Wingwave® Коучинг

Wingwave – метод за брзо и ефикасно справување со стресот и емоциите

Основоположници на Wingwave методата се психолозите Cora Besser-Siegmund и Harry Siegmund. По повеќегодишно истражување и работење во Хамбург, Германија, оваа метода е патентирана и заштитена од страна на инситутот Besser-Sigmund – Institut GmbH  https://besser-siegmund.de

Wingwave e научно докажана и ефикасна техника за јакнење, развој и активирање на менталните и креативни способности кај психички здрави лица. Се бришат старите уверувања и се создаваат нови со кои се подобрува квалитетот на живеењето. Со оваа метода, емоциите се враќаат во баланс, па поради тоа техниката е позната како „тренинг на емоциите“.  Емоционалниот дисбаланс настанува поради блокирани емоции, стресови, програмирани навики итн.

Wingwave методата ги комбинира следните техники:

  • EMDR (Eye Movement Desensitization and Reprocessing) – билатерална стимулација на хемисферите на мозокот која се постигнува со брзо движење на раката, односно мавтање. Со EMDR, лицето се воведува во РЕМ фаза во будна состојба.
  • NLP (Neuro Linguistic Programming) – комуникациски модел на дејствување
  • O-Ring Test – кинезиолошки тест (миостатски тест) преку кој се утврдува причината за негативните емоции

 

Значењето на зборот Wingwave и неговата поврзаност со методата

Зборот Wing е метафора за крилјата на пеперутката, која според теоријата на хаосот на Edward Lorenza, мавтањето на крилјата на пепрутката можат да предизвикаат промена на времето на другиот крај на светот. Па така со wingwave, се стимулираат нервни импулси со брзо движење на очите преку билатералната стимулација на хемисферите на мозокот, при што доаѓа до позитивни промени.

Зборот Wavе е преземен од англискиот збор brainwave што значи одлична идеја, одлична мисла. По разградувањето на негативните емоции, се врши всадување на позитивни програми.

Сликовито кажано, со користење на миостатскиот тест и билатерална стимулација на хемисферите на мозокот, во најкраток временски период доаѓа до промена во емоциите односно до промена на доживувањето на емоциите и однесувањето.

 

Како се работи со Wingwave методата

На сите ни е позната изјавата преспиј и утре ќе се разбудиш како нов. Доколку стресот не бил толку голем, мозокот сам ќе ја разгради емоцијата и наредниот ден се чувствуваме подобро.

Меѓутоа што се случува кога се соочуваме со стрес кој трае долго време и мозокот не може да го преработи. Тогаш се чувствуваме уморно под константен притисок при што се нарушува и сонот, што може да доведе до одредени заболувања. Сонот е многу битен, особено РЕМ фазата бидејќи во оваа фаза се разградуваат ситуациите и емоциите кои сме ги доживеале.

Со оваа метода, клиентот сам ја дефинира темата на која сака да се работи. Битно е да се напомене дека клиентот не мора да го каже конкретниот проблем што го мачи, туку се фокусира на емоциите и доживувањата што ги има. Со помош на миостатскиот тест се дефинира емоцијата која го мачи, а потоа се стимулира РЕМ фаза во будна состојба. На овој начин, во будна состојба се  разградуваат и бришат блокираните емоции. Во текот на интервенцијата можно е да се дојде до изненадувачки откритија и промена во емоциите. По интервенцијата се јавуваат различни чувства како чувство на олеснување, радост, среќа итн. Понекогаш клиентот може да се чувствува уморно и опуштено, може да дојде до интензивни сонувања што се поврзани со темата на која е работено. Процесот се завршува со позитивни програми.

Примената на Wingwave дава одлични резултати во следните областиꓽ

  • Справување со стресот во работни услови
  • Припрема за јавни настапи, презентации и бизнис состаноци
  • Ментални припреми на спортисти
  • Отстранување на ментални блокади кои ја спречуваат креативноста
  • Намалување на стресот во случај на ментална исцрпеност и инсомнија
  • Отстранување на блокади како што се страв од летање, страв од стоматолог и сл.
  • Менување на навиките во исхраната итн