Kварцен кристал (РКК)
Од античко време, кварцните кристали се користеле како моќно средство за исцелување, како предмет за медитација и како лек. Мудрите исцелители од минатото ги знаеле својствата на кварцните кристали и ги користеле во нивните моќни талисмани и амајлии.
Како минералите можат да влијаат на човечкото тело?
Свеста е својствена на сите форми на материјата. Дури и карпите имаат свест, а кристалот е многу повеќе од карпа. Карпите се формираат за време на таложење и компресија на минералите, а кристалот расте клетка по клетка во совршено обликувана структура.
Докажано е дека кристалите имаат свои посебни вибрации и дека овие вибрации се повеќе во согласност со вибрациите на човечкото тело отколку вибрациите на кој било друг минерал или скапоцен камен.
Кварцните кристали се користат за засилување, зачувување и прочистување на мисловната енергија. Исто така, кварцот има можност да генерира електрични импулси. Со неговото притискање се создава електричен полнеж наречен „пиезоелектрицитет“.
„Пиезо“ значи електрична енергија создадена од притисок, а кварцниот кристал е најекономичен извор на таа енергија. Кристалите сами по себе не содржат електричен полнеж, но имаат меморија. Кога ќе ги земеме во рака и „прилагодиме“ во директен контакт со нашето тело, тие се однесуваат како да се полни. Така, тие можат да ја подобрат енергијата добиена од клетките на човечкото тело.
Кристалите можат да ја пренесат енергијата од природното информатичко поле до свеста на човекот, давајќи му зголемена способност за перцепирање. Со тоа, кварцот ги подобрува и пренесува духовните енергии и лековитите сили.
Благодарение на овие својства, кристалите го забрзуваат процесот на исцелување и го прават поинтензивен.
Кварцните кристали се одлични спроводници на енергија. Кога се изложени на притисок, тие можат да апсорбираат еден вид енергија и да произведат друг.
Енергијата што ја емитира транспарентниот кристал на кварц резонира со човечкото информативно поле и го усогласува. Таа поминува низ сите тела и продира во нив. Продира и во структурата на човечките клетки. Преносот на енергија има магнетски поларитет, ист како и природниот поларитет на човечкото поле на информации. Поради тоа, кварцниот кристал е моќно оружје за лекување и усогласување на природната вибрација на човекот.
Вибрации на кристалите и репрограмирање на кварцот
Секој објект, животно, растение, човекот, а и воздухот околу нас има своја вибрација. Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Секој кристал има сопствена вибрација. Кога ќе земете критал во рака, тој почнува да вибрира со вашата енергија што значи дека кристалот може да се репрограмира и да се користи за исцелување.
Програмирањето се одвива на тој начин што со помош на високо развиени ласери се добива квантна информациска матрица од биолошки активни супстанции (тн матричен програм) кој се меморира во кварцниот кристал и таа информација може долго време да остане меморирана во него.
Следното прашање што се поставува е како информацијата запишана во кварцот може да се пренесе во нашиот организам. Одговорот е многу едноставен преку водата. Научните истражувања покажаа дека било која информација која ја прима водата не може долго да биде меморирана во неа. Информацијата запишана во водата може најмногу да остане 3 дена, но со помош на кварцот таа останува долго. Па така програмираниот кристал преку водата за пиење може да го ослободи телото од токсини и да ја врати виталноста на организмот.
Структура на водата и меморија на водата
Лековитите својства на водата се познати уште од самото постоење на човекот. Иако се познати нејзините хемиски и физички особини, водата како материја сѐ уште останува енигма. Таа е основен градбен дел на секој жив организам и во неа се одвиваат сите животни функции. Со помош на одредени хемиски, механички и електромагнетни делувања водата не само што ја менува нејзината структура, туку има способност за помнење. Водата ги впива сите информации кои доаѓаат до неа било тоа да е збор, музика, светло, молитва итн. Новите истражувања покажаа дека водата не само што памти, туку дека има способност да ја пренесе и складира инфорамцијта и дека таа реагира на мислите и чувствата. Меморираната вода може да го промени смерот па така може да ги менува нејзините својства во позитивна или негативна насока. Од овие причини Инситутот за квантна генетика во Москва патентираше т.н. временски репрограмирана машина, односно полнење на водата со позитивни информации преку информациите меморирани во кварцниот кристал.
Која вода треба да се користи?
Познато е дека киселата средина е мерка за развој на хронични заболувања. Така на пример познато е дека кај дијабетичарите ПХ вредноста е помала од 6 и дека болестите почнуваат да се развиваат кога ПХ вредноста е помеѓу 6.5 и 6.8. Исто така, секои 10 години ПХ вредноста се намалува за 0.1 што значи дека над 50 години ПХ вредноста се намалува до 0.5, што моше да доведе до хронични заболувања.
Пиењето на алкална вода со ПХ вредност поголема од 7,4 е од огромно значење за здравјето. Исто така и билните чаеви треба да се припремаат со алкална вода.
РКК треба да се користи во алкална вода и со тоа водата станува активна материја која уште се нарекува жива вода која благотворно делува на целиот организам. Според истражувањата, живата вода се наоѓа во клетките кај бебињата и младите животни. Живата вода има способност да ги елиминира токсините во телото и да го успори процесот на стареење како и да го подобри психо-физичкото здравје.
Видови на РКК
Кварцниот кристал може да се репрограмира според потребите на клиентот. Активните компоненти во РКК делуваат 12 месеци.
- РКК за подмладување
- РКК за имунитет
- РКК за подобрување на метаболизмот
- РКК за жени
- РКК за мажи
- РКК за циркулација
- РКК за подобрување на дигестијата
- РКК за нервниот систем
- РКК за миленичиња
- Индивидуален РКК според потребите на клиентот
Како се користи РКК?
Она што ви е потребно е само вода со PH вредност од 7.4. Во шишето со РКК ставете ја водата и оставете ја преку ноќ. Наредниот ден водата е спремна за пиење. РКК можете да го користите и за припрема ва билни чаеви, но водата мора да биде алкална. По кратко време на употреба, вашиот организам ќе ги почувствува позитивните придобивки.
Како да нарачате РКК?
РКК можете да го нарачате на емаилот agape.mkd@gmail.com . Потребен е само краток опис на состојбата и ние ќе ви препорачаме каков РКК ви е потребен. Може да нарачате и различни видови на РКК.
Рокот на траење на РКК е 12 месеци. По истекот на рокот, може да нарачате нов.
Во случај да настане оштетување на шишето во кое се наоѓа РКК во текот на транспортот, Агапе БиоВел ви ги рефундира средствата.
Уплатата може да се изврши на трансакциска сметка на Агапе БиоВел.
Рокот на испорака е 30 до 45 дена по плаќањето на РКК.