Информацијата што ја поседува ДНК може со специјална техника со нискофреквентни ласери да се претвори во матрица (запис) која подмладува и регенерира на тој начин што се користат биолошки активни компоненти како на пример гинсенг, мумио, матична млеч, лековити чаеви и др. кои се обработуваат и се преведуваат во звук кој делува на субатомско ниво. Треба да се напомене дека се користат специјални ласери кои ги симулираат квантно – информационите процеси на хромозомите и тоа на ниво на фотон т.е. спин на фотон. Овие матрици се наречени универзални матрици или програми.
Предложените програми (матрици) ги активираат биолошки активните својства на клетките (ДНК, РНК, протеини и други метаболити) и со тоа го успоруваат процесот на стареење на квантно ниво. Разликата помеѓу класичните методи и квантната техника е таа што што со класичните методи, подмладувањето е површно, а со оваа техника, регенерацијата се одвива на субатомско ниво.
Освен универзални матрици постојат и индивидуални матрици. Информациите се преземаат од лични фотографии со специјална апаратура. Услов е лицето на фотографијата да биде здраво и не постаро од 7 години. Со специјална апаратура се чита фотографијата при што се добива комплексен, виосокопотентен спектар тн спинова информација која има моќна биолошка активност. Повеќе за оваа техника може да се прочита во монографијата на Гарјаев “Лингвистично – бранов геном, теорија и пракса” (2009 год). Се ирзаботува само еднаш, а секои 12 месеци се коригира.
Она што треба да се напомене е дека квантното подмладување не е магично стапче. Регенерацијата се одвива на субатосмко ниво и тоа постепено и треба време да се видат резултатите, со еден збор, треба работа на себе.
Како зборуваат клетките?
Пред да видиме што се тоа матрици, треба да ги објасниме следните работи:
Нашето тело се состои од милијарди клетки. Со таква огромна војска мора некој да управува, а тоа е ДНК која се наоѓа во јадрото на клетките. ДНК ги содржи сите информации за тоа како ќе изгледа еден организам и како тој ќе функционира. ДНК, односно хромозомите, фигуративно кажано, и прикажуваат видео на клетката како правилно да се развива и тоа не одеднаш целото видео, туку во фрагменти (пример, од оплодена јајце клетка не се развива ведаш човек, туку тоа се одвива постепено).
Хромозомите односно ДНК емитира ласерко светло. Покривајки се со ласреско светло, ДНК создава холограм односно ДНК со својата сопствена светлост ја црта матрицата, односно планот за изградба на клетките како на целиот организам, така и на неговиот животен тек . Потоа тоа светлосно тело се исполнува со материја.
Фактот што ДНК создава тродимензионална светлосна слика го потврдува феноменот на постоењето на фантом. За да стане појасно за што станува збор, ќе објасниме со следниот пример:
Ако од лист од бреза се исече еден мал дел и се стави во поле под висок напон (Кирилијанов апарат), ќе се појави светлосна слика од целиот лист, а не само делот кој беше откинат од листот. Ова е својство на холограм. Исечениот дел од листот може да се сече на уште помали делови и сите тие под дејство на висок напон ќе го рефлектираат целиот лист но со помала светлина.
Така е и со клетките. Тие не само што ги гледаат тродимензионалните светлосни слики, туку и ги читаат своите програми како книги. Па така, секоја клетка ги гледа и ги чита своите програми како ќе расте и ќе се развива. Кога милијарди клетки се организирани во голема империја како што е организмот, тие мора меѓу себе да комуницираат и да го координираат своето делување. Таквата комуникација (размерна на информациите) се одвива со помош на светлосни сигнали, радиобранови и звук.
Што преставуваат матриците?
Матриците преставуваат квантни записи на биолошки активни сусптанции и нивното слушање доведува до постепена промена на клеточно ниво. Овие записи кои претставувват звук/шум се добиваат со помош на високо развиена ласерска технологија и претставуваат спектри на радиобрановите. Звукот претставува биоинформација која телото ја чита. Шумот овозможува сите клетки во телото да вибрираат со иста фреквенција и тој делува како еликсир за клетките. Звукот на почетокот не е пријатен бидејќи не сме навикнати да слушаме таква “музика”, но секако тој делува. Една споредба, многу лековити чаеви се со непријатен вкус, но тие сепак делуваат и лекуваат.
Се поставува прашање дали овој звук е стабилен бидејки се слуша како mp3 (аудио запис) или како avi (аудио и видео запис) .
Да, звукот кој се добива е стабилен бидејќи се работи за фрактали.
Тука мора да напоменеме нешто за една од најважните својства на спектарот кој го добиваме. Тоа е својството на фракталност, или сличност во различни размери. Ова произлегува од фактот дека како примарна регистрација на фотонската деформација, добиваме фотонски интерферограм (холограм) на звучниот примерок, кој потоа се претвора во радио бран и конечно во mp3 акустичен холограм.
Важно е да се разбере дека секој холограм е фрактал (обратното не важи). Основното својство на холограмот е фракталноста на неговите информации. Затоа, загубата на некои фреквенции при претворање на добиените спектри во mp3 формат не ги нарушува општите биоактивни информации. Главна карактеристика на фракталот е таа што неговиот изглед и начинот на кој се дистрибуираат не се разликува дури и кога се менува скалата користена во набљудувањето.
Видови на матрици
- Универзална матрица за запирање на процесот на стареење
- Универзална матрица за корекција на метаболизмот
- Универзална матрица за зајакнување на имунитетот
- Универзална матрица за лица постари од 40 години
- Универзална матрица за жени
- Универзална матрица за мажи
- Универзална матрица за психофизички развој
- Универзална матрица по желба
- Индивидуална матрица за езотеричен и спиритуален развој.
- Индивидуални матрици по желба
- Матрици за миленичиња
Која е предноста на матриците во споредба со другите технологии?
Пристапна цена со оглед на тоа што се купуваат само еднаш и немаат рок на траење, а се произведуваат по најнова ласерска технологија која засега ја има само во Русија. Исклучок се универзалните матрици кои на секои 12 месеци треба да се пратат на корекција во центарот за квантна генетика во Русија.
Единствена метода која го регенерира и подмладува организмот на квантно ниво. Организмот не само што се подмладува од внатре, туку се подобрува и неговата целокупна психо-физичка состојба.
Употребата на различни суплементи се намалува, бидејќи телото ги прима биоинформациите од биолошко активните компоненти кои делуваат директно на клеточно/субатомско ниво.
Нарачајте ја својата матрица или посетете го центарот Агапе Биовел и спречете го стареењето на организмот!
Како да нарачате матрици?
Матриците можете да ги нарачате на емаилот agape.mkd@gmail.com. Потребен е само краток опис на состојбата и ние ќе ви препорачаме каква матрица ви е потребна.
Уплатата може да се изврши на трансакциска сметака на Агапе БиоВел.
Рокот на испорака е 30 до 45 дена по плаќањето на матрицата/те.
Повеќе информации можете да прочитате на https://wavegenetics.org/en/