Квантно Пенкало

Торзионото поле е суптилно енергетско поле кое има форма на вртлог и кое е присутно во сите сегменти на нашите животи. Секој објект создава свој портрет во просторот т.н. торзионен портрет кој може да ротира на десно или лево. Десното торзионо поле носи во себе позитивна енергија, а левото торзионо поле, негативна енергија. Сега станува јасно што правеле нашите баби. Ја пренасочувале негативната енергија во позитивна иако немале дури ни логично објаснување.

Торзионото поле се поврзува со скаларната енергија за која зборувал физичарот Maxwell, а 100 години подоцна Tesla и Einstein. Скаларната енергија е самопостоечка. Претставува нехерцијански спирален електромагнетен бран кој се движи во вакуум со супер брзина.  Експерименталните истражувања покажуваат дека во ова поле информацијата патува 109 пати побрзо од брзината на светлината што е одговор на прашањето како клетките во нашето тело ги добиваат информациите веднаш.  Скаларната енергија настанува кога ќе дојдат во контакт два идентични бранови со иста фреквенција од два различни правци. Концентрацијата на енергијата на местото на спојување на два вакви брана е неверојатна. Се смета дека скаларната енергија е интелигентна енергија  која во себе ги содржи информациите на Универзумот како единствено универзално енергетско поле. Таа може да исцелува и да го врати психо-физичкиот баланс во организмот.

Скаларна енергија и нејзино влијание на ДНК

Истражувањата покажуваат дека скаларната енергија делува и на молекулите на ДНК. Таа ги зајакнува хемиските ковалентни врски на водород во ДНК, а со тоа молекулата на ДНК станува поотпорна на надворешните влијанија.

Скаларна енергија и нејзино влијание на клетките на ракот

Во Институтот Max Planck, научниците дошле до заклучок дека скаларната енергија има позитивно влијание врз функицијата на клетките бидејќи го зголемува електричниот потенцијал. Оптималниот електричен потенцијал е 70 мВ. Измерено е дека кај ракот, електричниот потенцијал изнесува 15-20мВ. Со користењето на скаларната енергија, електричниот потенцијал се зголемува и поради тоа клетките на ракот не можат да се развиваат со голема брзина.

Во случај на заболувања, скаларниот бран го стабилизира биополето и позитивно влијае на енергетската размена во клетките, а со тоа тоа ја подобрува периферната циркулација, но и работата на сите органи бидејќи се зголемува количеството на кислород во крвта кој овозможува  побрзо природно исцелување на мускулните влакна (органите во телото се мускули со различна структура).

Скаларна енергија и нејзино влијание врз имунитетот

Скаларната енергија го подобрува имунитетот и работата на ендокриниот систем, а со тоа се забрзува уништувањето на вирусите и патогените бактерии во организмот и просторот што нè опкружува.

Скаларна енергија и нејзино влијание врз детоксификација на организмот и подмладувањето

Скаларната енергија ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи во клетките и овозможува нормално исфрлување на отровите од клетката. Како старее организмот, метаболизмот успорува и ослободувањето од токсините станува сè потешко. Имено, кога се зголемува концентрацијата на отровните материи во клетката, молекулите на токсините стануваат сè поголеми и клетката не може да ги исфрли надвор од неа бидејќи нивниот  обем е поголем од отворите во клеточната мембрана. На овој начин целиот организам  старее.  Скаларната енергија овозможува намалување на обемот не само на течноста што се наоѓа во клетката, туку го намалува и обемот на токсините, а со тоа тие се исфрлуваат надвор од клетката.

Храната која е третирана со скаларна енергија во себе содржи хранливи материи чии обем е помал од отворите на клеточната мембрана и поради тоа тие лесно продираат во клетката.

Скаларна енергија и нејзино влијание врз нервниот систем

Бројните истражувања покажуваат дека нервниот систем е осетлив на електромагнетните зрачења особено од мобилните телефони, комјутерите, теливизорите, микробрановите печки итн, бидејќи  овие уреди создаваат поле со фреквенција поголема од  50 Hz. Високата фреквенција ја ремети хомеостазата во организмот. Многу болести како ракот, Алцхајхмер, чести прехлади, депресија, главоболки, губење на концентрацијата и др. се поврзани токму со електромагнетниот стрес кој потекнува од надворешната средина. Скаларната енергија создава штит околу телото и со тоа го спречува негативното влијание на високите фреквенции и ги јакне природните механзми за заштита.

Скаларната енергија овозможува мозокот да работи на алфа фреквенции (7 -13 Hz). Кога мозокот е во алфа состојба тој е смирен и полека без стрес ги завршува работните задачи. Тогаш мозокот вибрира на фреквенции блиски на магнетното поле на Земјата, т.н. Шуманова резонанца.  Сите сме слушнале за метеопати. Причината за главоболки, висок притисок како и нарушување на хомеостазата во организмот е неусогласеност на нашите вибрации со вибрациите на Земјата. Скаларната енергија го враќа телото во резонанца блиска до вибрациите на Земјата.

Скаларни производи

Повеќе од 20 години Русите и Јапонците истражувале зошто луѓето кои живеат во вулкански области многу ретко се разболуваат, живеат долго и се младолики. Дошле до заклучок дека во вулканските области особено на Камчатка во Русија и Фиџи во Јапонија, има многу силно позитивно зрачење кое го создава десно ориентираното торзионо поле. Ова поле не само што позитивно влијае врз нашето здравје, туку исто така одлично делува и врз водата и производите кои ги консумираме.

Благодарение на научните истражувања за торзионите полиња, тие развија два производи:  КВАНТНО ПЕНКАЛО И СКАЛАРИС. Напоменуваме дека станува збор за високо квалитетни производи кои немаат рок на траење и се произведени по најнови технологии во Русија и Јапонија.  

Третман со квантно пенкало

Квантното пенкало е најнапреден инструмент кој ги користи вибрациите (торзионите полиња) на високо матричните цврсти супстанции како што е вулканската лава.

Квантното пенкало произведува скаларно (и тоа десно ориентирано) поле кое го штити биополето на човекот и го забрзува процесот на исцелување и враќање на организмот во здрава состојба. Ја регенерира и подмладува кожата. Исто така, пенкалото го штити организмот и од штетните електромагнетни зрачења на мобилните телефони, компјутерите и апаратите за домаќинство. Го штити и просторот во кој работиме и живееме на тој начин што го пренасочува левото торзионо поле (негативно поле)  во десно ориентирано позитивно поле.

Импулсите кои ги произведува квантното пенкало создаваат таков проток на енергија кој делува на генетскиот код како фреквентен стимулатор и го враќа организмот во рамнотежа и хармонија. Кога енергијата во телото ќе се избалансира, органите и органските системи каде имало некаков проблем се враќаат во здрава состојба. Всушност, енергијата (животната енергија која се нарекува уште Прана или “Qi”) која се наоѓа во пенкалото, нашата ДНК ја чита и декодира при што се менува енергијата во клетката, а  со тоа започнува процес на исцелување на клеточно/квантно ниво.

Квантното пенкало 316L е направено од нерѓосувачки челик и во себе содржи високо матрични вулкански материјали, поточно 11 природни минерали и кристали, структурно поврзани на молекуларно ниво. Произведува силно десно ориентирано торзионо поле и ослободува од 1500 до 2000 јони. Должината е само 145 мм колку едно обично пенкало.

Како и сите останати производи што ги нудиме во центарот AGAPE BIO WELL, така и овој производ нема рок на траење.

Покрај тоа што може да се купи производот, центарот AGAPE BIO WELL нуди третман со квантното пенкало како и неутрализирање на негативните влијанија во домовите и работните простории.

За повеќе информации, можете да нè контактирате  на емаил agape.mkd@gmail.com или на телефон 078 334 764.

Како работи квантното пенкало?

Скаларниот бран кој се наоѓа во квантното пенкало, се состои од две компоненти/бранови кои се преклопуваат. Секој од нив комуницира со материјата на различен начин. Бранот кој во себе има позитивна енергија делува на негативно наелектризираните електрони. Другиот бран кој има негативен набој  комуницира со  позитивно наелектризираните протони во јадрото на атомот.  Со други зборови, скаларниот бран ги препознава неприродните состојби на молекулите во клетките и ги враќа во здрава состојба.

Крвта, лимфата како и цитоплазмата во клетките ја менуваат својата структура под дејство на штетните влијанија од надворешната средина. Квантното пенкало ја нормализира молекуларната структура на сите биолошки активни компоненти во клетката. Скаларниот бран делува директно и врз самата молекула на  ДНК. Квантното пенкало овозможува поголем внес на животна енергија во сите клетки и молекули. Колку е поголема животната енергија во клетките, толку е појако и нашето биополе кое нè опкружува. Тогаш сме поотпорни на заболувања и на штетните влијанија кои доаѓаат од надворешната средина.

Придобивки од користењето на квантното пенкало

  • Ги елиминира енергетските блокади во организмот
  • Ги елиминира изобличувањата во биополето
  • Помага во заздравувањето на организмот
  • Ја намалува депресијата и стресот
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Го забавува процесот на стареење на кожата
  • Го зајакнува телото
  • Ги намалува болките и воспаленијата
  • Овозможува кремите и козметичките производи да продрат подлабоко во кожата
  • Го подобрува квалитетот на хранатa

Како се користи квантното пенкало?

Со квантното пенкало може да се работи на различни начини: може да се третира одреден орган, целото тело или пак да се третира енергетскиот проток на човекот и просторот.  Може да  се третираат и нашите миленичиња. Исто така може да се третира водата и храната која ја користиме.

Се изведува на тој начин што се врти на десно во круг (во правецот на движење на стрелките на часовникот) на тој начин што се прави еден поголем круг и потоа се прават помали кругови кон внатре 3, 9, 18…108.

Ако се третира биополето, прво, со врвот на пенкалото се допираат прстите на рацете и нозете, а потоа врз секој прст поединечно се врти со пенкалото кон десно најмалку три пати. На овој начин се чистат енергетските канали и се ослободуваат од евентуални блокади. Потоа, ако е потребно може да се масираат акупунктурните точки.

Ако се работи врз одреден орган, потребно е прво да се измасира органот со врвот на пенкалото околу 10 минути, а потоа се врти со пенкалото на десно на начин како што е опишано погоре.

За козметички цели, на пример, ако се работи врз бори, потребно е прво да се масираат борите по нивната линија, а потоа да се врти на начинот кој е опишан и тоа во период од 5 до 7 мин.

Квантното пенкало го подобрува квалитетот и вкусот на водата и храната.  Се врти во правецот на стрелките на часовникот, на водата или на овошјето или зеленчукот што го приготвуваме.  0,5 литри вода може да се енергизира ако се врти со пенкалото 1 до 2 мин. За секои 0,5 литри вода се врти со пенкалото уште една мин. Така ако имаме бокал со 2 литри вода, доволно е да се користи пенкалото 4 мин.

За обновување на енергијата и неутрализирање на туѓите информациски полиња, потребно е наутро и навечер со квантното пенкало да нацртаме имагинарен круг на подот со големина која е еднаква на распонот на рацете и да направите 108 вртења. Потоа треба да седнете во полето (можете да поставите столица или фотеља) барем 10 до 15 мин. со затворени очи.

Со помош на квантното пенкало се третираат и сите електрични апарати и предмети во домот. Можете да го третирате накитот и паричникот. Ако во просторот во кои живеете и работите, престојува болна особа (нивната енергија е лево ориентирана, спротивна од движењето на стрелките на часовникот), потребно е просторот и предметите да се енергизираат почесто. Доколку патувате, просторот во кој престојувате, креветот, перниците исто така може да ги енергизирате.

Со квантното пенкало може да ги третираме и нашите домашни миленичиња. Животните, за разлика од нас, се поврзани со природата и имаат високо развиено шесто сетило за невидливиот свет околу нас. Тие многу побрзо се опоравуваат по третирање со пенкалото.