Денес со сигурност можеме да потврдиме дека сѐ што постои вибрира со некаква фреквенција. Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација и резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања и стареење.
Науката докажува дека емоциите и мислите исто така вибрираат. Негативните мисли и емоции предизвикуваат пореметување на суптилните тела во однос на физичкото тело, а со тоа го менуваат нормалниот вибрационен образец на телото.
Преведено на јазикот на биохемијата, во зависноост од нашето расположение, телото лачи различни хормони и неуротрансмитери коишто делуваат не само на биохемиските процеси во организмот, туку влијаат и на невидливиот свет на мислите и емоциите.
Со други зборови, или сме во резонанца, во нашата природна вибрација и во здравје, или сме во дисбаланс и во болест.
СÈ ЗАПОЧНУВА СО МИСЛАТА! Ова верување дека манифестацијата започнува во енергетската димензија, а потоа се манифестира на физички, емоционален и ментален план е поддржано и од научни истражувања во областа на квантната физика. Со влијание и промена на енергијата или образецот што е во нас можеме да влијаеме и на физичкото тело, а и на секоја емоционална или ментална состојба. Овој механизам стои и позади психосоматските болести, но и зад енергетските методи.
Со примена на енергетски третмани на далечина можете да се ослободите од стрес, вознемиреност, да се здобиете со емоционална стабилност и јасни мисли, како и да го подобрите вашето психо-физичко здравје.