Access bars

ПРИСТАП ДО СВЕСНОСТА (Access Consciousness ®)

 „Силата е во способноста за промена и трансформација. Како би било да живеете живот исполнет со бескрајни можности? “

Gary Douglas

Пристап до свеста (Access bars ®) е збир на енергeтски и вербални техники кои нè учат за самите нас и за светот околу нас. Нивниот творец е Гери Даглас, а ко-креатор е Д-р Даин Хер (https://www.accessconsciousness.com/).

Пристапот ни овозможува да менуваме сè од што не сме задоволни (финансии, врски, родителство, работа) на тој начин што се деблокираат сите умствени програми и предрасуди.  Ако функционираме со претходно осмислен став за тоа што е можно и што не е можно во животот и со јасно дефинирано уверување за тоа како функционира светот, кое најчесто ни е наметнато, не можеме да бидеме свесни за ништо друго што не одговара на тоа уверување кое е всадено длабоко во нас. Пристапот до свеста (Access bars ®)  го менува тој поглед и ни овозможува пристап до неограничени можности. Нè учи како постојано да живееме во прашање наместо постојано да бараме одговори. Одговорот ни дава ограничување, додека прашањето ни дава можност за свесно спознавање на работите.

На главата имаме 32 енергетски точки што ги нарекуваме Барси. Секоја од нив е поврзана со некој аспект од нашиот живот: контрола, пари, креативност, свесност, сила, мир, среќа, тага, сексуалност, тело, лекување, стареење, комуникација, итн. На секоја од овие точки се меморира енергетската компонента на сите наши идеи, верувања, ставови, мисли и одлуки што некогаш сме ги создале во однос на секој од овие аспекти или уверувања. Уверувањата не дозволуваат да менуваме ништо во одредена област.

Со нежно допирање на овие точки и придвижување на енергијата , таа меморија се брише, енергијата се менува што доведува до поголема свесност и јасност. Од таа позиција можеме да  создадеме соодветни работи за себе во кој било аспект од животот. Наместо слепо да се држиме до околностите и фактите, започнуваме да создаваме живот што работи за нас, а не против нас.

Тогаш ќе почнеме да се прашуваме: Што можам да изберам? Што сакам да создадам? Дали одбирам доволно големи работи за себе? Како може да се подобри мојот живот?

Звучи едноставно да биде вистина. Дали се осмелувате да пробате?