона) користи „била“ – рамни sвона, прототипови на класични ѕвонести куполи, но со свој посебен и пријатен спектар на звуци. Овој музички инструмент е создаден во 1991 година од ѕвонарот Александар Иванович Жихарев, а денес има неколку варијанти кои се разликуваат по обликот на плочите, хоризонталната и вертикалната работна положба. Во фреквенцијата на BILA ѕвоната се вградени посебни записи на минерали (користејќи ја технологијата на Инситутот за квантна генетика во Москва), како и алфа шумови.
БИЛА матрицата го прилагодува умот да работи на алфа бранови (8-13 Hz – тие се јавуваат во будна состојба на длабока релаксација, мир и спокој). Исто така, информацијата која ја поседува БИЛА матрицата воспоставува позитивни вибрации во просторијата, чистејќи ја и отстранувајќи ја негативната енергија насобрана во неа. Можете да ја слушате со помош на слушалки или пак преку аудио систем (звучници).
Овие фреквенции се добри за отстранување на негативности во затворени простории, опуштање и влегување во алфа состојба. Ако се користат по пат на аудио звучници, за кратко време, по само 25 минути просторот се прочистува од насобраните негативности во него и „звучи“ на поинаков начин.
За кого се препорачува оваа матрица?
BILA матрицата се препорачува за секого, посебно на оние кои работат со други луѓе. Како што е познато, сè што изговараме има одредена вибрација, а таа вибрација влијае и на нашата околина и на нашето тело. Луѓето со коишто комуницирате во текот на денот и кои ве опкружуваат, емитираат како позитивна, така и негативна енергија (која за жал во денешно време е сè поголема).
Сè лошо што ќе кажеме за некого всушност создава одредено негативно поле околу нас, а ако во тоа поле се придружат повеќе луѓе, тогаш тоа станува сè поголемо и зафаќа сè повеќе луѓе, дури и оние кои се наоѓаат во непосредна близина и слушаат што се зборува. Не заборавајте дека и мислите имаат енергија!
Озборувањата и лошите мисли зрачат љубомора и завист, носат болна енергија во вашиот дом, но луѓето често не се свесни за штетата која си ја прават себе си и на другите. За жал, тоа е секојдневна масовна појава против која не постои лек, освен по некое чудо да се промени свеста кај луѓето.
Па така, ако:
- комуницирате со голем број на луѓе
- работите со луѓе со лоша здравствена состојба
- во вашиот работен простор доаѓаат непознати луѓе
- во последно време често губите нерви поради небитни ситници
- многу често сте лути и напнати и не можете да се ослободите од тоа
- негувате тага во себе и не сте склони кон простување
- не сте оптимисти и како да не поседувате доволно енергија за секојдневниот ритам на животот
- се чувствувате уморно од сè и сè почесто се изолирате од луѓе или активности
- се чувствувате како да сте заглавиле во место и не напредувате
- не можете да се сконцентрирате при разговор со други луѓе, мислите ви одлетуваат
- често сте отсутни, односно не сте свесно присутни во сегашните моменти
- чувствувате необјасниви физички болки без некаква посебна причина
- немате разбирање за ставови и чувства на други луѓе
Не постојат посебни упатства за користење на оваа програма. Можете да ја слушате во позадина, да медитирате слушајќи ја. По 10-15 минути слушање, програмата ќе ве опушти и ќе го поправи вашето расположение. Доколку ја слушате во позадина во вашата соба, ќе ги прилагодите вибрациите на вашиот стан или работниот простор за смирување и отстранување на насобраните негативни вибрации во текот на денот. Програмата нема ограничување. Можете да ја слушате секогаш кога ќе почуствувате немир.
Времетраењето на оваа матрица изнесува 25 минути. Програмата ви ја испраќаме на вашата e-mail адреса во 2 формати: WAV и MP3.
Како и сите останати производи шти ги нуди центарот Agape BioWell, БИЛА матрица е оригинален производ зад кои стои Институтот за квантна генетика во Москва.