Квантна козметологија

Квантна козметологија со Handy Cure

Handy Cure (HC уред) претставува овластен апарат на израелската компанија Medical Quant Ltd. Тој се базира на синергетски терапевтски ефект на четири клинички докажани методи и тоа:

  • пулсен ласер со ниска фреквенција
  • инфрацрвена светлина
  • видливо црвено светло
  • статичко магнетно поле

Овие 4 елементи дејствуваат истовремено. Покрај тоа, нивните параметри се избрани на таков начин што меѓусебно ги зголемуваат лековитите ефекти на секој од нив. Биолошките ефекти се јавуваат на субцелуларно и клеточно ниво, и како резултат на тоа, кожата се враќа во природно здрава состојба. Независна клиничка студија покажала висока ефикасност на квантната терапија со Handy Cure која се движи во рамките од 76 до 100% во зависност од оштетувањето на кожата, а се разбира зависи и од возраста на пациентот.

Употребата на HC уредот е компатибилна со козметолошките терапии и со употреба на производи за нега на кожа. Во клиничката пракса е докажано дека употребата на уредот доведува до намалување на оштетувањато на кожата, циркулацијата и тонусот на мускулите се подобруваат, а се зголемува и ефикасноста на употребуваните козметички препарати. Со еден збор, кожата постепено добива младешки изглед.

Како делува Handy Cure?

Организмот на човекот е збир на неописливо голем број на клетки. Здравствената состојба  ја одредува нивната способност да извршуваат предодредени функции, што на крајот се сведува на размена на гасови (клеточно дишење), пренесување, преработка и синтеза на молекули од различни типови и видови (условно кажано, исхрана). Сите овие процеси се одвиваат на молекуларно и субмолекуларно ниво. Современата западна наука, за разлика од традиционалната источна наука, се обидува да го „поправи“ местото на нарушувањето со помош на лекови, хируршки скалпел и други методи.

Квантната терапија користи посуптилни и поделикатни методи. HC уредот ја контролира емисијата на снопот од кванти во точно одредена точка, т.е. снопот ниту се шири ниту се распрскува и делува само на одредени точки. Методот на квантна терапија е неинвазивен и комплетно безболен и нема несакани ефекти.

Енергијата на квантниот сноп која се пренесува на кожата, не само што не ја оштеува нејзината структура, ниту да ја ослабува нејзината функција, туку и дава дополнителна енергија за да го реши својот проблем. Поради тоа, не постои никаков ризик од компликации, како и од несакани ефекти во процесот на третирање.

Зошто треба да одберете третмани со Handy Cure?

Корисните лековити ефекти на светлината се користат многу години. До неодамна, ласерската терапија на ниско ниво се користеше успешно само во здравствените установи ширум светот, но сега оваа метода може да се користи и пошироко, дури и во домашни улови.

HC уредот овозможува активирање на природните процеси во клетката, ја забрзува синтезата на колаген и еластин, доведува до намалување на површинските бори и до поглема оксигенизација на клетките, а со тоа се подобрува структурата на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете. Во исто време, со HC уредот може да се направи детоксификација и оксигенизација на целиот организам.

За повеќе информации, можете да нè контактирате  на емаил agape.mkd@gmail.com или на телефон 078 334 764.